www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,660,753
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Авва Евагриј
13. За духот на жалоста

Поуки за подвижништвото од монахот Евагриј
13. За духот на жалоста

11. Сите демони ја учат душата да ги сака сластите и уживањата; само демонот на жалоста не го прави тоа: тој им ги растројува помислите на оние што живеат во пустината лишувајќи го од секое душевно задоволство и искушувајќи ги со духот на жалоста, како што е речено во Светото писмо: ”Веселото срце е како лек благотворно, а паднатиот дух коски суши“ (Изрек.17,22). Но, ако овој дух напаѓа умерено, тој го прави отшелникот искусен, зашто го предрасположува да ги презира благата на овој свет и да се отстранува од секое задоволство. Но, кога долго и силно измачува, тогаш ги разорува помислите кои му советуваат на отшелникот да си ја одземе душата или да ја тера да бега далеку од местото каде што живее, како што некогаш помислил Јов, кој пострадал тешко, измачуван и искушуван од овој дух (за страдањата на праведниот Јов, прочитај во Библијата – Книга за Јов). Змијата е симбол на овој лош дух, чиј отров, ако се дава во мала количина ги уништува другите отрови, a оној што го прима во големо количество, го убива со него своето живо суштество. На овој дух му го предал свети апостол Павле коринтскиот беззаконик. Затоа набргу потоа пак им пишувал, велејќи; ”Ве молам кон него да покажете љубов… да го утешите, за да не пропадне од преголема жалост“ (2.Kop.2, 8-7). Ha тој начин, овој дух што ги измачува луѓето, станува причина и за спасоносното покајание. Затоа и свети Јован Крстител, оние што биле прекорени од него и кои прибегнувале кон Бога, ги нарекол ”породи змиини“, велејќи им: ”Кој ви кажа да бегате од гневот што иде? Направете плод достоен за покајание. И немојте да говорите во себе: ‘Наш татко е Авраам, зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да му издигне чеда на Авраама“ (Матеј 3, 7-9). Впрочем, секој кој, угледувајќи се на Авраама, излегол од својата земја и од својот род (1. Мој. 12, 1), станал преку тоа посилен од овој дух.

12. Koj го победил гневот, тој ги победил бесовите, а кој бил заробен од него, тој е туѓ на монашкиот живот и е далеку од патиштата на нашиот Спасител зашто, како што е речено, Господ ги учи кротките на Своите патишта (Псал. 24, 9). Затоа и духот на отшелниците не може да биде уловен, ако прибегнува во долината на кротките. Зашто ни од една добродетел демоните не се плашат толку многу, колку што се плашат од кротоста. Неа ја придобил и великиот Мојсеј, кој бил наречен исклучително кроток од сите луѓе (1.Мој.12,3) И светиот пророк Давид кон кротоста се однесува, како кон достоен за Божјото спомнување, кога рекол: “Сети се, Господи, на Давида и на сета негова смиреност” (Псал. 131, 1). Но, Самиот Спасител ни наредил да се угледаме на Неговата кротост, велејќи: “Поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокојство за душите ваши”(Матеј 11, 29). Hо, ако некој се воздржува од јадења и пиење, а гневот го раздразнува со лоши помисли во себе, тој е сличен на кораб кој плови по морето, а чиј кормилар е демон. Затоа, колку што нѐ држи сила, треба да гледаме да го надгледуваме овој наш пес и да го учиме, тој да ги гони и да ги измачува само волците и да не ги каса овците, „покажувајќи секаква кротост кон сите луѓе“ (Тит. 3, 2).

 

Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада