www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,028,029
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ДА СЕ БИДЕ СО ГОСПОД НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА

Тумачење на Божествената Богослужба

Серафимска песма 2.

 

А сега, сакам детално да се осврнам на вториот дел од евхаристијскиот канон – на Серафимската песна. Што значат зборовите на таа мала песна што светиот пророк Исаија ги слушнал во својата необична визија: „СВЕТ, СВЕТ, СВЕТ ГОСПОД САВАОТ“? Мислам дека тие зборови се разбирливи за секого; исто така е разбирливо зошто тие се повторуваат три пати. Во Стариот Завет, често се споменуваат трите лица на Пресвета Троица. Песната на Серафимите ја исповедаат нашата најголема догма. Додека зборот „САВАОТ“ бара објаснување. Во превод од еврејски, името Саваот буквално значи Господ над војските. Тоа е големо име. размислете за Него. Бог се нарекува Господ над војските. Тоа е затоа што Тој е Творец на небесните војски.

Но, тоа име има и друго значи – дека Бог особено благословува, особено ги заштитува сите оние кои се борат во Негово име, борејќи се со своите страсти, со ѓаволот, со овој свет на прељуботворност и зло, кои застануваат во одбрана на името на Господ против Неговиот непријатели.

На Господа не му се допаѓаат духовно слабите, плашливите и млитавите. Тој од нас бара смело и храбро да го исповедуваме Него како Господ. Црквата Божја ги слави светителите, праведните, преподобните, особено висока награда Господ им ветува на учениците и на оние кои доживеале физички, телесни измачувања поради Него или на оние кои претрпеле духовно измачувања – потсмев, прогонство, ругање, клевета поради славење на Неговото Име. Таквите особено ги прославува Господ. И нас нè учи да стоиме без страв цврсто во одбраната на Неговата Црква: да не се плашиме од страдање и прогонство, да ги браниме нејзините темели, нејзините институции и догми; храбро да ги поднесуваме секакви искушенија и напасти од непријателите, особено од слугата – кнезот на темнината (ѓаволот); да се бориме истрајно и упорно против нашите гревови и страсти. Таквите силни борци особено се заштитени од Господ со Неговата благодат, Тој особено промислува на нив со посебно внимание и тие ја уживаат Неговата посебна грижа. Како што земниот војсководител се грижи за своите војници, кој ги познава секого поединечно, тој ги знае потребите на секој, така и Господ над војската, Господ, над небесните војски, Кој се грижи и ги познава сите поединечно. Сите негови пророци, сите негови апостоли биле истовремено и Негови војници. Сите тие издржале тешки борби и маченички подвиг во исповедање на Неговото Име. И со каква љубов, грижа и заштита Господ ги опсипа сите Свои слуги и војници.

Ете, драги мои, во времето кога се пеат тие зборови: „СВЕТ, СВЕТ, СВЕТ“, молете се Господ да ви даде храброст во борбата против гревот, да ве зајакне да стоите цврсто во одбрана на Неговото Име. Кога ќе се пеат зборовите „СВЕТ, СВЕТ, СВЕТ“, погледнете во себе, видете кој сте, дали сте војници на Небесниот Цар, кои смело и храбро одат кон непријателот, ѓаволот и неговите слуги, или пак сте дезертери кои го напуштија бојното поле, кои срамно побегнале од знамето на својот Војсководач. Не заборавајте правилно и цврсто да го држите мечот Господов – Неговиот крст. Со знакот на Неговиот крст, ги победувате сите непријатели видливи и невидливи. Облечете се според зборовите апостолски, во оклопот на спасението. Застанете смело, бранејќи ја Црквата Божја и светото име Господово. Господ над војските, Кој секогаш е во соборот на своите маченици, подвижници и борци против страста, ќе ви испрати посебна милост. И во зборовите кои следат: „Небото и земјата се исполнети со Твојата слава“ – потполно се разбирливи. Тие значат: небото и земјата се исполнети со Твојата слава, целиот свет ја објавува славата Божја.

Следниот збор е Осана. Сакам да ви објаснам: Осана, на еврејски хошијана, на грчки осана значи поздрав: здраво, те поздравувам, да ти биде добро. Ете како се преведуваат тие зборови. Секој народ ја искажува својата радост, свој поздрав кога се среќава со своите истакнати луѓе, на пример, со војсководачи, со посебен восклик. Евреите ги изразувале тие чувства со тој збор – хошијан. Во старозаветната црква го празнувале таканаречениот празник сеница, кога Евреите излегле во полето, правеле шатори, ги покривале со зеленило и таму го прославувале целиот празник. Додека Еврејските деца, носеле гранчиња во рацете, и трчале по полето и при среќавањата едни со други мафтале и викале: „хошиана“, Осана, кое значи „те поздравувам, здраво, да бидете во радост“. Со истиот восклик, децата (во најголем број) го пресретнуваа Исус Христос Спасителот кога тој влегувал во Ерусалим.

Нашето пеење „ОСАНА ВО ВИСИНИТЕ, БЛАГОСЛОВЕН Е ОНОЈ КОЈ ДОАЃА ВО ИМЕТО ГОСПОДОВО“ го искажува својот поздрав кон Христос кој доаѓа. Гледајќи ја неговата бесконечна љубов кон луѓето, гледајќи Го како оди на жртва, серафимите со треперење го поздравуваат и целиот свет повторува по нив, целата природа, целата околина го фалат. Зошто целиот свет го слави Господ? тоа ни го објаснува тајната молитва на свештеникот. Кога во храмот се пее „СВЕТ, СВЕТ, СВЕТ“ – песната серафимска, свештеникот се моли: „Владико, Човекољупче, со овие блажени сили и ние извикуваме и изговараме: Свет Си и Пресвет Ти и Твојот Единороден Син и Светиот Твој Дух. Ти Си Свет и Пресвет и велелепна е Твојата слава. Ти, Кој Си го возљубил светот така што си Го дал и Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не погине, но да има живот вечен; Кој кога дојде и Го исполни целото провидение за нас, во ноќта во која беше предаден, повеќе Самиот Себе се предаде за живот на светот, зеде леб во Своите свети, пречисти и непорочни раце, и откако заблагодари, и го благослови, го освети, го прекрши и им го даде на Своите ученици и апостоли и рече:“ – и завршува: „Примете, јадете, ова е Моето Тело, кое за вас се прекршува, за опростување на гревовите“. Тоа е најголемото добро што Бог ни го подари – Божествената литургија. Ете зошто тие слетаа во храмот и во темнината, треперат серафимите – затоа што тие небески сили секогаш стојат многу близу до Господовиот престол, тие треперат од воодушевување на Божјата љубов. А ние, луѓето на кои им е дадено тоа добро, го оставаме, немаме време да одиме на светата Литургија, го заменуваме тоа време за на пазар, и со земни грижи. Пријатели мои, плашете се од тоа, плашете се да не го изгубите подареното богатство. Ако го изгубиме, ќе изгубиме сè, бидејќи тоа е изворот на нашиот живот, осовина околу која се врти тркалото на нашиот живот.

Тоа е она што сакав да ви го кажам во денешното објаснување. А сега би сакал да се задржам и на Евангелието кое секогаш не допира.

Евангелието кога Христос им се јави на двајцата апостоли кои оделе во Емаус. Во почетокот тие не го препознале Исуса, но кога го земал лебот, и го прекршил и им подаде, нив им се отвориле очите и го препознале Господа. Во ова појавување на Господ ни ја посочува светата Божествената литургија. На светата Божествена литургија, Господ не се појавува отворено, туку во форма на леб и вино, и само во Тајната на светата причест ни се открива Себе. Самите постапки кои се извршуваат од Господа, се повторуваат во Литургијата, каде што лебот и виното се благословуваат, се пркршуваат (се дробат) и им се даваат на причасниците. откако го прекршил лебот, учениците го препознале Господа. Исто така само во Божествената литургија можеме да Го препознаеме. Нели гореше срцето во нас кога Тој ни зборуваше? – се прашувале апостолите кога Господ ги оставил. И нашите срца се разгоруваат од огнот на Светата Причест.

Сакајте ја Светата Литургија затоа што во неа се рефлектира Светлината на Тивкиот Христос, сакајте ја, затоа што само во Литургијата можете да го видите и почувствувате Христос.

Клучни зборови: Свештеномаченик СЕРАФИМ Звездански

Преведе,
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада