www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,707,706
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – ТОМ I

ДОБРОТОЉУБИЕ СВЕТИ МАКАРИЈЕ ВЕЛИКИ
ПОУКИ НА СВЕТИОТ МАКАРИЈА
За христијанскиот живот, одбрани негови беседи

4. СОЗДАВАЊЕ ЦВРСТА РЕШИТЕЛНОСТ ЗА СПАСЕНИЕ ВО ГОСПОДА

 

Движењето на душата кон спасението се остварува преку воспитување на желбата за спасение и цврста решеност да се случи во Господа. Бог го постигна нашето спасение, се подготви за него и сака сите да бидат спасени. Единствено очекува самиот човек да пријде и да отпочне да се труди за спасението.

а) Нашата желба е единствен и неопходен услов.

67. Човекот по природа има услови кои Бог ги очекува од него. Поради тоа Господ му заповеда на човекот најпрвин да свати, откако ќе свати, да посака и, конечно, да ја покрене желбата. Да, тогаш, умот доаѓа во акција, или да се вложи труд, или да се исполни дејството – на благодатта Господова, која им се нуди на оние кои сакаат и кои поверувале. Затоа човековата желба е суштински услов. Без волјата на [човекот], Бог не прави ништо, иако би можел, како слободен. Поради тоа, исполнувањето на делото од Бога зависи од човековата волја. Кога [ја нудиме нашата слободна волја] Тој – прекрасен и во се несватлив – ни ја припишува целата работа нам.

68. Не можеше да се излечи, иако остана со раната, жената со крвавотечение сепак имаше нозе со кои се приближи до Господа и доби исцелување. Исто така, иако не можеше да му се приближи и да пријде до Господа поради своето слепило, слепиот го испушти својот глас кој пристигна пред гласникот: „Исусе, сине Давидов, смилувај ми се!“ (Марко 10:47). Поверувајќи, тој доби исцелување кога Господ се приближи му даде вид. Исто така е и со душата. Иако е ранета од срамни страсти и заслепена од грешната темнина, таа сепак има волја да се обрати кон Исус и да го повика да дојде и да му понуди вечно избавување.

69. Ако слепиот не повикаше и ако жената која крвареше не дојдеше до Господа, немаше да бидат исцелени. Исто така, оној кој по сопствена волја не му се обрати на Господа, и кој не се моли со искрена вера, нема да добие исцелување. Бидејќи, поради тоа тие беа во истиот момент исцелени, додека ние не можеме да најдеме исцеление само поради нашите тајни страсти? Ние не добиваме духовно исцелување и спасение поради нашето неверие и нашата неискреност, затоа што не Го сакаме со сето свое срце и затоа што не веруваме искрено во Него. Затоа, да веруваме во Него и вистински да Му пристапиме како би Тој многу брзо и вистински би не исцелил. Тој вети: „…небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат“ (Лука 11:13), дека: „Сакајте и ќе ви се вдаде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори; секој што моли, добива, и кој бара, наоѓа, и оној што чука ќе му се отвори“ (Мат. 7: 7-8). „Ова го вети Бог, Кој не лаже“ (Тит 1: 2).

70. Иако не може да направи ништо, ниту со своите нозе е во состојба да и пријде на мајка си, детето сепак, ја бара, се движи, повикува и плаче. И мајка му конечно се сожалува. Нејзе и е мило што детето упорно ја бара и плаче. И, бидејќи детето не може да дојде до нејзе, таа самата, совладана од љубовта према него поради неговото долгтрајно барање, таа доаѓа, го зема со голема нежност, го милува и го храни. Исто го прави и човекољубивиот Бог со душата која му приоѓа и која го бара. Меѓутоа, поттикнат од Неговата вродена љубов и благост, Тој уште повеќе се прилепува за разумната душа и, според апостолските зборови: „…кој се соединува со Господ, еден дух е со Него“ (1. Кор. 6:17).

71. Господ е милостив и долготрпелив во исчекување на нашето обраќање. Ако грешиме, Тој не чека да се покаеме, ако паднеме, не се срами повторно да нe прими, како што рекол пророкот: „… зар паднатите не стануваат, и оние што скршнале од патот не се враќаат?“ (Јер.8,4). Треба само да бидеме трезвени, да стекнеме добра мисла, брзо и на вистинскиот начин да се обратиме кон Него, барајќи ја Негова помош. Тој е подготвен да нe спаси. Тој го прима огнениот копнеж на нашата волја (која одговара според нашата сила), како и верата и подготвеноста кои произлегуваат од добрата произволност, иако секој успех доаѓа само од Него. Поради тоа, откако се лишивме од сите предрасуди, негрижи и мрзеливост, да се обидеме да постанеме храбри и подготвени да ги следиме Неговите стапки. Да не одложуваме од ден во ден поради привлекувањето на злото, бидејќи не знаеме кога ќе биде нашето излегување од телото.

б) Како се формира желбата?

а) Будење во Бога.

Господ невидливо ја просветлува душата. Понекогаш ја преобраќа преку несреќа, понекогаш непосредно преку директна дејност, како во случајот со апостолот Павле. Меѓутоа, сестраниот гласник за преобраќање е словото Божјо.

72. На Бога му е угодно да го врати (човекот што е во грев) во живот. Затоа, Тој го советува да плаче и да се кае. И ако човек продолжи со тоа (т.е. да се оплакува себе) поради своите дамнешни гревови, Бог повторно го побудува да плаче и да приноси покајание (со цел детално да го оплакува целиот свој живот).

73. Неволјите, страдањата и раните што те снаоѓаат во животот според домостројот [Божиот], [обиди се да го примиш] како нешто кое е корисно за душата, а не како нешто непосакувано. Зашто, кога ќе те пресретнат несреќи, ќе почнеш да размислуваш: „Бидејќи сум несреќен во светот, ќе се одречам од него и ќе одам да му служам на Бога“. Може да се случи кога ќе дојдеш до таа мисла, да ја слушнеш заповедта: „…Продај се што имаш..“ (Мат. 19:21), запостави ја телесната заедница и служи Му на Бога. Тогаш ќе почнеш да благодариш за несреќата во светот, бидејќи во таа прилика се претставуваш послушен кон Христовата заповед. Конечно, ако си се променил донекаде во својот однос видливо и си се оддалечил од телесната заедница, исто така треба да се оддалечиш од телесната мудрост со умот и да стекнеш небесно размислување. Тогаш ќе започнеш да размислуваш за заповедта што си ја чул. И тогаш нема да го најдеш мирот, но ќе ја прифатиш грижата и трудот да го стекнеш она кое си го слушнал.

74. Како Бог го улови апостол Павле? Како што тиранинот го заробува некого [човек] а потоа го ослободува вистинскиот цар, така и Павле, додека во него дејствувал тиранскиот гревовен дух, прогонувајќи ја Црквата. Меѓутоа, бидејќи тоа го правел од незнаење, мислејќи дека е ревносен за вистината кон Бога, Бог не го напуштил, туку го прифатил. Осветлувајќи го неискаживо, небесниот и вистински Цар го удости да го чуе Неговиот глас. Удирајќи го в лице како слуга и му даде слобода. Гледаш ли каква е благоста на Владиката, кога во еден момент може да ги обнови душите кои биле прилепени за злото и дивееле, пренесувајќи им ја Неговата благост и мир.

75. Царот кој сака да им го објави своето откровение на [поданиците] и да ги подели даровите, пишуват посланијата во кои ги известува сите: „Потрудете се да дојдете кај мене што е можно побрзо да ги примите даровите од царот“. Оние кои не доаѓаат нема да добијат дарови, читањето на посланијата нема да бидат од никаква корист. Напротив, тие ќе паднат под смртна казна, затоа што не сакале да дојдат и да бидат почестени со даровите од царските раце. Така, и Царот-Бог им го предложи на луѓето Божественото Писмо како еден вид послание, објавувајќи им дека оние што се повикуваат на Бога и кои веруваат треба да бараат да добијат и небесен дар од Ипостасот на Неговото Божанство. Зашто, напишано е: „Та преку нив да станете учесници во Божјата природа.“ (2.Пет.1:4). Ако човек не пријде, не бара и не прима, залудно е да го чита Светото Писмо. Напротив, ќе го осуди на смрт затоа што не сакал да го добие дарот на животот од небесниот Цар, без кој не е возможно да се стекне со бесмртен живот.

б) Борба со себе да би се волјата приклонила кон повик.

76. Човекот не станува достоен за благ удел штом ќе ја слушне Божјата проповед. Тврдејќи спротивно, ти кај човекот ја прекинуваш волјата и го порекнуваш постоењето на спротивната сила која го попречува. Ние, пак, велиме дека оној кој ја слуша проповедта доаѓа до покајание и, откако се повлекол, благодатта според промислата работи во корист на човекот, влегува во борба и се учи да војува, спротиставувајќи се на сатаната. И по долга борба, тој победува и постанува христијанин (т.е. искрен следбеник Христов).

в) Претставување и убедувања кои влијаат на наклонетоста на волјата.

Во таа борба, умот собира разни стимулативни и поттикнувачки прикази на вистината и убедувањата, кои се способни да охрабрат и воодушеват. Свети Макариј прво го нагласува она што Бог го направи за нашето спасение, како и ветувањата што ги поврза со овој дел. Тој често и се навраќа на тоа.

77. Возљубени, не гледајте само на интелигентната суштина на душата. Бесмртната душа е скапоцен сад. Погледнете колку се големи небото и земјата. Сепак, Бог не ја покажа [Својата] наклоност кон нив, туку само кон тебе. Погледни го своето благородништво и достоинство, бидејќи Тој не испрати ангел, туку Самиот дојде да ти помогне, да те повика паднатиот, ранетиот, да ти ја врати првобитната чистота Адамова. Самиот Бог дојде да ти помогне и да те избави од смртта. Застани цврсто и сфати такво размислување за тебе.

78. Замисли дека царот сретна некоја сиромашна девојка, облечена во валкана облека, и дека, без двоумење, и ја соблече валканата облека, ја изми нејзината нечистотија, ја украси со светли фустани и ја направи учесник на неговата царска трпеза и прослава. Така, Господ ја најде ранетата душа, и даде лек, ја соблече валканата облека и срамот од порокот, ја облече во царска, небесна, божествена, светзрачна и славна облека, и стави венец и ја направи учесник на царската трпеза за [нејзина] радост и веселба.

79. Христијанството не е нешто безначајно, туку претставува голема тајна. Разбери го своето благородништво, т.е. дека си повикан во царското достоинство, дека си род избран … свет народ (1. Пет. 2: 9). Тајната на христијанството е невообичаена за овој свет. Видливата слава и богатството на царот се нешто земно, трулежно, минливо, а тоа Царство и тоа богатство се божествени, небесни, славни, непреодни и непрекинати. Затоа што, во небесната Црква [христијаните] царуваат со небесниот Цар. Како што Тој е Првороден од мртвите, така се и оние што соцаруваат со Него – првородени.

80. Христијанските ветувања се големи и неискажани, и тоа до тој степен што целата слава и убавина на небото и земјата, и нивната друга убавина и украс, како и богатството, убавината и сладоста на видливото, не можат да се споредат со вера и богатство на една душа. Затоа, како можеме, покрај толку многу охрабрувања и ветувања Господови, да не сакаме целосно да му се приближиме на Господа, да Му се посветиме, да се одречеме од самата своја душа, та освен Него единствениот ништо повеќе да не сакаме, според Евангелието? Ете, сето тоа ни беше дадено, и уште каква ли друга слава! Колку ли само Господ промислуваше за нас преку пророци и светите отци! Колку ли ветувања се дадени! Колку можност! Каква ли благост имаше Владиката кон нас од самиот почеток! На крајот, преку Своето доаѓање, и Својата неискажана благост кон нас ни докажал преку распнувањето, со кое не преобрати во живот. Меѓутоа, ние сеуште не се одделуваме од своите желби, од љубовта кон светот, од рѓавите предрасуди и навики, покажувајќи се дека сме маловерни или неверни. Сепак, и покрај се, Господ кон нас останува милостив, невидливо не чува и успокојува, не предавајќи не според нашите гревови, пороци и измами во светот, не дозволувајќи, со својата голема милост и долготрпеливост, да загинеме, имајќи предвид дека некогаш ќе му се обратиме.

81. Што значат зборовите: „Она што око не видело, уво не чуло, ниту на човек на ум не му дошло, тоа Бог го приготвил за оние кои Го љубат“ (1. Кор. 2: 9). Во тоа време големите праведници, цареви и пророци знаеле дека ќе дојде Спасителот, но не знаеле, не слушнале, ниту пак им паднало на памет дека Тој ќе пострада, дека ќе биде распнат, дека ќе се пролее крв на Крстот, дека ќе биде крштевање со оган и Светиот Дух, дека во Црквата ќе се приносува леб и вино, кои се образ на Неговото тело и крв, дека оние кои ќе се причестуваат со видливиот и духовниот леб – ќе го вкусуваат телото Господово, дека апостолите и христијаните ќе го примат Утешителот и дека ќе се облечат со Божја сила одозгора, дека ќе се удостојат во соединување со Светиот Дух. Тоа не го знаеле ниту пророците, ниту царевите, ниту пак им доаѓало во срцето.

82. Кога веќе такви богатства ни се подготвени, кога ни се даваат такви ветувања и кога Господ има таква благонаклоност кон нас, да не бидеме безгрижни и да не задоцниме, туку да побрзаме кон вечниот живот, посветувајќи се себеси да му угодиме на Господа.

83. Слушајќи за достоинството на душата и колку е скапоцена таа интелигентна суштина, зарем не разбираш дека за човекот, а не за ангелите, е речено: „Да создадеме човек според нашиот образ и според Нашето подобие…“(1. Мој. 1: 26), и дека небото и земјата ќе поминат, а дека ти си повикан на посвојување, во братство, да бидеш невеста Царска? Во видливиот (свет), сe што му припаѓа на младожењата, и припаѓа и на невестата. Така и тебе ти се доверува сe што е Господово. Бидејќи, Тој самиот дојде да посредува за тебе и да те повика. Ти, пак, ништо не разбираш и не го разбираш своето благородништво. Поради тоа духовниот водач праведно го оплакува твојот пад: „Човек, кој неразумно живее, сличен е на животните што загинуваат“ (Пс. 48:20). Потоа, кај него следуваат други побуди: да биде поврзан со на себе сродни (која е и нашата цел), т.е. со Господа. За нас е добро единствено кога го следиме Господа и нема ништо полошо од тоа да не се следи Господ.

84. Ако ги кренеш очите кон сонцето, ќе видиш дека неговиот круг е на небото, а дека неговата светлина и зраците се спуштаат на земјата и дека целата моќ на светлината и сјајот се упатени кон земјата. Така и Господ седи од десната страна на Отецот, над сите начела и власти, но Неговото око внимателно ги гледа срцата на луѓето кои живеат на земјата, како би тие кои ја очекуваат Неговата помош ги подигне таму каде што Самиот живее. Зашто, Тој вели: „… и каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга“ (Јован 12:26). Сепак, бескрупулозните животни се многу повнимателни од нас. Секоја од нив се соединува со сродна природа: диви со диви, а овци со својот род. А ти не се враќаш во своето небесно сродство, т.е. во Господа, веќе со своите помисли се согласуваш со злото, постанувајќи помошник на гревот, заедно со нив се бориш против себе и предавајќи се за храна на непријателот, како птица проголтана од орел, овца [уловена] од волк, или дете кое ја пружа раката кон змијата и е каснато ..

85. Душата се соединува според волјата со оној со кого се спојува. Затоа, таа има удел во светлината на спокојството во колку во себе има светлина Божја и во колку во неа живее, украсувајќи се со сите доблести. Во колку, пак, во себе има грешна темнина, таа потпаѓа под осуда. Душата која сака да живее со Бога во вечен мир и светлина, треба, како што претходно рековме, да пријде до вистинскиот архиереј Христос, да се жртвува, да умре за поранешната лукавост, да се сврти кон друг живот и божествената заедница. Кога ќе слушнеш за наведеното, обрати внимание на тоа дали навистина се остварило и во твојата душа. И ако нее, треба постојано да жалиш, да плачеш и да тагуваш. Како оној кој што е сеуште мртов за Царството, повикувај кон Господа и моли се со вера да те удостои за вистински живот. Создавајќи го ова тело, Бог не го создава од Својата природа, ниту пак му дозволува да има живот, храна, питие, облека и обувки од Себе. Напротив, Тој го создал гол, за да најде сe што му е потребно за животот надвор и како би било невозможно да се живее без тоа што постои надвор од него, т.е. без храна, без питие и без облека. Во колку беше ограничено на се она што го поседува природата, ќе се потрошеше и ќе загинеше. Истото се случува и со душата која ја нема во себе светлина Божја, иако е создадена според Божјиот лик. Бидејќи, таков е домостројот и Божјата наклоност кон нејзиниот вечен живот, т.е. дека ја прима духовната храна и духовното питие, како и небесната облека, од Неговото Божанство, од Неговиот Свети Дух, од Неговата светлина, а не од својата природа. Тоа и го сочинува [нејзиниот] вистински живот.

86. Телото, како што рековме, го има својот живот во она што е надвор од него, т.е. во земјата. Тоа без тоа што постои надвор од него не може да живее. На истиот начин, душата треба уште овде да се препороди за таа земја на живите, во неа духовно да се храни, духовно да расте, напредувајќи во Господа. [Неопходно е] Божанството да ја облече во неискажливата облека на небесната убавина. Ако таа не ја јаде таа храна, нема да може да живее во нераспадлива сладост и мир. Зашто, природата Божја го има и лебот на животот, т.е. Оној кој рече: „Јас сум лебот на животот“ (Јован 6:35), „и жива вода“ (Јован 4:10), „и вино што го весели срцето на човекот“ (Пс.103:15), „и маслото од радост“ (Пс.44:8), и разновидната храна на небесниот Дух, и блескави небесни облеки дарувни од Бога. Во тоа се состои небесниот живот на душата. Тешко на телото кое ќе остане на својата природа, бидејќи ќе се распадне и ќе умре. Тешко и на душата која останува во својата природа, немајќи заедница со Божествениот Дух, бидејќи ќе умре без да биде удостоена за вечниот живот на Божанството. Вистинските пријатели, роднини и познаници полни со љубов плачат и ја губат надежта поради болните кои повеќе не можат да примаат храна. Така Бог и светите ангели ги сметаат за достојни за солзи на онаа душа која не јаде од небесната храна на Духот и не живее нераспадлив [живот].

87. Ако твојот внатрешен човек го дознал и доживеал сето ова недвосмислено, ти живееш вистински вечен живот и твојата душа веќе живее во Господа. Тогаш навистина си добил од Господа [можноста] да живееш вистински живот. Воколку, пак, во себе не препознаеш такво нешто, барем почни да плачеш, да жалиш и да тагуваш затоа што сеуште не си го стекнал вечното и духовно богатство, што досега не си го добил вистинскиот живот. Затоа, покај се поради својата сиромаштија, деноноќно моли се на Господа. Имено, ти се наоѓаш во страшна гревовна беда. О, кога би човек макар да ја стекне оваа жалост поради својата сиромаштија! О, кога не би го поминувале времето во безгрижност, како сити! Тој кој жали и плаче, кој непрестано се моли на Господа, наскоро ќе добие избавување и небесно богатство, како што рече Господ, завршувајќи го зборот за неправедниот судија и вдовицата: „Зарем Бог нема да ги одбрани своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; Ви велам, ќе ги одбрани набргу…“ (Лука 18: 7-8).

88. Доаѓањето на Господ е во потполност било заради човекот кој лежел во гробот на темнината, гревот, нечистиот дух и лукавите сили, т.е. во овој век да воскресне и да го оживотвори целиот човек, да го исчисти од секоја нечистотија, да го просветли со Својата светлина и да го облече во небесната наметка на Своето Божанство. Телата на душите кои веќе воскреснале и се прославиле, самите, при воскресението, ќе се прослават, просветлат и ќе се облечат во неракотворни, небесно живеалиште, во слава на божествената светлина. Гледаш ли каква е славата Божја неискажана и недостижна! Невозможно е да се искаже или да се опише неизмерното, бесконечното и недостижното богатство на христијаните. Затоа, со секоја трудољубивост, треба да пристапиме кон христијанската борба и да го примиме тоа богатство. Зашто, наследството и уделот на христијаните е самиот Бог. Бидејќи, речено е: „Господ е дел на моето наследство и од чашата моја“ (Пс.15,5).

89. Месото без сол се расипува и се исполнува со голема смрдеа, сите бегаат од него. Црвите почнуваат да го гризат расипаното месо, наоѓајќи храна за себе. Го јадат и се вгнездуваат во него. Меѓутоа, штом ќе се посоли со сол, црвите кои се хранеле со месото исчезнуваат и умираат, а смрдеата престанува, бидејќи солта има способност да ги истреби црвите и да ја уништи смрдеата. На истиот начин, секоја душа која не е осолена од Светиот Дух, на која и недостасува небесна сол, т.е. силата Божја, расипани и исполнети со секаква смрдеа на лукави мисли. Лицето Божјо се навраќа во душата во која живее страшната смрдеа на суетни мисли на темнина и страсти. Во таквата душа се наоѓаат зли и страшни црви, т.е. лукави духови и темни сили. Тие се хранат, се вгнездуваат и ползат во нејзе, јадејќи ја и уништувајќи ја. Зашто, речено е: „Смрдат и гнојат раните мои“ (Пс. 37: 6). Меѓутоа, штом душата прибегнува кон Бога, таа поверува и моли за живот, т.е. благиот и човекољубив Дух, на нејзе слегува небесна, која ги истребува страшните црви, ја уништува штетната смрдеа и ја прочистува душата со дејството на својата моќ. Откако постанува здрава и неповредлива [со дејството] на вистинската сол, душата повторно е подготвена за служење и служба на небесниот Владика. За да би се тоа потврдило, Бог во Законот заповедал: „при секоја твоја жртва принеси сол“ (Лев. 2:13).

90. Во видливиот свет, оној кој е гол трпи голем срам. Пријателите се одтргнуваат од пријателите, роднините се одтргнуваат од своите роднини во колку се голи, а децата ги свртуваат своите очи да не го видат голото тело на својот татко: „и појдоа назадешкум и ја покрија со неа голотијата на таткото свој; лицата им беа свртени наназад“ (Бит. 9:23). На истиот начин и Бог се врти од душите кои не се целосно облечени во наметката на Духот, кои се во сила и вистина не се облечени во Исуса Христа.

91. И првиот човек се срамеше да се види гол. Колку само бесчестност има во голотијата! Ако телесната голотија е подложена на таков срам, колку ли повеќе душата, која е опкружена со Божествената сила и која вистински не е облечена во неискажливата, нераспадлива и духовна облека на Господа Исуса Христа, ќе биде покриена со срам и бесчесност од страстите? И секој кој е разголен од таа Божествена слава, треба да се срами од самиот себе и да ја разбере својата обесчестеност, барем толку колку што Адам се срамеше од својата телесна голотија: и иако се покривал со облека од лисја на смокви, сепак се срамеше, сфаќајќи ја својата ништожност и голотија. Затоа, таквата душа нека се моли на Христа, Кој ја нуди облеката во слава и во неискажлива светлина, и нека тие не облакат кошули на суетни помисли. Нека не мисли, измамена од [наводната] сопствената праведност, дека ја поседува наметката за спасение.

92. Како што е домот во кој е присутен домаќинот исполнет со секој поредок, убавина и величественост, така и душата, во која се наоѓа нејзиниот Владика и во која живее, е исполнета со секоја убавина и благолепие. Зашто, Господ живее во неа со Својата духовна тајна и управува со неа. Сепак, тешко е за куќа чиј домаќин е отсутен, или која нема господар. Таа ќе пропадне, ќе опустоши, и ќе се исполни со секаква нечистотија и безредие: според зборовите на пророкот: „.. во него ќе живеат ѕверови, бувови и демони..“ (Исаија 13:21). Во напуштен дом, наоѓаат свое место диви кокошки, кучиња и секаква нечистотија. Тешко на душата која се подига од својот тежок пад и која во себе ги има оние кои ја убедуваат и ја принудуваат да остане во непријателство со својот Младоженец, кои имаат намера да ги изопачат мислите кои и доаѓаат од Христа.

г) Во гореспоменатите настапи, душата е подготвена на повикот да го следи Господа.. Меѓутоа, и доаѓаат мисли дека нема да успее и дека желбата е ослабена. Свети Макариј ги отфрла со укажување на опасноста поради одложувањето на делата за спасението. Имено, долготрпението на Бога може да се исцрпи, и како краен резултат на тоа е неизбежната погибел.

93. Се плашам дека на нас кои живееме безгрижно и ги следиме предрасудите, апостолската поговорка нема да се исполни навреме: „Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, стрпливост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување?“ (Рим.2:4). Воколку и покрај Неговата долготрпеливост, благост и кротост, ги умножиме бројот на гревовите и своите намери со нашата негрижа и неподготвеност за себе си ја подготвуваме најтешката осуда, врз нас ќе се исполни апостолскиот збор: „Но, поради твојата тврдокореност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога“ (Рим. 2:5). Бидејќи, Божјата величина е голема и неискажлива, Божјата долготрпеливост кон човечкиот род е необјаснива. Треба само да се отрезниме и да се обидеме целосно да се свртиме кон Бога како би стекнале спасение.

94. Ако сакаш да ја запознаеш долготрпеливоста Божја и Неговата голема благост, да се свртиме кон боговдановеното Свето Писмо. Погледнете само колку грешеа Израилците, – „ним им припаѓа посинувањето и славата и заветите, ним им беше даден Законот, и богослужењето и ветувањата; нивни се и татковците, од кои потекнува и Христос, Кој е Бог на сите, благословен до века!“ (Рим. 9: 4-5). Колку пати грешеа и се откажуваа од Бога. Сепак, Бог не ги напушти целосно. Напротив, Тој им даваше искушенија за кратко време, во нивна корист, сакајќи со неволји да им ја ублажи вкоренатоста на нивните срца. Тој им се обраќаше, ги храбреше, им испраќаше пророци, долго време покажувајќи трпение кон нивните гревови и на нивното сопнување. Кога се обраќаа на Бога, Тој со задоволство ги примаше, и кога повторно грешеа, Тој не ги оставаше, туку ги повикуваше да се обратат преку пророците. И покрај тоа што многупати се оддалечуваа од Него и пак се враќаа кон Него, Тој со задоволство секогаш ги псресретнуваше и ги примаше човекољубиво, се додека накрајот не паднаа во голем грев, ставајќи рака врз својот Владика, кого, според преданијата на татковците и свети пророци, очекуваниот Искупител, Спасител, Цар и Пророк. Кога дојде, тие не само што не го прифатија, туку, Го подложија на голем презир, Го предадоа на крст, на смртна казна. Со таа голема навреда и преголем грев, нивните прекумерни гревови беа исполнети. Поради тоа на крајот се оставени сами на себе. Светиот Дух се оддалечи од нив кога се искина црковната завеса. Поради тоа, нивниот храм бил срушен од незнабошците и бил доведен до пустошење, според пресудата Господова: „.нема да остане тука ниту камен на камен, а да не биде урнат“(Мат. 24: 2). Така, тие на крајот беа предадени на незнабошците. По својата земја биле расеани од царевите кои ги поробиле и им било наредено да не се враќаат повеќе во својата земја.

95. Така и сега милостивиот, према сите, благиот Бог ја покажува Својата долготрпеливост. Иако ги гледа многуте грешни сопнување на секого, Тој молчи, очекувајќи од нас навреме да се отрезниме и да се промениме, да престанеме да Го натажуваме. Тој со голема љубов и радост го очекува и го прима оној кој се одвраќа од гревот, зашто вели: „Таква радост, ви велам, станува пред ангелите Божји за еден грешник што се кае“ (Лука 15:10), а исто така: „Така, не е волја на вашиот Отец небесен да загине ниедно од овие мали“ (Мат. 18:14). Меѓутоа, оној кој [знае] дека Бог према него покажува голема милост и долготрпеливост, дека не го казнува за секој грешен престап, ниту тајно ниту јавно, дека се гледа но молчи, очекува покајание, па сепак, паѓајќи во голема немарливост, додавајќи грев врз грев, мрзеливоста ја припојува кон мрзеливоста, и врз една грешност доградува друга – на крајот ја исполнува мерката на гревовите и паѓајќи во грев од кој не може да излезе. Тогаш, тој се себе уништува и умира, предавајќи се на лукавиот.

96. Истото беше и со Содомјаните. Влегувајќи во големи гревови без да се свртат, накрајот тие, сакајќи својата зла насилна волја да ја нанесат врз ангелите, подпаднаа во толку тежок грев што немало простор за покајание. Тие, ја надминале мерката на гревовите, накрајот биле отфрлени и, според Божјиот суд, изгорени од неугасив оган. Така се случило и во времето на Ное. Паѓајќи многу пати никогаш не принесувајќи покајание, а се препуштиле на такви гревови со кои накрајот целата земја ја развратиле. На истиот начин, Бог бил милостив кон Египќаните, кои многу грешеле према Божјиот народ, долго време, не им наметнувал казни и несакал да ги истреби, туку само ги поучувал и ги наведувал на обраќање и покајание. Тој им нанесувал лесни удари, објавувајќи им ја Својата долготрпеливост и очекувајќи го нивно покајание. Меѓутоа, грешејќи многу пред Божјиот народ, час покајувајќи се, час раскајувајќи се, утвдувајќи се во древното неверие производство на злото и оптоварувајќи го Божјиот народ со тешки и напорни работи, накрајот, кога Бог го извел народот Божји од Египет преку Мојсеј со многу чуда, направиле голем грев, што повторно отишле да го вратат Божјиот народ во ропство. Поради тоа, според божествената правда накрајот ги истреби и погуби, потопувајќи ги во водата и отврлувајќи ги како недостојни и за видливиот живот.

97. Ние, поопширно, возљубени, се обидовме да ги цитираме мислите од Светото Писмо да би ја потврдиле потребата и што е можно побрзо да се обратиме кон Господа, Кој е милостив према нас очекувајќи потполно да се оддалечиме од секакви лукави и зли предрасуди. Имено, Тој ги прима сите оние кои се кајат со голема радост. Ние, веќе, поопширно говоревме за тоа како од ден во ден не би растела нашата немарливост, како нашите гревови не би се размножувале, со што би предизвикале гнев Божји. Затоа, да се обидеме, да му пријдеме на Господа со искрено срце. Да не разочаруваме за своето спасение при сеќавањето на изминатите гревови. Бидејќи, очајот е шепот на злото и подлоста што го води човекот до слабост, негрижата и немарливоста, како не би се обратил кон Господа и како не би се спасил.

д) Меѓутоа, колку што е поблизу душата до одлучноста да започне со работата за спасението, непријателот кон неа ги насочува своите последни огнени стрели за очај и безнадежност.

98. Се случува Сатаната да разговара со тебе во твоето срце: „Погледни колку зло си направил. Погледни го бесот со кој е исполнета твојата душа. Толку си оптоварен со гревови што повеќе не можеш да се спасиш“. Тој тоа го прави да те фрли во очај, зашто му е непријатно твоето покајание. Бидејќи, откако преку престапот влезе во грев, тој постојано зборува со душата како човек со човек. Меѓутоа, ти одговори му: „Во Писмото Господово имам сведоштво: ‘Јас не ја посакувам смртта на грешникот, туку грешникот, да се одврати од својот пат (од злите духови) и да остане жив’ (Езек. 33:11). Бидејќи, Тој и слезе поради тоа да ги спаси грешниците, да ги воскресне мртвите, да ги оживее умртвените, да ги просветли оние кои се наоѓаат во темнина“. И навистина, кога дојде, Тој нас не повика на посвојување, во светиот мирен град, во животот во кој никогаш не се умира, во нераспадлива слава. Ние единствено само треба на својот почеток, да пружиме добар крај, да се наоѓаме во сиромаштво, во прогонство, да избегнуваме злопамтивост, да не престануваме да се молиме на Бога и непрестано со покајание да тропаме на вратата. Како што телото е близу до душата, така и Господ е близу и подготвен да пријде и да ја отвори заклучената врата на срцето, и да ни подари небесно богатство. Тој е благ и човекољубив и Неговите ветувања се сигурни само ако упорно бараме до крај.

99. Замислете персиско и римско око и две храбри момчиња со иста снага како излегуваат да се борат. Така се, во спротивставеност силата и умот со еднаква сила. Како што сатаната ја примамува душата и со лага ја носи по своја волја, така и душата му се спротивставува, избегнувајќи да не му се покорува во ништо. Бидејќи, двете сили можат само да поттикнат, но не и да присилуваат на зло или добро. Божјата помош е дадена произволно, и таа со борба стекнува оружје од небото со кое победува и го искоренува гревот. Зашто, душата може да се спротивстави на гревот, но без Бога не може да го победи и искорени злото. Оние, пак, кои тврдат дека гревот е како моќен џин, а душата како момче – зборуваат лошо. Зашто, ако навистина постоела таква нееднаквост, а гревот беше сличен на џин, а душата – на момче, тогаш би бил неправеден Законодавецот кој на човекот му даде закон да се бори против Сатаната.

100. Воколку ни се чини неизводливо и невозможно да се ослободиме од многуте гревови кои не обземаа (што претставува, како што рековме, убедување од страна на злото и кое е пречка за нашето спасение), да се потсетиме и да не заборавиме како Господ дојде кај нас според Својата благост, Им даде на слепите вид, ги исцели слабите, ги лекуваше сите болести, воскреснуваше мртви кои веќе ги беше опфатило трулеж и распаѓање, на глувите им го отвори слухот, протера легија на демони од еден човек кој беше полудел и му го врати здравиот разум. Уште повеќе бара милост од душата што се обраќа кон Него и очекува помош од Него – и го преобраќа, доведувајќи го до радост на бестрашност, во состојба на секоја доблест, во обнова на умот, давајќи и здравје, просветлување на разумот, мир во промисли и слепило, глувоста и мртвилото на неверувањето треба да се подигнат до чистотата на доблестите и чистотата на срцето. Бидејќи, Оној кој го создаде телото, ја создаде и душата. Со Својата благост, останувајќи на земјата, Тој великодушно ги обезбеди оние што Му приоѓаа и бараа помош и исцелување од Него, како благ и единствен Лекар. Исто така Тој е дарежлив и во духовното.

101. Со сето тоа, Тој нас не убедува да не се откажуваме, постојано и неуморно да бараме милостивно застапништво. Тој дојде за грешниците, да се свртат кон Него и да ги излечи оние кои веруваат во Него. Ние треба само да се откажеме од злите предрасуди и, според нашата сила, да ги мразиме лошите духови и нивните измами во светот, да се ослободиме од лукавите и суетни помисли, секогаш, според нашата сила, да се држиме за Него. Тој, секогаш, е подготвен да ни ја даде својата помош, бидејќи е многу милостив. Тој оживотворува, лечи неизлечиви страсти, ги избавува оние кои го повикуваат Неговото Име, кои се обраќаат кон Него и кои, произволно и по своја сопствена волја, според својата сила, се оддалечуваат од секоја световна љубов, што го разделуваат разумот од земјата, и на Него се наслонуваат со својот копнеж и потрага.

ѓ) Кога сите спротивни мисли се отстранети, борбата со самиот себе за стимулирање на волјата завршува. Оформена е решителност да му служи на Господа за градење на своето спасение. Таа определеност е силна како смртта. Тоа е изразено на следниов начин: „Повеќе нема да попуштам пред гревот, дури и да умрам“.

102. Свети Макариј зборува за душа во која има вистинска определба. Што и да и се случи, среде илјада искушенија, таа се трпи и вели: „Нема да го оставам (Господа), дури и да умрам“.

е) Често оваа решителност е изразита со жртвување на душата, како што колеле животни за време на жртвоприносувањето. Бидејќи, таа решителност е вистинско принесување себе на Господа како жртва сепаленица.

103. Телесниот човек, кој решава да се приближи кон примената на самиот себе, најпрвин мора да умре и да стане неплоден за тој претходен лукав живот.

104. (За жртвување постоело пропис) жртвата најпрвин свештеникот ја заколува за таа да умре, за потоа да ја исече на парчиња, да ја посоли, и потоа да ја постави на оган. Зашто, ако свештеникот не ја предаде заклана и умртвена, овцата нема да се посоли, ниту пак ќе се принесе на Владиката како жртва сепаленица. Така, и нашата душа е должна, да пристапува до вистинскиот Архијерејот Христос, да биде заклана од Неговата [рака] и да умре за своето мудровање и за злобниот живот во кој живеела, т.е. за гревот. Како што животот ја остава жртвата, така и таа треба да ги остави страстите. Како што телото умира, кога душата излегува од него и повеќе не го живее животот што го живеел, т.е. не слуша и не оди, така и душата умира за лукавиот живот која што го живеела кога небесниот Архиереј Христос, со благодатта на Неговата моќ, го предаде животот на светот на колење и смрт, и таа ниту слуша, ниту зборува, ниту [повеќе] живее во грешна темнина. Зашто, [тогаш] лукавството на страста, како и нејзината душа, по благодата излегува од неа. И апостолот извикува, велејќи: „За мене светот е распнат, а и јас за светот“ (Гал. 6:14).

ж) За да ја запечати оваа вистина посилно во неговото сеќавање, свети Макариј опширно објаснува дека сите неуспеси во духовниот живот, сите падови и отпаѓања, и сите природни ставови произлегуваат од недостатокот на самоопределената решителност да му служат на Господа во откажување од светот.

105. Многу малку ги има оние кои со добар почеток се приклучиле на добариот крај, кои без сопнување ја достигнале целтта, кои имаат единствена љубов кон Единиот Бог и кои се одвоиле од светот. Многумина доаѓаат до умилканост, многумина постануваат причасници со небесната благодат, се ранети од небесната љубов, но не успеваат да издржат во разните борби, подвизи, напор и искушенија од лукавиот кои ги пресретнува на патот, бидејќи секој има некаква желба во светот. Поради слабост или негрижа, поради плашливоста на волјата или поради љубовта кон нешто земно, [човек] не се одрекува во потполност со својата приврзаност [кон светот], навраќајќи се на различни и разновидни световни желби, останувајќи во светот и потопувајќи се во нејзината длабочина. Оние, пак, кои навистина имаат намера да поминат низ добар живот до крај, не треба доброволно да ја прифатат или мешаат секоја друга љубов и наклонетост со таа небесна љубов, за да не создаде духовно пореметување и да се вратат и да не би се лишеле од животот на крајот. Како што ветувањата Божји се големи и неизречени и неискажливи, така во нас ни е потребна вера, и надеж, и напор, и големи подвизи и долготрајни испитувања. Скапоцени се благата што го очекуваат човекот кој го посакува Царството Небесно. Тој сака да царува со Христа во безконечни векови. Зарем, тогаш, нема да се одлучи да ја поднесе борбата, напорот и искушенијата со својот труд за време на овој краток период од животот до неговата смрт? Господ извикува: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе својот крст и нека Ме последува“ (Мат. 16:24). И уште: „Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик“ (Лука 14:26). Многу луѓе кои сакаат да го наследат Царството и вечниот живот, не се откажуваат од животот според нивните желби и следејќи ја нивната волја, или, подобро кажано, следејќи го кој што сее во нив суета. Без да се одречат од себе, тие сакаат да наследат вечен живот – што не е возможно.

106. Господовото слово е вистинито. Оние кои, според Господовата заповед, целосно се откажале од себе, кои се откажуваат од сите световни желби, врски, забави, задоволства, работи и кои пред очите го имаат само Господа, сакајќи да ги следат Неговите заповеди, одат без сопнување. Према тоа, секој се врти според својата сопствена волја, бидејќи тој навистина не сакал да се одрече од себе, зашто покрај таа љубов имал склоност кон нешто друго, да ужива во некои други задоволства или желби во овој век, избегнувајќи ја љубовта кон Бога во полна мера, [човечко] производство и волја.

107. Понекогаш навидум добри дела се вршат заради слава и човечка пофалба, што пред Бога е еднакво на неправда и кражба на други гревови. Зашто, речено е: „Бог ќе им ги растури коските на оние што те опколуваат“ (Пс. 52: 5). И привидно со добри дела лукавиот сака да извлече корист, бидејќи е многу разновиден и измамник во световните желби. Гревот, човекот го лови преку некаква земна или телесна љубов, за која тој самиот се врзува по своја сопствена волја, и која за него станува оков, зема, тежок товар кој го потонува и го дави во овој лукав век, не дозволувајќи му да се прибере и да се врати во Бога. Бидејќи, човечкиот ум се оптоварува со тоа што му се допаѓа на човекот во светот. [Таа врска] доминира над него, не дозволувајќи му да се освести. Од тоа зависи и рамнотежата и стремежот и доминацијата на порокот. Со тоа се испитува целиот човечки род, сите христијани кои живеат во градовите, во планините, во семејствата, во полињата или во напуштени места. Бидејќи, фатен по сопствена волја, човекот почнува да сака нешто. Таа љубов се врзува за нешто и повеќе не е во целост насочена кон Бога. На пример, едниот го сака имотот, другиот златото и среброто; едниот му служи на стомакот, другиот на телесните желби; едниот ја сака научната световна мудрост за слава на човекот, други моќ; еден слава и почаст човечка, друг гнев и манири (бидејќи поради љубовта, пребрзо се предава на страстите); една ненавремена средба, други љубомора; еден целиот ден го поминува во фантазии и задоволства, другиот се залажува од суетни помисли; еден обработува човечка слава сака да биде законоучител, другиот ужива во негрижа и слабост; еден се врзува за костуми и фустани, друг се предава на земните грижи; еден сака спиење и да се шегува, другиот да пцуе. На тој начин, човекот е врзан за светот со некои мали или поголеми и тоа го задржува, не дозволувајќи му да се прибере себе си. Човекот ја сака таа страст со која не се бори храбро. Тоа го совладува, го оптоварува, постанува негов оков и го спречува да се сврти кон Бога, да му угоди, да му послужи, да стане соодветен за Царството и да наследи вечен живот.

108. Душа која навистина се стреми кон Господа, целосно тежнее кон Него. Колку и да има сила, таа се врзува само за Него единствено со својата произволност. Во тоа таа наоѓа помош за себе, се одрекува од себе и не ги следи желбите на својот ум, бидејќи тоа, поради злото кое е неразделно од нас и што нe залажува, и ја следи лукавиот. На овој начин, штом го засака Господа, душата се извлекува од стапицата на сопствената вера и големата грижа, да би се, со помош на сите, да биде удостоена за вечното Царство. Бидејќи вистински го засака, по сопствена волја и со Господова помош, таа веќе не е лишена од вечен живот.

109. Со цел, како појасно да се покаже дека многумина умираат по своја волја, тонат во морето и паѓаат во ропство, во куќата на пламенот. Оној кој има намера да се спаси, веднаш, откако дознава за пожарот, бега надвор. Остава сe и одлучувајќи да се грижи само за својата душа, тој успева да се спаси. Тој, пак, кој решава да земе со себе одредени куќни предмети или облека, влегува во домот и почнува да собира. За тоа време, пожарот ја зафаќа куќата и тој заедно со куќата гори во пламенот. Дали гледате како умрел по своја сопствена волја од љубов кон нешто привремено? Слично, [замислете] некои пловат по морето набрзо ги престигнува силна бура. Еден се соблекува гол и се фрла во водата, одлучувајќи да се спаси. Носен од брановите и лесно движејќи се, плива над брановите и наоѓа можност и го избегнува горчливото море, спасувајќи ја својата душа. Друг, пак, сакајќи да спаси дел од облеката, мислејќи дека ќе можи да плива облечен и дека сепак ќе може да излезе од морето. Меѓутоа, облеката која ја зел станува товар која го потонува во длабочините на морето. Така, тој умира за мала корист, не грижејќи се само за својата душа. Гледаш ли како умрел по своја сопствена волја? Замисли дека се појави глас дека доаѓаат непријатели. Еден, откако слушнал, веднаш побегнал. Другиот, не верувајќи дека доаѓаат непријатели и сакал да земе дел од своите лични работи, и бега со закаснување. Кога дошле непријателите, го фатиле вториот и го однеле во туѓа земја, принудувајќи го да живее во ропство. Гледаш ли како бил однесен во ропство по своја сопствена волја, поради својата слабост, плашливост и приврзаност кон некои пролазни работи?

110. Тие се слични на оние што не ги следат Господовите заповеди, кои не се одрекле од себе и не го сакаа Господа, туку доброволно се врзале за земните узди. Ако сакаш да ја познаеш вистинската и совршена љубов према Господа, од светото и боговдаховено Писмо, погледни на Јов, кој, така да се каже, слече од сeбе се што имаше – деца, имот, добиток, слуги и се останато наследство. Мислеле дека тој има многу имот, иако, откако Господ го испита, се покажало дека тој немал ништо освен само единиот Бог. На ист начин, и Авраам веднаш соблече сe кога Господ му нареди: „Излези од својата земја, и од родот свој, и од домот на татко си“ (1. Мој. 12: 1). [Тој ја напушти] и татковината, и земјата, и роднините и родителите – следејќи ги само Господовите зборови. После многуте испитувања и искушенија, и во сите случаи – и кога му ја одземале жената, и кога живеел и поднесувал навреди во туѓа земја – докажал дека Го сака Бога изнад сe друго. Накрајот, кога, според ветувањето и после многу години, стекнал единствен и толку посакуван син, Бог лично од него бараше да го жртвува и да го принесе на жртва. И Авраам се соблекол и вистински се одрекол од себе. Бидејќи со тоа, приносување на единородниот свој син, тој покажал дека ништо повеќе не сакал од Бога. Кога тој со таква подготвеност го даде својот син, толку побрзо, ако од него би се побарало, целиот свој имот, и со сета подготвеност и ревност би го поделил на сиромашните. Дали ја гледаш вистинската и потполна љубов која доброволно му се предава на Господа?

111. Исто така, оние кои сакаат да бидат нивни сонаследници, не треба да сакаат ништо друго освен Бога, така што, во времето кога ќе бидат подложени на испитување, да се покажат подготвени и искусни, така што совршено да ја зачуваат својата љубов према Господа. Подвигот до крајот ќе го поминат само оние кои отсекогаш го сакале Бога и кои само според нивната волја се одделиле од секоја световна љубов. Меѓутоа, може да се најдат многу малку луѓе кои стекнале таква љубов, кои се откажале од сите световни задоволства и желби и кои великодушно ги поднеле нападите и искушенијата на лукавиот. Многу луѓе сакаат да бидат удостоени во Царството без напор, без подвиг, без да пролеат пот. Меѓутоа, тоа не е можно.

112. Постојат [луѓе] во светот кои одат кај богат човек да работат за него за време на жетва или за време на некоја друга работа и да го добијат она што им е потребно за храна. Некои од нив, сепак, се мрзливи и невнимателни, не работат и не се исцрпуваат во куќата на богатиот, но сепак, како да ја исполниле својата задача, бараат иста плата како и оние што работеле трпеливо и вредно со сета своја сила. Читајќи го Светото Писмо, или [парабола] за некој праведен човек, за тоа како му угодил на Бога, како постанал пријател и собеседник Божји, или за светите отции, односно, како постанале пријатели и наследници Божји, колку страдале заради Бога, колку постигнале доблесни дела и подвизи – и ние исто така ги ублажуваме [светителите] и сакаме да бидеме достојни за еднакви дарови и достоинство, сакајќи да ги стекнеме тие славни дарови, оставајќи ги настрана, нивните напори, подвизи, таги и страдања. Сакаме да ги стекнеме почастите и достоинството кои тие ги добиле од Бога, но не ги прифаќаме нивните исцрпувања, трудови и подвизи. Сепак, ти велам дека секој човек го сака и го посакува сето тоа: и блудник, и цариник и неправедни луѓе би сакале да го наследат Царството на лесен начин, без напор и подвиг. На патот, се среќаваат многу искушенија, испитувања, неволји, борби и пролевање на пот, со цел да се откријат оние кои навистина го сакаат единствениот Господ со сета своја сила до смрт, немајќи ништо друго пожелно освен Него. Поради ова, тие влегуваат во Царството Небесно со праведност, одрекувајќи се од самите себе, според словото Господово, и сакајќи го единствениот Господ изнад својот здив. За својата крајна љубов тие ќе бидат наградени со највисоките небесни дарови.

Преведе,
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада