www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,545,567
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ПРЕПОДОБЕН ДАВИД СОЛУНСКИ МАКЕДОНСКИ – ОТШЕЛНИК

9 Јули

Овој благословен и блажен отец свети Давид живеел кон крајот на 5 век и почетокот на 6-от. Бил како земен ангел и небесен човек, тој рано ја напуштил својата татковина, Месопотамија и сите земни приврзаности, го земел својот крст и го следел Господа. Се замонашил во Солун, во манастирот св. Теодор и Меркур – Кукулат. Монахот Давид ги смирил желбите на своето тело со континуирана аскетска воздржаност, и се појавил како ангел во телото. Одел по патот на разбирање на доблест, потпирајќи се на медитација и на Светото Писмо по примерите на многу светители. Особено го воодушевувале подвизниците на столбови: Симеон Стратилат, Симеон Дивногорец, Даниел, Патапиј и други. Тој се обидел да ги имитира, и во близина на градот Солун, почнал да живее на бадемово дрво кое растело од десната страна на црквата, градејќи нов невиден столб на гранките. Таму, како добронамерна птица, ги тешел со корисни совети сите оние што прибегнувале кон него. Аскетот трпеливо го поднесувал секое време: силни ветрови, сончева топлина, потоци од дожд, зимски невремиња пропратени со снег и студ. Тој ја немал и онаа подржка која ја имале светителите кои се подвизувале на столбови. Преподобниот Давид бил приморан секогаш да се држи за својата гранка – станал како птица која деноноќно му ги издига на Господа слатките звуци со континуирани молитви и пофалби. Неговиот ум секогаш бил насочен кон божествената височина, па Бог го збогатил со дарот на чудотворност, и тој постанал сјајниот столб на Црквата, која ги просветли сите со своите чуда.

Ревносни подвижници во делата и добродетелта, го молеле да слезе од дрвото да живее во ќелија и да ги поучува за основите на монашкиот живот. Но, Свети Давид им рекол дека нема да слезе од дрвото додека не се исполнат три години на дрвениот столб. Тогаш му се јавил ангел Господов и му рекол дека Господ му ги исполнил неговите молитви и му дал смирение и побожност што ја побарал од Бога, и да биде подготвен за друга мисија. Светителот им ја кажал таа визија на подвижниците, тие му подготвиле ново живеалиште, посебна келија под бадемовото дрво. Потоа, во присуство на Солунскиот митрополит, бројни свештеници и монаси – монахот Давид се симнал од дрвото. Отслужиле заедничка Божествена литургија, а потоа се повлекол светителот во молитвена духовна радост – сето тоа било проследено со голема благодарност кон Бога.

Преподобниот Давид се молел непрестано, вниманието не го одвлекувало никаде на друго ништо, се здобил со уште поголема благодат и милост од Бога. Една ноќ, војниците кои стражареле на градските ѕидини, виделе како од ќелијата на светецот непрестано се распрснува пламен. Кога дошле утрото кај ќелијата виделе дека ништо не е оштетено, се било како и претходниот ден, а Божјиот човек жив и здрав. Ова чудо често се повторувало, целата околина можела да посведочи за тоа. Некој си од жителите, кој постојано бил присутен на тој феномен, рекол: „Ако Господ им дава таква слава на Своите слуги, тогаш што им подготвил во идниот живот, тогаш нивните лица сигурно ќе светат како сонце?“ и заминал истиот во Египет да се замонаши.

Божествената слава за која размислувал монахот Давид му дала моќ да протерува демони. Светителот во името Христово им го вратил видот на многумина слепи, многумина болни исцелил, така да целиот град го почитувал како Ангел чувар.

Во тоа време, разни племиња ја пустошеле скоро цела Македонија. Солунскиот митрополит Аристид и сите благородници и граѓани побарале Императорот Јустнијан Први (527-565) да даде заповет резиденцијата на префектот да биде пренесена во Солун. Владиката собрал благородници и свештеници да одат во Цариград кај Императорот и да молат. Но сите тие едногласно извикале дека само светиот испосник Давид може да биде достоен преставник пред царот. Монахот осврнувајќи се на својата напредната возраст, во почетокот одбил, но потоа сеќавајќи се на визијата од Ангелот, ја прифатил. Тој предвидел дека ќе умре при своето враќање.

Кога подвижникот ја напуштил својата ќелија, жителите на градот, гледајќи го, се поклониле до земи: косата и брадата го покривале телото на подвижникот од глава до пети, а лицето му зрачело како некогаш на Авраам. Кога пристигнал пред царот во Цариград со двајца свои ученици, царот не бил во дворецот, а светителот бил примен од царицата Теодора. Таа го замолила светителот да се моли на Бога за спас на Империјата и градот. Кога царот Јустинијан пристигнал му кажале дека го чека некој Божји човек. И во присуство на целиот Сенат, царот сакал да го слушне барањето на преподобниот Давид. Светителот зел жар во своите раце, ставил темјан и раскадил околу себе, жарод со темјан го држел еден час, огнот не му ги оштетил неговите раце, ниту пак го повредил. откако царот го видел ова, се зачудил и милостиво се поклонил до земјата, кое било угодно пред Бога, и го исполнил барањето на митрополитот и на народот. Го испратил светителот назад со големи почасти.

На враќањето кон Солун, кога бродот се бриближил до светилникот, преподобниот Давид, ги благословил сите и се претставил пред Господа, според пророштвото, му ја предал својата душа на Господа во 548. Иако ветерот бил многу силен, бродот застанал и благоугоден мирис се разнел на секаде, се слушнале и небесни гласови. Кога визијата прекинала, бродот продолжил да плови. Солунскиот митрополит и народот го пречекале бродот со светителот на брегот. Телото на преподобниот Давид било пренесено низ градот и погребано во манастирот на мачениците Теодор и Меркур.

Сто и педесет години подоцна, игуменот на манастирот, сакајќи да земе парче од моштите на светителот, наредил отварање на неговиот гроб, но каменот на кој лежел светителот се скршил на илијадници парчиња. Триесет години подоцна, тогашниот игумен успеал да го поткрене ковчегот и ги нашол светите мошти на светиот Давид нараспаднати. Во 1222 година, за време на латинското владеење, моштите биле пренесени на некое светилиште во италијанските планини.

Со својот ангелски живот и со натприродни чуда, овој блажен отец ги надминал границите на човечката природа и отишол при својот Господ, Кого го сакал целиот свој живот.

Подготви
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада