www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,604,869
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – ТОМ I

ДОБРОТОЉУБИЕ СВЕТИ МАКАРИЈЕ ВЕЛИКИ
ПОУКИ НА СВЕТИОТ МАКАРИЈА
За христијанскиот живот, одбрани негови беседи

8. ИДНИОТ ЖИВОТ

283. Откако душата ќе го напушти телото, се случува голема тајна. Зашто, ако таа е виновна за гревовите, се приближуваат толпа демони, зли ангели и мрачни сили, кои ја земаат и ја водат во нивната област. И никој не треба да се чуди на тоа. Зашто, ако душата им се потчинувала и била послушна како роб во овој живот и во овој век, толку побрзо ќе биде задржана во нивна власт напуштајќи го овој светот. Што се однесува до благиот дел, замислете го следното: покрај светите Божји слуги, сè уште живеат ангели, и светите духови ги опкружуваат и чуваат. Кога ќе го напуштат телото, нивните души ги прифаќаат ангелските чинови и ги [одведуваат] во своето царство, во чист век, доведувајќи ги кај Господа.

284. Вистинската смрт е внатрешна, во срцето, и таа не се гледа. Со тоа умира внатрешниот човек. Према тоа, тој кој преминал од скриена смрт во скриен живот, вистински ќе живее во векови и нема да умре. Дури и телата на таквите луѓе привремено се распаѓат, тие ќе воскреснат во слава затоа што се осветени. Затоа смртта на христијаните ја нарекуваме сон.

285. Трговец кој во странство многу пати го зголемил својот имот го известува своето семејството да им купи куќа, градини и разни алишта. Кога доаѓа дома, тој донесува големо богатство и семејството и роднините го пречекуваат со голема радост. Слично се случува и на духовното [поле]. [Небесните] граѓани, т.е. духовите на светите ангели ги препознаваат оние кои за себе стекнуваат небесно богатство и восхитувајќи се на нив велат: „Нашите браќа кои се на земјата стекнаа големо богатство“. Имајќи го Господа со себе, таквите со голема радост влегуваат кај горните. Тие кои се со Господа ги примаат, подготвувајќи ги нивните живеалишта, градини и светла и скапоцена облека.

286. Каде ќе се најде човек кој ќе се претстави од светот додека се уште е во борба и додека во него сè уште дејствуваат гревот и благодатта? Ќе се најде таму каде што му била целтта на умот и каде му било омиленото место. Кога ќе ти се случи тепачка, само треба да се спротивставиш и да мразиш. Зашто, не зависи од тебе дали ќе има тепачка, туку зависи од тоа дали ќе мразиш. Гледајќи го твојот ум кој се подвизува и да го сакаш со сета своја душа, Господ во еден момент ќе ја отстрани смртта од твојата душа и ќе те прими во Своите прегратки и светлина. Тој во еден миг ќе те извади од вилиците на темнината и брзо ќе те смести во Своето Царство. За Бога е лесно да направи сè во еден миг, само ако ти имаш љубов кон Него. Бог очекува активност од човекот, бидејќи душата е удостоена да има заедница со Божанството.

287. Жена која зачнала во себе, во темнина е, така да се каже, со нечистотија, носи бебе. И ако, во свое време, накрајот се роди, младенецот ќе види што никогаш не видел – небо, земја и сонце. И веднаш пријателите и роднините со весело лице ќе го земат детето во раце. Воколку, пак, детето умре во утробата поради некоја неправилност, соодветните лекари ќе прибегнат со остри алатки и тоа од смрт ќе премине во смрт – од темнина во темнина. Истото примени го и на духовното. Примајќи го во себе божанското семе, грешниците го чуваат во темно и страшно место поради гревот што живее во нив. Воколку се оградат и го сочуваат семето, во свое време тоа ќе покаже отворено, така што, накрајот, откако ќе бидат ослободени од телото, ангелите и сите горни сили ќе го примат со среќни лица. Воколку, пак, оној кој го подигнал Христовото оружје за храбро да се бори – ќе ослабне, непријателот брзо ќе го совлада. По ослободувањето од телото, пак, тој од темнината, која дотогаш го опкружувала, ќе помине во друга, уште пострашна темнина и погибел.

288. Како што даночниците седат на тесни премини ги застануваат и ги испрашуваат минувачите, така и демоните ги набљудуваат и држат душите. Ако не се целосно исчистени, душите кога го напуштаат телото немаат влез во небесните семејства, ниту можат да се претстават пред својот Владика, туку воздушните демони ги носат надолу. Меѓутоа, оние кои се уште се наоѓаат во тело можат преку напорна усилба да добијат благодат од Господа. Заедно со оние кои стекнале спокој поради нивниот доблесен живот, ќе отидат кај Господа, како што и Самиот ветил: „и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга“ (Јован 12:26). Тие ќе царуваат засекогаш со Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови!

289. Секој треба да се труди и да се грижи напредувајќи во сите добродетели да го стекне тој дом и да верува дека тој дом тука се стекнува. Зашто, ако нашиот телесен дом биде уништен, нашата душа нема да има каде да живее, „само, да се најдеме облечени а не голи“(2.Кор.5:3), т.е. воколку не бидеме лишени од заедничарење и соединување со Светиот Дух, во Кого само верната душа може да почива. Затоа, оние кои се вистински христијани, цврсто се надеваат и се радуваат дека, излегувајќи од ова тело, го имаат тој неракотворен дом. Тој дом е силата на Духот кој живее во нив. Тие не се плашат воколку е уништи телесниот дом, бидејќи имаат небесен, духовен дом, како и нераспадлива слава која во денот на воскресението ќе се изгради и ќе се прослави домот на телото, како што вели апостолот: „Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе не воскресне преку Исус, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело“ (2. Кор. 4:14; 11) „та животот да го проголта смртното“ (2. Кор. 5:4).

290. Затоа, да се обидеме со вера и доблесен живот тука, да ја стекнеме таа облека, за да немаме голо тело и во тој ден кога ќе ни се одземе она што нашето тело го прославува. Сечие тело ќе биде прославено тој ден според мерката на нивното заедничарење со Светиот Дух преку вера и љубов. Тогаш ќе се открие внатрешната ризница која душата го собирала надвор од телото. И дрвата после зимата, кога ќе се загреат од невидливата сила на сонцето и ветрот, произведуваат еден вид облека и од себе произведуваат лисја, цвеќиња и плодови. Во исто време, полските цвеќиња никнуваат од внатрешноста на земјата. Со нив се покрива земјата и тревата, слично на криновите за кои Господ рекол: „.. ни Соломон во целата своја слава не се облече така како еден од нив“ (Мт. 6:29). Сето тоа служи како модел, образ и подобие на христијанин во денот на воскресението.

291. Сите богољубиви души т.е. сите вистински христијани го имаат првиот месец Ксантикос, кој се нарекува и април, кој е ден на воскресението. Во него, со силата на Сонцето на правдата, одвнатре ќе свети славата на Светиот Дух, кој ги покрива и облекува телата на светиите, онаа иста што тие ја криеле во внатрешноста. Бидејќи, тогаш, ќе се обелодени она што душата го има во себе во телото. „Овој месец да ви биде почеток на месеците во годината“ (Излез 12:2). Тој носи радост на се што е створено. Отворајќи ја земјата, тој ги облекува разголените дрва во својата облека; тој им носи радост на сите животни; тој шири радост меѓу нив; тоа е за христијаните првиот месец Ксантикос, т.е. времето на воскресението, во кое нивните тела ќе бидат прославени со неискаживата светлина која сега сè уште во нив е скриена – имено, со силата на Духот, која тогаш ќе биде нивна облека, храна, питие, радост, веселба, мир, покров. и вечен живот. Бидејќи, тогаш, Духот на Божанството, на кого тие уште овде му се удостоиле, ќе им постане убавина на светлината и небеска красота.

292. Затоа, секој од нас треба да се подвизува и да се труди, марливо да ги практикува сите доблести, верувајќи и молејќи се на Господа неговиот внатрешен човек уште тука во овоземниот живот да постане учесник во таа слава и душата да стекне општење во таа светост на Духот, како би, исчистувајќи се од осквернатите пороци, при воскресението би имала со што да го облече своето голо тело и да го покрие неговиот срам, да има со што да го оживее и во вековите на спокојот во небесното Царство. Зашто, според Светото Писмо, Христос треба да дојде од небото и да ги воскресне сите племиња Адамови, сите умрени од вековите, да ги подели на два дела, и на оние кои го имаат Неговиот знак, т.е. печатот на Духот, да го постави од Својата десна страна, нарекувајќи ги Свои. Тој вели: „Моите овци го слушаат Мојот глас“ (Јован 10:27); „Јас ги знам Моите, и Моите ме знаат Мене“ (Јован 10:14). Тогаш нивните тела поради нивните добри дела ќе бидат облечени во божествена слава. Ќе бидат исполнети со духовна слава кои уште овде ја имале во своите души. На тој начин, прославени со божествената светлина „ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа“ (1. Сол. 4:17), царувајќи со Него во бесконечните векови во вековите. Поради тоа, најпрво да се погрижиме на себе да го имаме знакот и печатот Господов, бидејќи за времето на Судот, кога Бог ја врши поделбата, кога ќе бидат собрани сите колена на земјата, целиот Адам, на повикот на Пастирот – сите на себе кои ќе го имаат знакот ќе го препознаат својот Пастир, како и Пастирот Своето стадо. Тогаш Тој ќе ги собере сите народи. Неговите ќе го чујат Неговиот глас и ќе појдат по Него. Светот ќе се подели на два дела. Еден дел ќе биде темното стадо, кое оди во вечниот оган; а другото – стадо исполнето со светлина, ќе се издигне кон небесното наследство. Тоа што го стекнавме тука во своите души, ќе блесне и ќе се покаже тогаш и телата ќе се облечат во слава.

293. Дали сите екстремитети ќе воскреснат при воскресението? Ништо не е невозможно за Бога. Такво е Неговото ветување. На човечката немоќ и човечкиот разум тоа изгледа невозможно. Исто како што Бог, земајќи прав и земја, создаде нова природа, т.е. телесна природа – која е многуразлична: коса, кожа, коски, вени и која не е слична на земјата, и како што игла ќе се фрли во оган и ја менува бојата и самата постанува оган, иако природата на железото не се уништува, така при воскресението ќе воскреснат сите екстремитети според напишаното: „Ниту влакно од главата ваша нема да загине“ (Лука 21:18). Сè ќе постане блескаво, сè ќе биде потопено и преобразено во светлина и оган, нема да се распадне, ниту ќе постане оган, како што некои тврдат, доттогаш од поранешната природа ништо не би останало. Бидејќи, Петар ќе остане Петар, и Павле – Павле, а Филип – Филип. Секој останува во својата природа и суштина и кога ќе се исполнат со Дух. Кога би тврдиле дека природата се разложува, немаше да постои Петар, ниту Павле, туку Бог е во сè и секаде, така да оние кои одат во пеколот не би чувствувале казна, ниту оние кои одат во Царството – не би чувствувале милосрдие.

294. Замисли си градина во која има секакви овошни дрва – круша, јаболко, винова лоза со плодови и лисја. Меѓутоа, градината и сите дрва и лисја се менуваат и добиваат нова природа, и сè постанува светло. Така луѓето ќе се променат при воскресението, а нивните екстремитети ќе постанат свети и светлозрачни.

295. Телото Господово на гората се прослави и се преобрази во божествена слава и бесконечна светлина. Така ќе се прославуваат и телата на светиите и постануваат светли. Како што внатрешната слава се разлила и светна на телото Христово, така и во тој ден внатрешната сила Христова, која се наоѓа во светиите, ќе се излие, на нивните тела. Зашто, тие уште овде со својот ум се причестуваат со Христовото битие и природа. Запишано е: „Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат сите се од Еден“ (Евр. 2:11) и: И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние едно“ (Јован 17:22).

296. Сè додека престојуваат во телото, ниту и совршените не се ослободени од грижите поради слободата и сè уште имаат страв, поради што и искушенијата ги чувствуваат на себе. Само тогаш кога ќе влезат во градот на светиите, душата се ослободува од таги и искушенија затоа што повеќе нема грижи, неволји, труд, старост, сатана и борби. [Таму постои] само – спокој, радост, мир и спасение. Таму меѓу нив е Господ кој се нарекува Спасител затоа што спасува од заробеништво, кој се нарекува Исцелител затоа што го дава Царството небесно, божанствениот лек, и кој ги лекува духовните страсти, кои донекаде владеат со човекот. Со еден збор, Исус е Цар и Бог, а сатаната е мачител и злобен принц.

297. Некои [луѓе] го продаваат имотот, ослободуваат робови, ги исполнуваат заповедите, но не се грижат во овоземниот живот да го примат Духот? Зар тие поради таквиот живот нема да влезат во Царството небесно? Тенка е таа работа за расудување. Затоа што, некои веруваат дека Царството и рајот се едно. Ние, пак, велиме дека има многу степени, разлики и мерки во едно исто Царство и во еден ист рај. Како што душата се наоѓа во сите екстремитети, која дејствува горе, во мозокот, а долу ги движи нозете, така Божанството опфаќа сè – и небесните и оние кои се пониски од бездната, и секаде целосно живее во материјата, иако според својата неизмерност и неразбирливост и над материјата. Само Божанството бдее над луѓето и премудро се грижи за сè. Како праведен Судија, Бог ги наградува сите според верата, [бидејќи] има и такви кои не знаат што бараат, и оние кои постат и оние кои остануваат во службата. Тоа што го прават, го прават од страв Божји, и не сите се – синови, цареви и наследници.

298. Во светот, едни се убијци, други се прељубодејци, трети се киднапери, а некои го делат својот имот за ништо. Господ гледа и на едни и на други, и им дава мир и награда на оние кои прават добро. Постои изобилна мерка, има и скромна мерка и има разлика во самата светлина и слава. Во самиот пекол и во казните има трујачи и разбојници, и други кои згрешиле малку. Меѓутоа, неправилно тврдат оние кои велат дека има едно Царство и еден пекол и дека нема степени. Колку световни луѓе сега се посветени на театар и други глупости? И уште колкумина се молат и се плашат од Бога? Бог ги гледа и едните и другите и како праведен Судија на едните подготвува мир, а другите казна.

 

Преведе,
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада