www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,660,723
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – ТОМ I

Авва Евагриј

 

Поуки за подвижништвото од монахот Евагриј
15. Изреки

1. Авва Евагриј рекол: ”Одбегнувај да разговараш со мирјанин, за умот твој да не се вознемири и правилото на твоето безмолвие да не биде нарушено“.

2. Тој велел: ”Многу значи да се молиме без расеаност, а уште поважно е без расеаност да ги пееме псалмите“.

3. Тој рекол: ”Мисли на денот на твојата смрт; не заборавај го вечниот суд и ќе ја запазиш твојата душа од секој грев“.

4. Тој често говорел: ”Ако нема искушенија, никој нема да се спаси“.

5. Тој рекол: ”Почетокот на спасението е самопрекорувањето“.

6. Авва Евагриј рекол: ”Ако паднеш во малодушност, моли се, но моли се со страв и трепет, моли се усрдно, бодро и трезвено“.

7. Во почетокот на својот монашки живот авва Евагриј дошол кај некој духовен старец и му рекол: ”Оче, поучи ме со твоите спасителни зборови за мојата душа“. Старецот му кажал: ”Ако сакаш да се спасиш, кај кого и да појдеш, не говори му ништо пред тој да те праша“.

8. Некогаш, по повод на некаква работа, имало собрание кај ќелиите на повеќемина отшелници и авва Евагриј говорел таму. Свештеникот му рекол: ”Авва, ние знаеме дека, ако ти беше во твојата земја, веќе одамна ќе беше епископ и дека началствуваше над многумина, а сега седиш овде како туѓинец“. Авва Евагриј, иако бил зачуден од тоа што му го рекол свештеникот, не се вознемирил, туку само ја занишал својата глава и рекол; ”Да, така е оче, но еднаш говорев, сега нема да одговарам; говорев дури двапати, но повеќе не“ (Jов 39, 35).

9. Евагриј во својот спис Гностик вели: ”Ние научивме од праведниот отец Григориј дека има четири главни добродетели; разумноста (храброста, целомудрието и справедливоста. Тој вели дека делото на разумноста се состои во тоа да ги соѕерцаваме умните свети сили; делото на храброста се состои во тоа да стоиме во вистината макар се сретнале со неедномисленици, да бидеме истрајни и да ја браниме храбро вистината; да го примиме семето од првиот земјоделец и да се браниме од непријателот – сејач. Ова му е својствено на целомудрието”). Делото, пак, на справедливоста се состои во тоа на секого да му дадеме според неговото достоинство“.

10. Авва Евагриј еднаш рекол: ”Столбот на вистината“, свети Василиј Кападокиски (Велики) говори: ”Знаењето, кое произлегува од луѓето, се усовршува со постојано вежбање и повторување, а она што произлегува од благодатта е правда, кроткост и милосрдност. Првото можат да го придобиваат и страсните луѓе, а второто можат да го примаат само бестрасните, кои за време на молитвата гледаат светлина, која го осветлува нивниот ум“.

11.Тој рекол: ”Ангелот на Тмуитската црква – свети Серапион рекол: ”Човечкиот ум се очистува со тоа што се напојува со духовно знаење; љубовта го лекува гневот, а воздржливоста ги зауздува похотата и желбата“.

12. Авва Евагриј го кажал и ова: ”Дидим велел дека треба постојано да зборуваме самите со себе за Божјата промисла и за Страшниот суд; да се трудиме вистината за нив непрестајно да ја имаме во нашиот ум. Божјата промисла особено се гледа како Бог нѐ изведува од гревот и незнаењето и во тоа како нѐ води кон добродетелите и знаењето“.

 

Уреди,
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада