www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,468,843
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Авва Евагриј
9. Поуки за браќата кои живеат во манастири

 

Поуки за подвижништвото од монахот Евагриј
9. Поуки за браќата кои живеат во манастири

1. Наследници Божји, послушајте ги зборовите на Бога! Сонаследници Христови, внимавајте на Христовите заповеди.

2. Верата е почетокот на љубовта, а крајот на љубовта е знаењето за Бога.

3. Стравот Божји ја запазува душата, а духовната трезвеност ја утврдува.

4. Трпеливоста на човекот раѓа надеж, а добрата надеж го прославува.

5. Кој го држи своето тело во строга покорност, тој постигнува безстрасност, а кој го пренаситува – ќе страда поради него.

6. Духот на блудот е во невоздржливите тела, а духот на чистата срамежливост во душите на воздржливите.

7. Осаменоста со љубов ја очистува душата, а оддалечувањето од другите со гнев во душата, ја вознемирува.

8. Подобро е среде илјадници луѓе со љубов, отколку и сами да се криеме во пештери, а со омраза.

9. Кој го запазува злопаметењето во својата душа, сличен е на оној што крие оган во исушени плевели.

10. Не давај му многу храна на твоето тело и нема да гледаш лоши мечтаења во твоите соништа; зашто како што водата го изгаснува огнот, така и гладот ги смирува мечтаењата.

11. Гневниот човек е плашлив, а кроткиот се плаши само од Бога.

12. Силниот ветар ги разгонува облаците, а памтењето на злото што ни го направиле – добрите чувства во душата.

13. Кој се моли за своите непријатели, тој нема да си спомнува за злото што му го направиле; а оној што го пази јазикот свој – тој не го навредува ближниот свој.

14. Ако те навреди братот твој, воведи го во твојот дом, а не биди мрзлив да појдеш кај него и да јадеш леб со него; правејќи го ова, ќе ја избавиш од неспокој душата твоја и не ќе имаш пречки за време на твојата молитва.

15. Кој богатее со богатства на земни знаења нема да ги добие небесните; и камилата нема да помине низ иглени уши; но за Бога ништо не е неможно.

16. Кој ги сака парите – духовно знаење нема да види, а кој ги собира тој се помрачува со незнаење.

17. Во смирените скинии Господ почива, а во домовите на горделивите – проклетството се умножува.

18. Бога Го навредува оној што не го исполнува Неговиот закон, а кој го пази, Го прославува својот Создател.

19. Душите на праведниците ги одведуваат од овој свет ангелите, а душите на грешниците – демоните ги земаат.

20. Каде влегува гревот – таму е и незнаењето, срцата на праведните се исполнуваат со знаење.

21. Подобро сиромаштија со знаење, отколку богатство со незнаење.

22. Круната на главата е нејзиниот највозвишен украс, а возвишениот украс на срцето е – знаењето на Бога.

23. Кој е милостив према сиромасите, тој гневот го искорнува, а тој што ги храни, со добрини се исполнува.

24. Во срцето на кроткиот, мудроста почива, а душата добродетелна е работилница на бестрасност.

25. Кој често се моли, тој ги одбегнува искушенијата, а срцето на мрзливиот ќе го беспокојат лоши помисли.

26. Не насладувај се со вино, и телото нема да те измамува.

27. Не храни го изобилно телото свое, и нечистите помисли ќе исчезнат од тебе.

28. Не говори: “Денес е празник, денес е Велигден; да се напиеме вино, или: утре е Духови, да јадеме месо”. За монасите празниците не се затоа да го преполнуваат стомакот.

29. Велигден, Пасхата Христова, е преминување од гревови кон покајание и добродетели, а Духови – Педесетницата е – воскресение на душата.

30. Празникот Господов е заборавање на злото; а кој си спомнува за злото што му го направиле – него плач ќе го нападне.

31. Празникот Божји е вистинско знаење; а кој слуша лаги и заблуди – со глупава смрт ќе умре.

32. Подобар е постот со чиста душа, отколку пренаситување во душа нечиста.

33. Кој ги уништува лошите помисли во своето срце, тој е сличен на оној што ги избива младенците на камен.

34. Монахот што го сака спиењето паѓа во секакво зло, а оној што го сака бдеењето, како птица полетува.

35. Кога бдееш не предавај се на празни приказни и не отфрлај ги духовните зборови; Бог вникнува и гледа во срцето твое и нема да го остави без казна гревот твој .

36. Долгото спиење води кон искушенија, а бдеењето ги разгонува.

39. Но, подобро е да спиеш, отколку да го минуваш времето во празни разговори.

40. Сонот ангелски ја весели душата, а оној што е од демоните – тој ја вознемирува.

41. Покајанието и смирението ја подигаат душата, а милостињата и кротоста ја закрепнуваат.

42. Секогаш спомнувај си за твојот Отец Небесен и никогаш не заборавај за последниот суд, и душата твоја нема да падне во грев.

43. Ако те нападне духот на унинието, не излегувај од твојата ќелија; не оддалечувај се од неа и не напуштај ја за време на твојата жалост. Како што со триење се очистува среброто, така и срцето твое ќе засветлее – ако бидеш непоколеблив и издржиш до крај.

44. Духот на унинието ги одзема солзите, а духот на жалоста ја задушува молитвата.

45. Како што скорпијата не ја држиш во своите пазуви, така – не држи ја ни лошата помисла во твоето срце.

46. Како што огнот служи за проверка на златото и среброто, така и искушенијата се проверка за срцето на монахот.

47. Кој не ја добива бараната слава – се ожалостува, а кој ќе ја добие, се гордее.

48. Не пуштај ја гордоста во твоето срце и не вели пред Бога: “Јас и самиот можам да ги правам добрите работи”. За Господ да не ја остави твојата душа и лошите духови да ја смируваат. Тогаш ќе те вознемируваат воздушните демонски сили и ноќни ужаси ќе те зафатат.

49. Сад избран е чистата душа, а нечистата – со горчевини е исполнета.

50. Без млеко не расте детето, а без бестрастието не победува душата.

51. Љубовта му претходи на бестрастието, а и на знаењето – љубовта му претходи.

52. Стравот Божји ја раѓа премудроста, а верата Христова го дава Божјиот страв.

53. Огнена стрела ја запалува душата, а човекот добродетелен ја изгаснува.

54. Монаху, слушај ги зборовите на твојот духовен отец, за неговите поуки да не бидат попусти. Само вака ќе ги одбегнеш лошите помисли и лошите духови не ќе можат да те победат.

55. Лошиот манастирски економ ги вознемирува душите на браќата, а кој го расфрла манастирскиот имот – тој го извршува гревот светотатство – го краде Божјиот имот.

56. Кој лошо говори за својот брат – ќе биде уништен, а кој го презира оној што е во нужда – нема да види светлина.

57. Не вели; “Денес ќе останам, но утре ќе си отидам од манастирот”. Затоа што ова не си го смислил добро.

58. Монахот – скитник измислува лажни зборови, а кога ќе се врати во својот манастир го лаже својот старец.

59. Кој се облекува убаво и го полни својот стомак, тој со срамни помисли се храни и нема да влезе во собранието на светиите.

60. Кога ќе појдеш в село, не застанувај со жени и не почнувај разговор со нив, зашто како што рибата се фаќа на јадица, така ќе биде уловена и твојата душа.

61. Великодушниот монах стигнува до бестрасност; кој ги огорчува браќата – бива намразуван.

62. Господ го сака кроткиот монах, а оној што секогаш е готов за карање не е сакан од браќата.

63. Ако братот твој е натажен, утеши го и земи учество во неговата тага. Правејќи го тоа, ќе го израдуваш срцето негово и ќе си собереш големо сокровиште на небото.

64. Не ги слушај лошите зборови за својот духовен отец и не наострувај ја против него душата на оној што го почитува, за Господ да не се прогневи против твоите дела и да не те избрише од книгата на живите.

65. Мрзливиот монах ќе претрпи голема штета; а ако биде упорен во своето зло, и монашката своја облека ќе ја фрли.

66. Неискрениот монах ги возмутува своите браќа, а искрениот и вистинскиот внесува мир.

67. Кој се надева само на своите сили – паѓа, а оној што се смирува ќе биде воздигнат.

68. Не предавај се на прејадување и не давај да те победи желбата за долго спиење. Ако ги победиш овие две грешни желби – набргу ќе бидеш чист и Духот на Господа ќе слезе на тебе.

69. Пеењето на псалмите гневот го скротува; великодушноста, пак, стравот го одгонува.

70. Кој на гозби седнува – светлината негова се помрачува; душата негова темнина ќе ја покрие.

71. Со мерка и леб јади и вода пиј; тогаш блудот ќе избега од тебе.

72. Не соблазнувај го братот твој и на паѓањето негово не радувај се; Господ го гледа твоето срце и за тоа ќе те предаде на смртта.

73. Оној што ги соблазнува мирјаните – нема без казна да остане, а оној што ги ожалостува – името свое го посрамува.

74. Кој го сака мирот Божји – ќе вкуси од неговите медни сокови, а кој го умножува – со мед духовен се исполнува.

75. Почитувај Го Бога и ќе ги познаеш бестелесните сили; служи Му – разумот на вековите ќе ти го покаже.

76. Телото Христово се дејателните добродетели; кој од нив вкусува – бестрастен ќе стане.

77. Крвта Христова е разликување на делата; кој ја пие од неа просветен ќе биде.

78. Градите на Господа се знаењето на Бога; кој ќе се потпре на нив тој богослов ќе биде.

79. Исполнителот на знаењето и извршителот на добрите дела се сретнале еден со друг, а помеѓу е Господ.

80. Не оставај ја верата на твоето крштавање и не загубувај го печатот духовен – за Господ да живее во душата твоја и да те закрилува во деновите на злото.

81. Зборовите на еретиците се весници на смртта; кој ги прифаќа – душата своја ја погубува.

82. А сега, послушај ме, синко мој, не влегувај во дом на неверни и кривоверни луѓе; не оди низ нивните мрежи и стапици, за да не бидеш уловен.

83. Оддалечувај ја твојата душа од лажно знаење; често сум зборувал со нив (со заблудените) и нивните темни зборови сум ги проучувал; во нив сум го нашол змијскиот отров. Секој што ги прима – ќе загине, а кој ги сака – со зло се исполнува.

84. Ги видов јас и лажните учители на нивното погрешно верување, но светлината на вистината не ја видов во нив.

85. Патиштата на Божјата промисла со мрак се покриени; разумот наш не може да проникне во длабините на нивната смисла и на Божјата премудрост; само добродетелниот нив може да ги познае.

 

Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада