www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,580,013
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ АНТОНИЈ НОВ ЧУДОТВОРЕЦ

30 јануари

Свети Антониј Нов Чудотворец живеел и се подвизувал во 14 век. Бил роден во македонскиот град Бер (Верија). Неговите родители биле имотни луѓе, а тој уште како дете се посветил на Бога. Во раната младост се замонашил во еден манастир во Пиерија (област во јужниот дел на денешниот егејски дел на Македонија). Во манастирот, свети Антониј живеел богоугоден живот, исполнувајќи ги сите задачи поставени од игуменот. Но, еден ден го замолил игуменот да му дозволи да се исели од манастирот и да се насели во една пештера во блиската шума. Игуменот се согласил и свети Антониј заминал. Откако нашол погодна пештера, преподобниот осаменик се населил во неа и таму останал да живее, подвизувајќи се цели педесет години. Бил посетуван само од еден свештеник, кој повремено доаѓал да го причести. Никој друг не знаел каде живее свети Антониј. За цело време се хранел само со растенијата што растеле околу пештерата и пиел вода од блискиот извор. За неговите бројни искушенија и подвизи раскажувал свештеникот што го причестувал. Ѓаволот на секаков начин сакал да го измами, престорувајќи се ту во облик на разбојници кои доаѓале да го претепуваат, ту во облик на ѕверови кои сакале да го изедат, ту во облик на надојдена вода што се заканувала да го потопи заедно со пештерата. Но, сето тоа свети Антониј го издржал со Божја помош. Длабока старост доживеал и отишол на небесата кога имал над деведесет години.

По неговата смрт, некои ловџии поминале крај пештерата во која се подвизувал. Нивните кучиња почнале да лаат и тие погледнале кон пештерата. Таму им се прикажала некоја рака која ги повикала да влезат. Тие помислиле дека тоа е некој нивни другар кој ги повикува да ловат во пештерата. Но, кога влегле виделе дека внатре нема никого. Наеднаш го здогледале мртвото тело на светителот над кое имало светлина. Така сфатиле дека се работи за свет човек и се поклониле. Кога се вратиле во градот веднаш го известиле епископот. Тогаш епископот заедно со свештеници и многу народ се упатиле кон пештерата од каде го презеле телото со сите почести. Но, меѓу жителите на Бер и Пиерија настанало несогласување околу тоа кој од нив да го преземе телото на светителот. На крајот одлучиле за тоа да реши самиот свети Антониј. Го ставиле неговото тело на една кола во која впрегнале два вола. Потоа ги пуштиле воловите сами да одат. Тие отишле право во Бер и застанале пред домот на неговите родители. Така, самиот светител ставил до знаење дека сака неговите мошти да почиваат во неговиот роден град. На тоа место подоцна била подигната црква во која биле положени неговите мошти. Од нив биле забележани многу чуда, а планината во која се наоѓала пештерата каде што се подвизувал подоцна станала живеалиште и на други монаси. Таму биле подигнати скитови со неговото име.

Гледано од историски аспект, свети Антониј Нов Чудотворец живеел во истиот век со света Партена и свети Макариј Макрис. Но, очигледно дека тој живеел и починал неколку децении пред нив. Доказ за ова е фактот што тој починал во време кога сe уште во Македонија можела слободно да се исповедува христијанската вера, што не било случај со времето по доаѓањето на Осмалиите. Имено, во житието читаме дека архиерејот слободно и во присуство на многу народ отишол по неговите мошти, а подоцна била изградена и црква во негова чест. Сето тоа не можело да се случи доколку тие области биле заземени од Османлиите (осумдесеттите години на 14 век). Секако дека поминале барем неколку години од пренесувањето на моштите на свети Антониј до изградбата на црквата посветена на него. Затоа може да се претпостави дека тој починал најдоцна во средината или на почетокот од втората половина на 14 век. Поради податокот според кој тој живеел цели деведесет години, јасно е дека бил роден во 13 век (веројатно во втората половина). Во времето на неговата младост Бер се наоѓал под византиска власт. Познато е дека во времето пред доаѓањето на Османлиите во Македонија навистина масовно се граделе цркви и цутеле сликарството и писменоста. Оттаму, сосема одговара на историската вистина податокот според кој, недолго по откривањето на неговите мошти во негова чест била изградена црква.

Проф. Александар Донски
Од книгата Македонски светители


Обработил и презентира

Прота Митко Попоски
Виндзор Канада