www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,033,043
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ЕВХАРИСТИЈАТА

Во времето на сесветската пандемија и
великиот православен собор во Крит

 

Презвитер Бобан Митевски

Деновиве ја прегледував архивата од текстови, интервјуа, написи и информации, што по повод два настани во минатолетието, кои неминовно станаа дел од современието и историјата на човештвото, сум ја собирал – Светиот велик православен собор во Крит и сесветската пандемија.

Неколку напомени од вторава тема го привлекоа вниманието, напомени кои зборуваат за суштината, кој е центар и за смисла и на постоењето во овој свет, но и е откровение и доживување на идниот век: љубовта кон ближниот, Евхаристијата – од кои произлегува и нашиот правилен однос и љубовта кон Бога. Токму во духот на ова последново, ќе споделам неколку размисли искажани пред година-две. Зошто? Затоа што се тоа единственото нешто кон кое требаше, а и треба, нашите сили да се насочени. Како поттик за оваа иницијатива ми беа и цитираните зборови од владиката Николај, кои беа проследени во беседата на еден претстојател: „Ние Го чекаме Христос, а не чекаме подобро време“.

Епископ во Западна Америка, г. Максим:

„Оваа пандемија еднаква на чума е безчувствителна, slow motion трагедија. Сепак, меѓу сето тоа, приоритетите на животот и хиерархијата на вредностите повторно се воспоставуваат. Луѓето, можеби, повеќе од кога и да е стануваат свесни за потребата другиот да го чуваат од себе како и тоа повеќе да ја ценат блискоста што порано ја земале здраво за готово. Овие денови се сетив на италијанскиот психолог Луиџи Зоја, кој пред десетина години ја напиша книгата „Смртта на ближниот“, во која зборува за тоа дека глобализацијата по добата на Студената војна доведе до солидарност со некои поединци, како на пример пријателите на Фејсбук, односно со апстрактни личности, со што оној ближниот, на кого сме упатени, стана отсутен од нашиот живот. Значи, цената на таа модерна комуникација ја плаќа нашиот сосед или „ближниот“, како што го нарекува јудео-христијанското предание. Ме интересираше што вели Луиџи Зоја во овие трагични дни. Звучеше оптимистички зашто, според него, Италија отпочеток почнува да учи да сака среде заразата од вирусот корона.

Ете, Ковид 19 повторно ја воведува димензијата на пустина во современата цивилизација… И оваа ситуација нас нè потсетува на вистината дека евхаристиската достојност е неодвоива од љубовта кон ближниот. Свети Јован Златоуст зборувал дека нашиот ближен е „втор олтар“ или „живиот олтар на Телото Христово“. Значи, Ковид 19 нè поттикнува одново да ја промислуваме нашата евхаристиска побожност и да се потсетиме на фактот дека поимот Литургија го подразбира и тоа „пред“ – подготовката за Литургија, и тоа што доаѓа „после“ – нејзиниот одраз врз севкупниот живот. Не е Литургија само тоа што се добива од светата Чаша, туку и севкупното создание е една космичка Евхаристија.

Но ако успееме да ја помогнеме заедничката борба на целото општетсво – врз евангелски основи, тогаш можеме да сметаме на довербата на општеството кон Црквата. Тогаш и светот ќе поверува дека Црквата навистина нуди Леб „кој постојано е јаден и никогаш не е доизеден“. Верувам дека со нашето правилно вградување во Литургијата како сесветска тајна, го исполнуваме долгот на љубовта кон секое живо битие на оваа планета…“

Ги предлагам дел од одговорите и прашањата од едно интервју со Митрополитот Пергамски, г. Јован (Зизиулас), голем и познат современ богослов. Напоменувам дека ова интервју е дадено на 26. 03. 2020 година, во почетниот ек на корона кризата. Дел од одговорите се комбинирани кај слични прашања… Зборува за служењето на Литургијата во време како ова и начините кои може да ги предложи Црквата… Секако, секоја Помесна Црква одговара на предизвиците согласно околностите во кои опстојува и преку гласот на епископот, односно соборот на епископите, и затоа нема уникатно решение, но некои од одговорите на митрополитот се суштински за секаде и за секого.

– Многумина во ова време го поставуваат прашањето: што вели Јован Зизиулас?…

„Литургијата во сегашните услови ќе се служи за живот на светот. Ќе ја служи еден свештеник кој ќе овозможи на народот да се причести. Да не заборавиме, Литургијата се служи и „за оние кои се отсутни од оправдани причини“ – тоа се оние кои не можат да дојдат, а тоа сега се сите…

– Дали сликата со Литургијата која сега ја имаме, каде што таа е ограничена на неколкумина верници околу свештеникот, го нарушува литургискиот иконизам? Дали тоа ограничено собрание продолжува да го иконизира Царството Божјо што е смислата на Литургијата?

„Малата заедница не го намалува отсликувањето (иконизирањето) на идното Царство. Често во многу земји на Европа одев во парохии во чии храмови се служеше со многу малку верници. Но, сепак, целокупната Света Евхаристија се принесува за целата вселена. Таа парохија не претставува само заедница на тоа место, туку и севкупната соборно-католичка (израз за вселенска) Црква. Според тоа, и најмалиот храм ја претставува вселената и го сумира во себе целиот свет.“

– Поединци сметаат дека со ограниченото учество на верниците, Црквата повеќе не постои како евхаристиска општина и собрание и поради тоа велат дека не треба да се врши Евхаристија. И додаваат: ако не се извршува (што е против нашата волја и желбите), тогаш Бог нема да нè остави. Затоа прашуваат: ако немаме собрана црковна заедница, зошто да служиме таква „ограничена“ Литургија?

„Потполноста на заедницата или општината не е во тоа дека учествува целата заедница. Секогаш е присутен еден помал дел кој, меѓутоа, ги претставува или застапува сите оние кои се отсутни. И ние, секако, се молиме за сите оние кои се „отсутни од оправдани причини“, т.е. кои се спречени да присуствуваат. Тоа не е некоја новост во нашата Црква. Секогаш имало такви што отсуствувале од Литургијата. Тие кои учествуваат се молат за оние кои се отсутни. Како што знаеме, некој е отсутен затоа што е болен или затоа што е на пат. Меѓутоа, некој е отсутен и затоа што државата, поради вонредните мерки, не дозволува да се присуствува. Тука не постои суштински проблем, зашто постои заедница или општина на оние малубројните. Подобро е да имаме заедница на малубројни, отколку состојба во која нема никој на евхаристиското собрание.

– Токму во овој контекст некои сметаат дека тие кои учествуваат во оваа Литургија со неколкумина се „привилегирани“ и со тоа се во предност во однос на другите?

„Што значи привилегиран? Тие кои се присутни многу би сакале и другите да бидат присутни, но се свесни дека не можат. Тие на тоа не гледаат со ликување или со задоволство што другите ги нема. Свесни се дека преку самите себе ги претставуваат тие што се отсутни… Доколку на Литургијата дојдат неколкумина, тогаш тоа не е приватна Литургија. Важно е да дојдат тие кои не се во опасност и тие кои не носат опасност за другите… Доволно е месниот епископ или свештеник да овозможи алтернативно присуство, така што да не доаѓаат секогаш исти парохијани. Оваа недела едни, другата други… Тој христијанин што е дома, нека се моли. Црквата може да подготви некој вид на служби со што би ги поттикнала верниците да читаат дома, да речеме Утрената служба, но не и да ја читаат службата на Литургијата… Можно е да се носи Света Причест на верниците. Но, колку што знаеме, тоа е тешко сега, зашто ние денес немаме ѓакони кои би им разнесувале Причест на верниците. Во древната Црква на отсутните им се носело Причест. Според тоа, ако ова не е можно, нека има Литургија со неколкумина (кои би се менувале)“.

– Ако тоа се случи во целиот свет (никаде да не се служи Литургија), дали тогаш Црквата би престанала да постои?

„Тоа е само хипотеза. Сметам дека во реалноста тоа не може да се случи. Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе служат Литургија, на пример во манастирите.“

– Некои велат дека со ова (служење Литургија со мал број верници) само „се одржува пламенот“, што е убава поетска слика. Дали е тоа теолошки и суштински одговор?

„Тоа не е одговор. Кога нешто не е наш избор туку е нужност која доаѓа однадвор, тогаш делуваме според она што се нарекува снисходење или икономија. Многу од тоа во практиката не е сосема правилно, но бидејќи не може да важи тоа што е правилно, тогаш го прифаќаме само икономиски. И овде денес го имаме токму тоа: делуваме по икономија за да се соочиме со еден сериозен проблем. Тоа го набљудувам како еден вид на икономија.

– Има такви коишто како решение го предложија следново: свештениците ги подготвуваат честиците од Телото и потоа тие честици ги натопуваат со Крвта Христова. Потоа народот пристапува и зема од тие честици. Што мислите за тоа?

„Иако Црквата не размислувала многу за други начини (на причестување во вакви ситуации), мислам дека би требало тоа да го направи. Во Литургијата на светиот апостол Јаков брат Господов, верниците се причестуваат така што одделно Го примаат Телото, а одделно Крвта Христова. Според поредокот на оваа древна Литургија, тие не се ставаат заедно во путирот… Причестувањето со лажица потекнува од XI или XII век. Тоа е прилично подоцнежна практика и мислам дека привремено, додека трае епидемијата, можеме да се вратиме на древните решенија. Мислам дека тоа (начинот од Јакововата Литургија) е многу добро решение, кога веќе постои страв кај еден број верници.

Но лично би сакал и посакувал верниците да не се плашат од ништо. Сметам дека Телото и Крвта Христови навистина се примање на лекот бесмртен и не мислам дека тоа е опасно. Лично, ништо не би ми пречело да се причестам од заедничкиот путир во време на епидемија, или, пак, со заедничка лажица.

Меѓутоа, затоа што постојат, како што вели апостолот Павле, тие кои се слаби во верата, тогаш треба да избегнеме тие да не се соблазнат. Црквата и за таквите треба да најде решение, да им излезе во пресрет. Треба да избегнеме и да дојдат обвинувања однадвор дека ние христијаните сме неодговорни…

Некаде кон средината на минатото лето Господово, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј испрати окружно писмо до Претстојателите на Помесните Православни Цркви во кое го побара нивното мислење по однос на начинот на предавање на светата Причест во условите што ги наметнува пандемијата од коронавирусот (повеќе бара еднодушен/заеднички настап на сите против оние што ја порекнуваа светоста на Причеста, „фаќајќи се“ за начинот на нејзиното давање). Меѓу другото, ова беше предизвикано и од страна на властите во некои држави, или од некои новинари, некои лекари, некои научници, некои самоповикани експерти за сè, кои воопшто немаат и немале опит со верата, Преданието и сл. Поместувам дел од тоа писмо, повеќе го сметам за исповедание…

„…Со болка ги преживуваме случувањата, кои се појавија во животот на Црквата поради сериозната пандемија од новиот коронавирус… Ние, водени од духот на солидарноста и на соработката во заштитата на здравјето на верниците и на општото добро, одлучивме извршувањето на свештените последованија, на определено време да се спроведува без присуството на верници во храмовите, со што притоа наша примарна грижа беше запазувањето на верата на нашите отци, којашто со векови ја осветува вселената…

Ние ги послушавме советите на здравствените и државните власти и, се разбира, ќе ги слушаме, но сè до оној момент додека не биде засегната суштината и центарот на нашата вера. Снисходењето (отстапувањето) на Црквата достига до Крстот, но таа откажува да се симне од него заради послушание кон началствата и властите од овој свет кога ќе биде оспорувано Таинството над таинствата во нејзиниот живот – светата Евхаристија.

На сите им е познато дека во црковниот живот автентичен толкувач на евангелските и апостолските совети и поуки, како и на духот и на буквата на божествените и свештени канони, е Светото Предание, кое неоткинливо е поврзано со секојдневната црковна практика и со кенотичниот опит (од кеноза што значи испразнување, осиромашување, унижување, смирување, намалување). Прибегнувајќи кон таа осветена практика на Црквата, согледуваме и неоспорно утврдуваме дека таа (Црквата) живее во светот преку светата Евхаристија и во светата Евхаристија, или, со други зборови, светата Евхаристија е откровение и доживување на богочовечкото таинство на Црквата. …

Во тој дух и со тие мисли се обраќаме кон Вас…, изјавувајќи со уверување дека ни најмалку не сме со намера да отстапиме од она коешто сите ние сме го наследиле од нашите блажени отци. Исправени пред така настанатите околности, сакаме да го слушнеме Вашето братско мислење и Вашите размислувања, па во заедништво да дадеме пастирски одговор на споровите по однос на утврдениот начин на предавање на божествената Причест…“

 

Презентира
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада