www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,468,861
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – TOM I

Авва Евагриј
11. За различните порочни помисли

Поуки за подвижништвото од монахот Евагриј
11. За различните порочни помисли

1. Од бесовите кои му се спротивставуваат на дејателниот живот, во борбата стојат први оние, кои ѝ се предадени на плотта, или на желбата за угодување на стомакот и оние, кои нѐ тераат да бидеме среброљубиви, како и оние што нѐ тераат да бараме слава пред луѓето. Сите други демони се зад нив, ја прифаќаат борбата со оние, на кои тие веќе им нанеле рани. Зашто, не може да падне во рацете на блудот и прељубодејството оној кој не паднал во гревот чревоугодување; не може да не се гневи оној што копнее по пари и по слава и се труди да ги придобие; не може да избега од демонот на жалоста оној, кој претрпел пораз од спомнатите демони; нема да избега од гордоста, оваа прва ѓаволска рожба, оној, кој не се ослободил од ”коренот на сите зла е среброљубието“ (1.Тим.6,10), бидејќи и според зборовите на премудриот Соломон ”Мрзливата рака донесува сиромаштија, а раката на работливиот збогатува“ (Изрек. Сол 10, 4). Накусо речено, не може човек да биде потчинет од некој демон, ако претходно не претрпи рана најнапред од оние демони кои стојат на челно место. Затоа овие три помисли Му ги приведувал и сатаната на Спасителот. Првата: кога барал од Него камењата да ги претвори во лебови, потоа, втората: кога Му го ветувал целиот свет, ако падне пред него и му се поклони; и третата: кога Го уверувал, дека ако го послуша, ќе се прослави со тоа што, иако скокне од толкава голема височина, од покривот (на ерусалимскиот храм) нема да се повреди. Но, Господ, покажувајќи дека е над сето тоа, му заповедал на сатаната да се оддалечи од Него, учејќи нѐ сите нас дека не можеме да ги одгониме демонските сили, ако не ги презреме и не ги победиме овие три помисли.

2. Сите демонски помисли ги внесуваат претставите на земните работи и умот наш откако ќе ги прими нивните отпечатоци, ги враќа во себе. Според тоа, по предметот на нашата помисла, можеме да разбереме кој и каков демон ни се приближил. На пример, ако во мојата мисла се појави личност, која ми направила лошо или ми причинила некое зло, или ме навредила и понижила, веќе со тоа се открива дека ми се приближил бесот на злопаметењето. Или ако почнам да си спомнувам и да мислам за пари и за слава, не е можно да не разбереме кој преку ова не вознемирува. Исто така, и преку други помисли, по нивниот предмет, можеш лесно да дознаеш кој стои до тебе и што вложува во тебе. Впрочем, јас не сакам да кажам, дека сите наши помисли за спомнатите работи доаѓаат од демоните, зашто и самиот наш ум, кога човек го става во движење, обично прави извесни вообразби за она што било и поминало; овде станува збор само за оние помисли кои нѐ возбудуваат и поттикнуваат во нас желби кои се неприродни. Поради раздразнувањата на овие сили, нашиот ум почнува да дејствува и да се бори и тогаш не е во состојба да ги задржува во себе помислите за Бога, нашиот Законодавец, бидејќи оваа болскавост, односно ова невознемирувано богомисление, се појавува во умот што треба да раководи и владее – под услов да бидат отстранети помислите испраќани од демоните, кои нѐ враќаат и поврзуваат со земните предмети за време на нашата молитва.

 

Преведе,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада