www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,219,688
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ

28 јануари

Свети Гаврил Лесновски се родил во близината на Крива Паланка, живеел во 11 век. Неговите родители биле имотни луѓе и биле блиски до царските советници. Тие долго време немале деца поради што постојано се молеле на Бога да им дари рожба. Бог им ја услишал нивната молитва и им дарил чедо – син.

Откако пораснало детето тие го дале кај некој учител за да го научи да чита и да пишува. Детето било многу бистро и набргу почнало да го чита Светото Писмо, не одвојувајќи се од него. Кога дошло време да се ожени, родителите му нашле девојка од царскиот род. Но, тогаш девојката упокоила. Гаврил ги замолил своите родители да го благословат за да оди и да се посвети на Бога. Тие му дале благослов и тој заминал.

По патот се сретнал со некој ѓакон по име Тома со кого продолжил да патува. Преку ноќта на момчето Гаврил на сон му се јавил Ангел Господов, и му рекол: “Стани и појди во Осечко Поле на местото што ќе ти го покажам и изгради таму дом Божји и посвети го на раѓањето на Пресвета Богородица.” Откако се разбудил Гаврил се вратил во својот родителски дом и им раскажал на родителите за својот сон. Тие му дале пари и тој набргу изградил црква на местото кое му било посочено. Потоа Преподобниот заминал во Лесновскиот манастир, каде побарал да се замонашил. Игуменот на манастирот отпрвин го ставил на многу искушенија, а откако го согледал неговото смирение и трпение, го замонашил. По извесно време свети Гаврил побарал од игуменот да му даде благослов за да живее во некој скит близу манастирот во долината кон Злетово. Игуменот се согласил и Преподобниот отишол таму, минувајќи го времето во молитвa, неспиење, молчење и осаменост. Народот разбрал за него и мнозина доaѓале да бараат да им помогне во своите немоќи и болести, што тој тоа и го правел, преку молитвеност до Бога. Но, постојаните посети на луѓето го натерале преподобниот да го напушти скитот, по што се преселил во местото Луково во некоја мала шума, каде поминал извесно време. Таму никој не го вознемирувал, но еден ден случајно наишол некој козар со своето стадо. Кога го видел свети Гаврил како се моли, козарот паднал на колена пред него и во очај почнал да го моли да му помогне преку молитвите кон Бога затоа што неговите кози добивале некоја болест од која секојдневно слабееле и умирале. Преподобниот Гаврил му рекол на козарот: “Не плаши се чедо, твојата тага Бог ќе ја претвори во радост.” Во близина имало некој камен на кој имало дупка во која имало собрано дождовница. Свети Гаврил дошол близу каменот, се помолил на Бога, а потоа ја прекрстил водата. Земал од неа и му дал на козарот велејќи му да ги попрска козите. Козарот го сторил тоа и козите навистина оздравеле. Но, потоа свети Гаврил го напуштил и ова место и заминал уште подлабоко во дивината. Дошол на некој рид што го викале Облов Врв, каде живеел и се подвизувал во пост и молитва уште триесет години. Таму и го завршил земниот живот.

Оние кои го знаеле не знаеле каде почиваат неговите мошти. По долго време свети Гаврил се јавил во сон на некој монах по име Јосиф (по потекло Русин), кој во тоа време се подвизувал во Софија (Бугарија). Свети Гаврил во сонот му рекол на монахот да појде на ридот Облов Врв и да ги земе неговите мошти. Но, монахот не знаел дали тој сон е вистинит или можеби е некоја измама на ѓаволот. Следната ноќ пак го сонил истиот сон. Монахот се исплашил, но и овојпат не реагирал. Третата ноќ повторно го сонил истото. Утредента отишол кај владиката и му го раскажал својот сон. Епископот се распрашал кај луѓето од околните села дали во таа епархија има рид што се вика Облов Врв, а тие му рекле дека нема. Тогаш епископот испратил писма до сите епархии, прашувајќи ги дали во нивната епархија има рид со такво име. Едно такво писмо стигнало и во Злетово. Тамошниот епископ се распрашал и дознал дека тој рид се наоѓа во неговата епархија. Набргу го известил епископот од Софија, кој дошол во Лесновскиот манастир, заедно со монахот Јосиф и неколку свештеници. Оттаму се упатиле кон ридот Облов Врв, но не знаеле точно каде се наоѓаат моштите. Ноќта, свети Гаврил повторно му се јавил во сон на Јосиф и точно му го кажал местото каде почиват неговите мошти. Утредента и навистина таму ги нашле моштите и откако им се поклониле со сите почести ги пренеле во Лесновскиот манастир. Набргу, преку во Името на Господ Исус Христос таму почнале да се случуваат чудни излекувања. Забележано било излекувањето на раката на ќерката на еден Ерменец, кој живеел во Кратово.

Во продолжение на житието читаме дека со тие краеви завладеал некој бугарски кнез Михаил, кој добро ја уредувал власта во својата земја. Но, против Михаил набргу се кренал некој Мавраган, кој бил богат и силен маж и кој ја завладеал земјата на Михаил. Подоцна Михаил зајакнал, собрал војска и пак се случила војна со Мавраган. Но, и овој- пат победил Мавраган, а Михаил побегнал во местото Ратковица. Тогаш Михаил почнал да се моли. Ги кренал рацете кон небото и извикал: “Помогни ми пореподобен оче Гавриле, многу ти згрешив. Моите родители не ти оддадоа достојна почит, јас те оставив и видов голема мака пред очите.”

Истата ноќ на сон му се јавил свети Гаврил и му рекол утредента да појде во Злетово со своите војници и да го убие Мавраган. Следниот ден кнезот Михаил отишол со војска во палатата на Мавраган и навистина успеал да го убие.

По смртта на кнезот Михаил со тие краеви владеел Јован Оливер, кој бил советник и писар на српскиот крал Стефан Силни. Јован Оливер имал голема почит кон свети Гаврил Лесновски и затоа подигнал уште поубава и поголема црква на место на претходната. И во оваа преубава и раскошно украсена црква продолжиле чудните излекувања, а во земјата завладеал долгогодишен мир. Потоа читаме дека османлискиот цар Мурат објавил војна на српската држава, водејќи под своја команда триста илјадна војска. Кога разбрал за ова бугарскиот патријарх од Трново се ислашил дека моштите на свети Гаврил Лесновски можат да бидат запалени од Османлиите и затоа ги пренел во Трново, во местото Трапезица во храмот посветен на Светите Апостоли, каде останале до времето на запишувањето на житието.

За свети Гаврил Лесновски постоеле две житија. Постарото житие било напишано во 1330 година од запишувачот Станислав. Тој го напишал ова житие врз основа на постара и поопширна верзија, која не останала зачувана. Второто зачувано житие за свети Гаврил Лесновски било напишано во 1868 година од попот Иван Христев од Кратово. И ова житие тој го напишал врз основа на постара верзија, која била однесена во Србија. Ова житие е поопширно од она напишано во 1330 година. Текстот што овде го предадовме е направен врз основа на обете житија.

Досега неколкумина научни работници и истражувачи од разни земји имаат работено на анализирање на житијата на свети Гарвил Лесновски во контекст на историските настани што се спомнуваат во нив. Меѓутоа, постојат различни мислења во врска со времето во кое тој живеел. Збир на ваквите анализи е презентиран во книгата “Локални хагиографии во Македонија” од д-р Вера Антиќ (Скопје, 1977 год.), па во продолжение ќе се послужиме со податоци од оваа книга.

Конкретно, некои истражувачи сметаат дека свети Гаврил Лесновски живеел заедно со свети Прохор Пчињски, свети Јоаким Осоговски и свети Јован Рилски. Тие се повикуваат на податокот спомнат во житието на свети Јоаким Осоговски: “Се појавија чудни и вистински новопросветени оци наши и пустиножители, небесни луѓе и земски ангели, последователи Христови, Јован и Прохор заедно со Гаврил, со нив преподобниот отец наш Јоаким, чесна четворица, богоизбрана дружина”.

Но, истражувачите Иречек и архиепископот Филарет Черниговски утврдиле дека сепак овие четворица светители не живееле во исто време и дека свети Јован Рилски живеел во 10 век, а светителите Гаврил Лесновски, Прохор Пчињски и Јоаким Осоговски живееле во 11 век. Бугарските историчари Снегаров и Иванов сметаат дека свети Гаврил Лесновски живеел во 11 и 12 век, а така смета и српскиот црковен историчар Јустин Поповиќ. Тие се повикуваат на настанот во врска со писмото на софискиот митрополит што го упатил до околните епископи, меѓу кои и до злетовскиот. Имено, токму во тоа време Софија и Лесново биле под заедничка црковна власт. Во Прологот од монахот Тадија (Белград, 1984, стр. 37) пишува дека свети Гаврил Лесновски живеел и починал во 10 век, а така сметале и бугарските истражувачи Цухлев и Каранов. Цухлев ја споменува епизодата со спомнувањето на родителите на кнезот Михаил, кои не покажале почит кон свети Гаврил, што значи дека тој умрел пред нив и живеел во време на цар Петар (10 век). Цухлев претпоставува и дека рускиот монах Јосиф останал во Бугарија како заробеник по воените походи на рускиот владетел Свјатослав против Бугарите во 968 година.

Загадочен е и ликот на бугарскиот кнез Михаил што се спомнува во житието на Свети Гаврил Лесновски. Истражувачите се согласни дека се работи за некој локален кнез, а неговиот непријател Мавраган најверојатно бил некој локален војсководител на Печенезите и на Куманите кои тогаш напаѓале во тие краеви. Ова се гледа и од пресудната борба во локалното место Ратковица, што значи дека тоа било локален судир. Значи, еве еден историски податок од житие на светител што треба да се внесе во официјалната историографија, а тоа е името на бугарскиот локален кнез кој управувал со тие краеви.

Родното место на свети Гаврил Лесновски Осечко Поле, како и селото Осиче, се најдени околу селото Градец близу Крива Паланка.

И за Лесновскиот манастир се знае дека постоел пред доаѓањето на свети Гаврил во него (исто како што пишува во житието).

Историска личност, спомната во житието, е и Јован Оливер за кого се знае дека бил намесник и советник на цар Душан. Јован Оливер тогаш управувал со Кратовско и со Овче Поле. Во Лесново е пронајден натпис со неговите задужбини од кој се гледа дека манастирот навистина бил обновен од него во 1341 година.

Секако дека историска личност е и османлискиот султан Мурат Први (1362- 1389), кој и навистина со огромна војска ја нападнал српската држава.

Што се однесува до моштите на свети Гаврил Лесновски се смета дека тие биле пренесени во 13 век од страна на некој од царевите на Асеновската династија во времето на т.н. “Второ бугарско царство” и дека биле однесени во црквата “Свети Апостоли” во местото Трапезица. Во бугарската книга под наслов “Житија на светиите” (Синодално издателство, Софија, 1991, стр. 41) читаме дека по османлиското навлегување во Бугарија на моштите на свети Гаврил им се изгубила трагата. Но, постои запис од 1694 година од монахот Исаија во кој читаме дека моштите на свети Гаврил во тоа време (крај на 17 век) сe уште се чувале во манастирот, иако Османлиите веќе ги држеле под своја власт тие краеви повеќе од два века (д-р Вера Антиќ, цит. дело, с. 150).

Да го кажеме и тоа дека во толкувањето на житието на свети Гаврил Лесновски во некои дела од соседните црковни историографии дошла до израз анти-македонската дневно-политичка пропаганда. Така, во Прологот (Белград, 1984) пишува дека свети Гаврил бил Словен, а во бугарската “Житија на светитите” пишува дека бил Бугарин (иако Бугарите никогаш масовно не се населиле во овој дел од Македонија). Значи упорно се избегнува да се спомне неговото македонско потекло и истото или се маскира со општата именка Словен или целосно се искривоколчува со туѓ етноиним (Бугарин). Ваков е случајот и со други македонски светители.

Проф. Александар Донски
Од книгата Македонски светители

 

Обработил и презентира
Прота Митко Попоски
Виндзор Канада