“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
ДОБРОТОЉУБИЕ – ТОМ I
1. ПРВОБИТНА СВЕТЛА СОСТОЈБА
а) Последната цел и врвното богатство на човекот е заедницата со Бога. Бог беше задоволен што го создаде човекот, и човекот неможе да најде мир никаде, освен во Бога. Во такво сродство, човекот стои со Бога според првобитната цел на создавањето.
1.Ниту една интимност или реципроцитет не е поголема од блискоста на душата со Бога и Бог со душата. Бог создаде се што е видливо и невидливо: небото и земјата, сонцето, месечината, водата, плодните и неплодните дрва, сите видови животни. Меѓутоа, Тој не се наоѓа во ниту едно од нив. Целото создавање е во Негова моќ, сепак Тој не направи престол во ниту еден од нив, ниту пак има со нив општење. Единствено само кон човекот имаше милост, влегувајќи во заедница со него и општење во него. Го гледате ли сроството помеѓу Бог и човекот и човекот со Бога?
2. Како што Бог ги создаде небото и земјата за живеалиште на човекот, така ги создаде човечкото тело и душа за своето живеалиште, т.е. да се всели и да се одмори во неговото тело како во Свој дом, и за неговата сакана душа, создадена според Неговиот лик, да биде прекрасна невеста.
3. Човечкото достоинство е високо. Погледнете ги небесата и земјата, сонцето и месечината, сепак Господ не му беше мило во нив да биде, туку единствено во човекот. Затоа човекот е поскап од сите созданија. Ќе се осмелам да кажам – не само од видливите, туку и од невидливите, т.е. духови кои служат. Зашто, ниту за архангелот Михаил, ниту за архангелот Гаврил, Бог не рекол: “Да создадеме човек според нашиот образ и според Нашето подобие како што сме Ние, …“ (1. Мој. 1:26), туку во интелигентната природа на човекот, т.е. за неговата бесмртна душа.
4. Буквалната и разумна душа не наоѓа одмор никаде, освен во единствениот Господ, иако ги посетила сите созданија. А Господ ја покажува својата милост само кон човекот.
5. Богатата свршена девојка не е задоволна со никакви подароци до бракот, се додека не се склучи бракот. Така, и душата не се помирува со ништо додека не постигне совршена заедница со Господ. Гладното дете не обрнува внимание кон бисери и скапоцена облека, туку само на градите што можат да му обезбедат млеко. Слично размислете и за душата (т.е. дека таа одминува се, сакајќи да го вкуси само Бог, и единствено потоа се смирува).
б) Човекот беше подготвен за таква цел уште од самиот почеток. Во времето на создавањето, во него е вложена таа цел.
6. Душата е големо и прекрасно дело. При создавањето, Бог ја создал нејзината природа без пороци. Тој ја создаде според образот на доблеста на Духот, поставувајќи ги во нејзе законите на доблеста – разумот, знаењето, претпазливоста, верата, љубовта.
7. Тој во нејзе всади разум, волја, владеачки разум и во неа зацари и други големи мудрости, правејќи ја лесно подвижна, леснокрила, неуморна, дарувајќи и да оди и заминува во еден момент, со мислата да му служи на Духот кога ќе посака. Со еден збор, Тој ја создал [со цел] да му постане невеста и да има заедница со Него, да биде во заедница со Него, и со Него да постане еден дух, како што е кажано: “А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него“ (1 Кор. 6:17).
8. Како што човекот вредно собира во својот дом разни богатства, така и Господ во Својот дом, т.е. душата и телото, ги собира и ги положува за небесно богатство на Духот.
в) Поради тоа, првите создадени биле во Бога и поседувале големи предности и добра.
9. До престапот, тие биле облечени во славата Божја … Додека ги држел заповедите, Адам бил пријател Божји. Живеел со Бог во рајот.
10. Словото беше во Адам, и тој го имаше Божјиот Дух во него.
11. Во почетокот чист, умот престојувал во својот поредок, согледувајќи го својот Владика. И Адам, останувајќи во чистота и блаженство, царувал над своите помисли, покриен со божествена слава.
12. Само Словото, кое пребивало во него, за него било се: и знаење, и чувство (блаженство), наследство и учење. И во сонот на првосоздадените пребивала славата, така што тие не ја гледале својата голотија.
13. Човекот бил во чест и чистота, господар на се, почнувајќи од небото, па се до дното, имајќи [способност] да ги разликува страстите, злото на демоните, бил чист од гревот и пороците, образ и подобие на Бога.
г) Меѓутоа, тоа изобилство на благодат го немале добиено присилено. Човекот бил слободен да живее со Бога и благодатта, или да се оддели од нив. Тој се одвоил и паднал, како и паднатите зли духови.
14. Сите создадени суштества – ангели, души и демони, Создателот ги создал чисти и едноставни. Меѓутоа, пренасочувањето на некои од нив кон злото произлезегло од нивната самоволност [т.е. слобода]. Имено, тие доброволно отстапиле од соодветната помисла.
15. Видливите работи се поврзани со некоја неподвижна природа. Тие не можат да излезат од состојбата во која се создадени, ниту пак имаат своја волја. И ти си создаден според образот и подобието Божјо. Како што Бог е слободен и прави што сака, така си и ти слободен. Ти си според природата лесно променлив.
16. Нашата природа е лесно прифатлива и за доброто и за злото; и за благодатта Божја и за спротивната сила. Таа не може да се присили.
17. На овој начин, Адам, по своја сопствена волја, ја прекршил заповедта и го послушал лукавиот.
18. За него било подготвено богатство и големо наследство. Меѓутоа, откако ги стекнал злите помисли и мисли, тој пред Бога пропаднал.
Преведе,
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада