www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,525,035
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ЈАС СУМ ВРАТАТА

Богочовекот за човечкото битие е вратата во бесмртноста – самата бесмртност, и храна за бесмртноста.

Бидејќи Он е Спасителот: спасува од гревот, смртта и од демонот;

Поради тоа што Тој спасува со Својата Богочовечка Личност, затоа и на почетокот на сите Негови зборови стои: ‘‘Јас Сум вратата’’.

Сè човечко што нема да влезе во Него, останува во смрт и во грев, умира постојано низ гревовите и се ничкосува во вечното царство на злото и на гревот: пеколот.

Надвор од Богочовекот нема ‘врата’ на бесмртноста за човечкото битие; само со Него човекот се спасува. Да, со Него: со сè што е Он и со сè што е Негово – Светото Евангелие, Црквата.

Во нив се сите сили и сите средства со коишто луѓето ги совладуваат гревот, смртта и ѓаволот.

А Он – секогаш во сето тоа со севкупната Своја Богочовечка Личност. „Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси“ (Јн. 10, 9)

До појавата на Богочовекот на земјата, овој наш земен свет беше без Врата, смртен затвор;
Он е првата Врата од овој затвор во бесмртноста. Но севкупното спасение е условено и оградено со Него, со Неговата Богочовечка Личност: ‘Кој ќе влезе преку Мене – со Мене – ќе се спаси’.

Секаде и на сè: Богочовек, Богочовек, Богочовек. Спасение – со Мене. Со Спасителот – спасение. Во подвигот на спасението е и вистинската безгранична слобода на човекот: ‘и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде’; преку спасението од гревот и од ѓаволот и од смртта расте слободата, бесмртна и безгранична.

Бидејќи гревот и е оковот кој го поробува човечкото битие на злото, смртта и ѓаволот. При сето тоа човечката личност останува недопрена и ‘расте со растот Божји – во човек совршен, во мерата на растот на висината Христова’ (сп. Ефес. 4, 13; Кол. 2, 19): бидејќи нема ни грев ни смрт за да ја гуши, ограничува, стеснува.

‘Пасиште ќе најде’: сè со што се храни боголиката душа човечка и богокопнежливото битие негово; сè што служи како бесмртна храна за бесмртното битие човечко.

А тоа ‘пасиште’? – вечната божествена Вистина, и Правда, и Љубов, и Добрина, и Мудрост, и Милост, и сите останати божествени совршенства; на земјата: Евангелието – Црквата: Светите Тајни, светите божествени сили и светите добродетели.

Тоа е ‘пасиштето’ кое секогаш го има во неограничено изобилие во Богочовекот – Црквата во Евангелието. Заради сето тоа – Богочовекот е единствениот вистински водач на човечкиот род.

Водач кој ги изведува луѓето од смртта и ги воведува во бесмртноста. Оттука, само Спасителот – е Водач.И останатите Христоносци. Сите тие ги водат луѓето во бесмртност и живот вечен. Амин

 

Претставува,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада