




“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И НЕГОВОТО ПОТЕКЛО
Најнапред да напоменеме дека овие напишани извадоци се од докажано историското изучување на лингвистиката на светскиот ономастикон (изучување на зборови и имиња), материјали и артефакти од многу научни трудови, од наши но и светски имиња.
Во самата држава Македонија имаме многу пронајдоци и откритија за нашата писменост овде но и во светските музеи, па затоа многу тешко можат да ја засенат нашата историја за писменоста и јазик кој датираат многу милениума наназад пред Исус Христос
За Македонското писмо значителни напори има направено г-дин Г.С.Гриневич кој во 1993 година се обиде убедливо да докаже дека натписите од Крит, Пил и други места со условно датирање од 1.700 до 1.400 год.предн Христа, не се напишани на таканаречен старогрчки јазик, туку се напишани на старомакедонски (прасловенски) јазик и со тоа ги негира досегашните обиди за дешифрирање на коските и глинени плочки од страна на прочуениот англиски археолог Артур Еванс и особено ги оспорува резултатите од шеснаесетгодишната напорна работа на арх.Мајкл Вентрис и док. (Џон Чедуик) во врска со дешифрирањето на Глинените Плочки од Крит напишани со таканареченото Линеарно А и Б писмо, односно со таканареченото “Минојско Писмо” со тоа што и јазикот на Пелазгите и “Минојското Писмо” г-дин Г.С.Гриневич ги третира како Прасловенски. Врз основа надосегашните палеографски и палеолингвистички испитувања, веќе можеме да тврдиме дека таканаречениот “Прасловенски јазик” т.е. таканаречениот “Егејски јазик”, односно “Минојски јазик” или јазик на Пелазгите и другите Македонски племиња (Пеонци, Бриги или Фриги, Пиерци, Венети или Енети и т.н.) фактички преставува многуфункционален, повеќефлексивен јазик на Древните Македонци, кој првите иновации ги доживува уште во праисториско време, а морфолошките релевантни диференцијални особености и согласки на разновидните фонетски и синтаксички особености одат по дијалектна граница на поголем простор од оној на Македонското говорно подрачје на денешниот ЕТНИЧКИ ПРОСТОР НА МАКЕДОНИЈА.
Во селото Чашка, кое се наоѓа во непосредна близина на градот Велес откриен е наод од огромно значење за историјата на старото Македонско писмо пишани траги на глинен поклопец со старомакедонското писмо, кој преставува редок пример на артефакт испишан со името на божицата Веста, Знаците на глинениот поклопец стар 4000 години, кое претставува извор на таа праисториска писменост и јазик на македонското тло, неговото откривање е значајно за потврда на целокупниот културно-јазичен континуитет на овие простори.
Македонскиот денешен јазик, има сличност на зборовите од античкиот македонски јазик, за тоа сведочи податокот на пронајдените над 160 надгробни плочи и на други споменици од праисториско време, на грниња, амфори, земјени садови за жито, вода и вино, пехари, бронзени табли, керамика, на каменот од розета, пронајдок наакадемик Томе Бошевски и проф. д-р Аристотел Тентов (за што МАНУ сè уште се нема официјално произнесено) дека е сочуван голем фонд древномакедонски зборови, нешто повеќе од 3000, од кои се гледа дека тие немаат никаков хеленски (грчки) фонетски белег и карактер. Голем број глоси (зборови) постојат и во современиот македонски ономастикон, што зборува за јазикот и писменоста меѓу древните и современите Македонци кои откриените 3000 зборови и денес се изговараат во македонскиот јазики сè уште ги немаме изгубено од далечната антика до денес.
На Балканот уште пред да се населат Афричките племиња Маври (денешните Грци) во VII век пред Христа, се зборувало и пишувало на јазикот и писмото „КОИНЕ“ кое има сличности и денес со нашиот јазик и писмо. „Илијада и Одисеја“ од античкиот писател Хомер исто така била напишана на вулгарниот јазик и писмо кој бил неразбирлив за самите тогашни Хелени а било напишано со писмото на јазикот „коине“ кој го пишувале и зборувале древните Феникијци, Анти, Венети, Бриги, Пелазги и Пајонци, но за жал ние имаме писмени артефакти од овие еднородни народи, тие опстојувале и живееле на овие простори, но и оставиле и нивно поколение кое неможе никој и ден денес да го избриши овој белег на овие древни народи кои се во нашите гени, бидејќи овие племенски заедници биле присутни на целиот Балкан.
По доаѓањето и пропаѓањето на македонското царство во 168 г.пред Христа можеби малку знаеме за нашето макотрпно и мачно одвивање на овие простори во тоа време, кои своето писмо јазик сме немале право да го зборуваме да ја спомнуваме и изучуваме нашата историја, да го изучуваме нашето писмо и зборуваме нашиот јазик.
Не сите народи ја имале историската среќа нивниот јазик да се манифестира, поготово под власта на Византија.
Византискиот цар Михаил III (842-867) ги испратил браќата Кирил и Методи на една првославна мисија во Големоморафското Царство на кнезот Ростислав. Од 863 година, и тие делуваат оттаму. Царот Михаил им рекол на браќата: “Вие двајцата сте луѓе од Солун, а луѓето од Солун зборуваат слово-македонски јазик но немаат писменост“(бидејќи не можеа и под власта на Византија да го искоренат писмото и јазикот Македонски решија), браќата Кирил и Методи од писмото на античките Македонци „Коине“ ја напишале со измени и дополнувања, Азбуката Глаголицата а потоа и Кирилицата, која и ден денес ја пишуваме и зборуваме.
Ние имаме со што да го докажеме истото за својот јазик, но дали имаат нашите соседи и колку?
Јазикот на Античките Македонци (или Древни Македонци, Стари Македонци) биле древен народ од индоевропско потекло населен на територијата на регионот Македонија, чие име е добиено по нив. Македонија била центар на Македонската Империја. Тие зборувале на свој македонски јазик, за кој не се знае многу. Заклучокот за старомакедонскиот јазик не е јасен. Постојат докази дека античкиот македонски јазик или древниот македонски јазик не бил грчки дијалект, а хеленските племиња не го знаеле македонскиот древен јазик.[1]
Античките историчари и хроничари во своите пишани дела известуваат дека античките Македонци говореле посебен јазик, различен од Елините (Грците) и останатите соседни народи.
Како Акаранците, Македонците и Етолците не биле Eлини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess. (Tit Livi, book XXX, p. 29).
Еден од најголемите антички биографи на Александар Трети Велики, Плутарх, пишува дека Александар ги повикувал своите телехранители на македонски јазик (Плутарх, Алекс. стр. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен, стр. 14).
Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководач Филота и Александар Македонски: “Царот најпрво го погледна Филота и рече: “Македонците решија да те судат”. Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: “Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат”. Потоа, царот рече: “Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јазик, зашто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот македонски јазик (Курциус Руфус, VI, c. 36).
Со најновите откритија на академик Томе Бошевски и професорот на ЕТФ Скопје др. Аристотел Тентов на јазикот на записот на Каменот од Розета, кој е фараонски указ од античкомакедонската династија Птолемеиди која владеела со Египет, е декодиран еден дел од античкомакедонскиот јазик. Откриениот текст на Каменот од Розета, кој е истражен според сите светски стандарди за дешифрирање на античките јазици, покажува неверојатно голема сличност со денешниот македонски јазик и повеќе други денешни словенски јазици. Според откриениот текст кој е пишуван од десно на лево, без интерпукциски знаци, покрај големиот број на исти и слични зборови со денешниот македонски и други словенски јазици, откриено е дека во античкомакедонскиот јазик постоеле 8 самогласки, кои се застапени во денешниот македонски јазик (5 од нив), повеќе македонски дијалекти и во литературниот словенски јазик.
Многу години подоцна, претседателот на Археолошкото друштво во Атина, г-дин Јаковакис Ризос Нерулос, во својот говор на Акропол на 21 мај 1841 година, рекол: „Филип ја победи Грција во Херонеја, ама стори и нешто друго, посмртно од оваа победа, го создаде Александар.“34
34 Цитат: Lithoksoou, D., Symmiktos Laos, Mpatavia, Thessaloniki, 2005; певод: Аз-Буки, Скопје, 2005.
ГРЧКИ ЈАЗИК
Европската наука која не ја познава античката македонска историја и нејзиното митолошко значење, кои датираат длабоко во митската и античка историја, ги потврдуваат следните научни факти. Науката вели дека грчкиот јазик е најстариот европски културен јазик, што го докажуваат имињата како Хомер (според преданијата Хомер бил овде на овие простори 3 века пред доселувањето на Афричките племиња Маври денешни Грци, тој исто е и слеп, и различни јонски градови се сметаат за негово родно место – но не и грчки – инаку неговата биографија е празна), Платон (род. во 427 пред Христа -347 год. пред Христа во Агин-Агис, исклучително влијателен класичен филозоф, ученик на Сократ, учител на Аристотел) и Аристотел (роден во 384 год. пред Христа во Страгира на полуостровот Халкидик, тогашна Македонија). Дали е можно овие луѓе да се одрекуваат себеси од својот јазик, идентитет и своето етничко потекло? Тие немаат ништо хеленско, ахајско, најмалку пак грчко, доколку за овие тврдења не е направен најголемиот историско-антички фалсификат од страна на Грците.
По поробувањето на Македонија од страна на Римското царство, Грците веднаш стапиле во сојуз со Римјаните и ја толкувале и пишувале историјата по своја волја!
Во стара Грција распространетиот разговорен јазик и писмо „коине“ делумно бил сметан за вулгарен јазик, поради тоа што со доселувањето на Афричките племиња Маври подоцна Ахајци-Хелени па Грци, и со мешањето на двата јазика се создава класичен антички јазик, а доселениците кои го учеле и пишувале јазикот коине подоцна го сметале за вулгарен јазик – „тоа што го сакаат, потоа го плукаат“. Мала доза на свест за реалноста на секое прекумерно хуманистичко воодушевување му дава следниот цитат во посвежата историја за време на Османлиите: „Вистинските Грци, оние кои се фатија за оружје и кои на Пелопонез против Османлиите се бореа за она што подоцна ќе произлезе дека е формирање на нова и независна национална држава, збореа исто толку малку старогрчки колку што Италијаните говорат латински“. По ослободување на Грција од Турците, јазичното прашање останало неразрешено. Два јазика си конкурирале еден на друг: литературниот (писмен) јазик катаревуса и говорниот (народен) јазик демотике. Со текот на времето јазот помеѓу јазикот на народот и јазикот на учените толку се проширил, што за да се разбере јазичното прашање неопходно било високо образование, кое пак им било достапно само на високите класи во Грција. Бидејќи употребата на едниот или на другиот јазик зависела од позицијата во општеството, јазикот станал статусен симбол. Ова довело до јазична анархија. Во 1850 година (по Христа) Адемантиос Кориас извел нов јазик за настава, кој станал и официјален државен јазик. Во 1911 година јазикот катаревуса бил прогласен за официјален јазик. Дури во 1917 година Венизелос го доведе демотике-грчкиот во основните училишта. Во 1964 година Централната партија и двата јазика ги сметала за рамноправни. Во времето на воената хунта, во 1967 година, катаревуса повторно бил прогласен за службен јазик, а демотике бил ограничен на првите четири години во основното училиште. Овој јазичен дуализам дури во 1976 година бил тргнат настрана. Демотике станал официјален јазик во образованието и службите, но катаревуса уште долго време бил јазикот на судовите, црквата и армијата. Тие немаат никаква блискост, ниту збор со античкиот јазик, на македонските владетели.
СРПСКИ ЈАЗИК
Со населувањето на Српската група племиња на Балканот во 626 година јазикот бил неразбирлив, но со подигањето на дигнитетот на црковниот т.н. словенски (старомакедонски), кој бил црковен јазик на браќата Кирил и Методиј, и по наредба на византискиот цар овој јазик се употребувал во сите цркви, а со тоа и се учел. Подоцна старо-српскиот јазик бил потиснат и од навлезениот руски црковнословенски јазик, со што се создала нова јазична мешавина наречена „славено-српски јазик“. Престижот и употребата на овој вештачки мешан јазик била на ниско ниво. Дури во почетокот на ХIХ век, на реформаторот на јазикот Вук Караџиќ му пошло од рака народниот јазик да го издигне на ниво на писмен јазик. На Виенскиот јазичен собир во 1850 год., Србија и Хрватска се одлучиле
дијалектот од источна Херцеговина да биде заеднички српско-хрватски писмен јазик, но неговото спроведување одело бавно. На договорот во Нови Сад во 1954 год. се говорело за бицентристички стандарден јазик. Имено, Белград и Загреб дури по пресвртот, откако Хрватска тргнала по сопствен пат, со новиот устав на СР Југославија за службен јазик се прогласил српскиот јазик. Притоа двата јазика имаат многу сличности.
БУГАРСКИ ЈАЗИК
Најнапред да потсетиме дека периодот на најзначајната дејност на светите браќа Кирил и Методиј бил некаде од 863 година (Великоморавската мисија) и тоа е општопознато. Неупатените приврзаници на хипотезата за бугарското потекло на македонската нација, кои манипулираат со овој период, веројатно многу ќе се изненадат поради ноторниот факт дека во времето кога се зачнати почетоците на словенската писменост повеќето етнички Бугари сè уште не знаеле ни да зборуваат (а камоли да пишуваат) на т.н. словенски јазик (старо-македонски).
Прв позначаен етнички Бугарин, кој заедно со своето семејство почнал да го учи словенскиот јазик (старо-македонскиот) бил Бугаринот хан (кнез) Борис. Тој почнал да го учи словенскиот јазик (старо-македонскиот) дури откако го примил христијанството во 865-866 година, значи најмалку цели три години по Великоморавската мисија на светите браќа, т.е. по времето кога бил веќе создаден т.н. словенски книжевен јазик. Но поради фактот што овој јазик (како книжевен) го прифатиле и други народи, во светот сè уште се практикува терминот старословенски јазик. Значи, секаде каде што во оригиналните документи или цитати се спомнува старословенскиот јазик, тоа „де факто“ се однесува за старо-македонскот јазик, т.е. јазикот на кој тогаш зборувале нашите предци околу Солун и целата Македонија. По покрстувањето на бугарскиот кнез Борис (иако со тешкотии) почнало масовно покрстување на Бугарите. Бугарите паралелно со своето покрстување го учеле и словенскиот јазик (старо-македонскиот). Словенскиот јазик (старо-македонскиот) го учело и семејството на синот на Борис, последниот цар Симеон. Симеон за да го забрза прифаќањето на словенскиот (старо-македонскиот) јазик од страна на Бугарите, во 893 година на Соборот во Преслав го прогласил овој јазик за официјален јазик во Бугарија речиси цели 30 години по неговото создавање во Македонија. Бугарите тогаш си имале официјален јазик во својата држава. Прв официјален јазик во Првото бугарско ханство бил турко-бунгарскиот јазик. Самите факти кажуваат дека бунгарскиот јазик немал никаква допирна точка со т.н. словенски јазик (старо-македонскиот), сè до покрстувањето на бугарскиот хан (кнез) Борис, учењето на црковниот старословенски јазик и одржувањето на литургиите во самите цркви. По добивањето на автономија во 1878-1880 година, бугарскиот јазик бил кодифициран.
АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Истражувањето на албанскиот јазик е многу тешко бидејќи не може да се поврзе со ниту еден постар културен јазик. Во овој контекст често споменуваниот илирски јазик не нуди сигурна основа, со оглед на тоа што не е на широко познат, и во секој случај е културен јазик во потесна смисла. Настанокот на албанскиот јазик од илирскиот во никој случај не може да биде докажан со сигурност и надвор од Албанија често се става под знак прашање, така што раното присуство на Албанците во југоисточна Европа, поради недостигот од сигурни извори, не може директно да се докаже.
Но и Албанците како Грците и Бугарите си ја склопуваат историјата според своите желби и престави.
Албанците основале своја азбука и била признаена дури пред 101 во Битола каде и ќе биде одбележана на 22.11.2009 г. 101-година на современото албанско писмо. Во битолската меморијална зграда, каде што 1908 година бил одржан конгресот на албанските патриоти.