www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,707,665
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДОБРОТОЉУБИЕ – ТОМ I

ДОБРОТОЉУБИЕ СВЕТИ МАКАРИЈЕ ВЕЛИКИ
ПОУКИ НА СВЕТИОТ МАКАРИЈА
За христијанскиот живот, одбрани негови беседи

3. ГОСПОД, КРЕАТОР НА СПАСЕНИЕТО

а) Единствениот спас за паднатите е Господ. Господ се смилува и се овоплоти поради нашето спасение. Тој ги изми нашите гревови со Својата крв, со благодатта на Светиот Дух ја обнови нашата напуштена природа, и нe направи подготвени за Неговото небесно Царство.

49. Светот наликува на богат човек кој поседува велелепна и огромна куќа, кој изобилува со сребро и злато, разновиден имот и секаков слуга, кого, сепак, одеднаш го опфаќа болест и немоќ. Сите негови роднини стојат покрај него, но, и покрај целото негово богатство, тој не може да се спаси од болеста. Како и душата која е потопена во грев не може да ја спаси, со било каков труд, богатство или било што. Единствено, може да ги очисти и душата и телото – преку Христовото доаѓањето.

50. Откако гревот почнал да владее со Адам, човечкиот род се зачнува во грев и се раѓа во грев, изобличувајќи се од утробата на својата мајка, лутајќи во мајчините крила. Поради тоа, Јагнето Божјо се смилостиви и дојде со силата Своја да го врзе силниот, и да ги одземе запленетите садови.

51. Сатаната и кнезовите на темнината, од престапот на заповедта, заседнале во срцето, умот и телото на Адам како на сопствен престол. Затоа Господ дојде и го прими телото од Дева. Бидејќи, кој би можел да поднесе дека би му било пријатно да дојде со непокриено Божанство? Напротив, со помош на тоа оружје, т.е. тело, Тој им зборуваше на луѓето. Конечно, Тој ги сруши лукавите демони, кои се беа населиле во телото, ги собори од престолот, односно, со мислите и помислите со кои тие управувале, ја исчисти човековата совест и си направи престол Самиот на Себе во умот, помислата и телото.

52. Бог му заповеда на Мојсеј да направи бакарна змија, да ја подигне и да ја постави на врвот од дрвото. Секој што бил каснат од змија ќе се излечел во колку погледал во бакарна змија. Така мртвата змија ги победувала живите, бидејќи таа била слика на Господовото тело. Зашто, Господ Своето тело го прими од [Пресвета] Марија, го издигна на Крст, го рашири и го прикова на дрвото. И мртвото тело ја победи и уби змијата што живеала и ползела во срцето. Еве едно големо чудо.

53. Душата, која во почетокот беше ранета со неизлечива рана од погубни страсти, не можеше да ја излечи никој од праведните, ниту татковците, ниту пророците, ниту патријарсите. Мојсеј дојде, но и тој не можел да пружи совршено исцелување. Имало свештеници, подароци, десеток, сабота, нова месечина, миење, жртви, жртви сепаленици и целата друга правда била извршувана според Законот, но душата не можела да се исцели и очисти од нечистите зли помисли. Целата таа праведност не била во состојба да го излечи човекот. [Конечно] дојде Спасителот, вистинскиот Искупител, кој лекува со дар и кој се дава за избавување на човечкиот род. Тој изврши големо и спасително избавување и исцелување на душата. Тој ја ослободи од ропството и ја изведе од темнина.

54. Лекови земени од земја, т.е. нивните сопствени праведни дела, не можеле да ја излечат и исцелат душата од таква невидлива рана. Човекот ќе добие исцелување и ќе го достигне животот само со силата на небесната и Божествена природа, преку дарот на Светиот Дух, и тоа со прочистување на срцето со Светиот Дух.

55. Кога ќе почне да ја обработува земјата, земјоделецот е должен да земе соодветни алатки и облека. Така, и Христос, Царот небесен и вистинскиот Пратеник, кој дојде во човештвото кое беше опустошено од пороци, се облече во тело и наместо оружје го понесе Крстот, Тој, откако ја обработи опустошената душа од трње, го искорени плевелот на гревот и го спали. Со дрвото на Крстот, Тој, како Владика засади во неа прекрасна духовна градина која носи разни слатки и сакани плодови на Бога.

56. Христос Господ (го создаде) Новиот Завет новата реалност. Со крстот и смртта, тој ги сруши вратите на пеколот и гревот, ги изведе верните души, им го подари Утешителот и ги воведе во Своето Царство.

57. Во Законот е пропишано, свештеникот треба да земе два гулаби: едниот да го заколе, а другиот да го попрска со неговата крв и да го пушти да одлета слободен. Ова дејствие било образ и сенка на вистината. Бидејќи, Христос е заклан, и Неговата крв, со која сме попрскани, е сенка на примање крилја на Светиот Дух со кои летаме без пречки во воздухот на Божанството.

58. Нашиот Господ Исус Христос дојде да ја промени, преобрази и обнови природата и душата, која беше обземена од страсти поради престапот, ја направи нова, соединувајќи ја со својот Божествен Дух. Тој дојде верувајќи во Него, да создаде во нас нов ум, нова душа, нови очи, нов слух, нов духовен јазик – со еден збор, нови луѓе.

59. Откако го потчини човекот во себе, непријателот го направи нов за себе, обвивајќи го со штетни страсти, помазувајќи го со духот на гревот и истурајќи во него вино од секоје беззаконие. Така Господ создаде нов човек, ослободувајќи го од гревот и помазувајќи го со Светиот Дух.

60. Исто како што во видливиот свет никој не може да го преплива и премине морето без лесен и подвижен брод направен од дрво што лесно се одржува на водата, бидејќи во спротивно ќе потоне и ќе загине, така и душата, сама по себе, не може да помине, совлада и да го преплива горчливото море на гревот, непроодната бездна на лукавите сили и темните страсти, ако во себе не го прими лесно движниот, небесен, леснокрил Светиот Дух, кој го уништува и совладува секакво лукавство.

б) Откако изгради спасение, Господ сака да ги спаси оние кои сакаат спасение, иако никого не го принудува.

61. Земајќи ја грижата врз Себе за спасението на човекот, нашиот Господ Исус Христос го изврши целиот домострој, од самиот почеток, грижејќи се преку светите отци, патријарси, преку Законот и пророците, на крајот и Сам да би дошол, презирајќи го крсниот срам и страдање со смрт. Целиот Негов труд и грижа се состоела во тоа да од Својата Духовна природа, благоизволи да се раѓаат одозгора, од Неговото Божанство. Како што земните татковци тагуваат кога не раѓаат [деца], така и Господ, го засака човечкиот род како Свој сопствен образ (лик), се обиде да го породи од Своето божествено семе. И Христос трпи голема тага кога некој несака да го прими таквото раѓање и да бидат породени од утробата на Духот Божји. Зашто, Тој страдаше за нив и трпеше за нивното спасение.

62. Господ сака сите луѓе да бидат удостоени за такво раѓање бидејќи умре за сите и ги повика сите за во живот. Зашто, без тоа раѓање, душата не може да живее, како што рекол Господ: „… Ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо“ (Јован 3: 3). Оние кои поверувале во Господа, му пријдоа и беа удостоени во тоа раѓање, причинувајќи радост и голема веселба на небото на оние што нив ги родиле. Сите ангели и свети сили се радуваат поради душата која се родила од Духот и која постанала дух.

63. Земјоделец фрла семе насекаде [во нивата], сакајќи секое семе да даде плод. Потоа доаѓа со српот и тагува ако не најде плод. Така и Господ сака Неговото слово да се посее во срцата човечки. Меѓутоа, како што земјоделецот тагува за неплодната нива, така и Господ тагува за срцето кое не вродило плод.

64. Како што царот не би се посрамил од сиромавиот и болниот човек, туку би почнал да ги лекува неговите рани, доведувајќи го во својот дворец, облекувајќи го во порфир и дијадим (царски омофор), правејќи го учесник на својата трпеза, така и небесниот цар – Христос му приоѓа на болниот, го исцелува и го присоединува на Својата царска трпеза. Во исто време, Тој го воздигнува со таква почаст, не правејќи никаква принуда против неговата волја, туку дејствува со советување.

65. Во Евангелието е напишано дека Господ ги испратил слугите да ги повикаат гостите и да им соопштат: „… Ете, приготвив јадење… “ (Мт. 22: 4). Меѓутоа, поканетите откажаа, велејќи: „…купив пет ѕевгари волови.., (или) се оженив… (Лука 14:19; 20). Дали гледате дека Оној кој се јави е подготвен, и дека оние кои беа повикани се откажаа, за што се самите виновни. Дали гледате дека Господ им подготвил Царство и ги повикува да влезат, но тие не сакаат.

66. Господ постојано тропа на вратата од нашите срца, [сакајќи] да му отвориме како би можел да влезе и да одмори во нашите души, правејќи семејство со нас. Зашто, Тој вели: „Ете, стојам пред вратата и чукам; Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него …“ (Откр. 3:20). Тој благоизволи многу да страда, предавајќи го Своето тело на смрт и избавувајќи не од ропството како би влегол во нашата душа и да создаде во нејзе семејство. Зашто, Неговата храна, и пијалок, и облека, и прекривка и одмор се наоѓаат во нашата душа. Бидејќи Тој постојано тропа на нашата врата, сакајќи да влезе кај нас. Да Го примиме, и да Го внесеме во себе, бидејќи Тој за нас претставува храна, питие и вечен живот. Ниту една душа која нема да го прими во себе и која нема да го почувствува во себе, или подобро – која не се успокои во Него – нема да има наследство со светите во Царството небесно, и нема да може да влезе во небесниот град. Ти самиот нас, Господи Исусе Христе, внеси не во него!

 

Преведе,
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада