www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,027,979
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


НАШАТА ПАРОХИСКА ЦРКВА ЉУБОВТА БОЖЈА ПРЕМА ЧОВЕКОТ

Православниот храмот
е рај на земјата 1.

Љубовта Божја према човекот е неизмерна, би ја споредил со убавиот и прекрасен пролетен ден. Насекаде, каде и да одиме во тој прекрасен пролетен ден, ние ја чувствуваме Божјата љубов кон нас. Таа Божја љубов ја гледаме и во нашите семејства, во љубовта кон нашите родители, кон нашите деца и нашите сестри и браќа. Таа љубов ја гледаме во самите себе, бидејќи човекот е создаден од љубов, од страна на пресветите и непорочни и богодостоинствени раце на единиот и вистински Бог. Кој ги создаде небото и земјата, и човекот преку себе го позна Господ Бог својот Создател.

Прекрасен пример на Божјата љубов е нашата Црква, Божјето семејство, заедницата на оние кои одговориле на Божјиот повик да Го следат. Бог секогаш не повикува да бидеме дел од Православната Црква, затоа што Тој не’ сака. Секогаш кога ќе се собереме заедно да ги проследиме светите Божествени тајни, ја славиме таа љубов. Љубовта кон Христа е незаситна. Колку повеќе Го љубиш, толку повеќе мислиш дека не Го љубиш и сакаш се повеќе и повеќе да Го имаш во себе и ти да бидеш во Него и со Него!

Исто така, го употребуваме зборот “Црква“ осветена просторија каде се среќава заедницата, нашата парохиска црква. Црквите се исполнети со прекрасни слики (икони и фрески), со симболи, со знаци кои што не потсетуваат и во кои го чувствуваме присуството на нашиот Створител, и Неговата Божја љубов.

Со нашето присуство в црква се чувствуваме изобилно сигурни, затоа што сме во својот дом, во домот Господов, каде е и Бог во секој дел од храмот. Особено во зборовите од парохискиот свештеник и псалмопевецот, преку кои ни зборува самиот Бог. Преку кои зборови ги слушаме упатствата и советите на животот за вечноста. Без Црквата нема спасение! Црквата е наша духовна мајка која не’ родила со вода и со Дух при крштението. Господ Исус Христос целосно се идентификува со својата Црква. И оној што го бара Христос Спасителот надвор од Неговата Црква, никогаш нема да го види Неговото лице, освен во судниот ден.

Затоа должност ни е секогаш да Му благодариме на Бога за изобилната Негова благодат. И да се држиме за својата Мајка Црква, зашто, не дај Боже, ако човек замине во пекол поради своите неисповедани и непокајни гревови, Црквата може да го избави со помош на своите литургии дадени од Бога, преку помени, милостиња и жретва.

Секој православен храстијанин трба да го посетува храмот, како свето богослужбено место. Тоа може да го прави секогаш, но пожелно е барем во неделните и во празничните денови да појде во црква.

На богослужба треба да се оди пред да избие првото звоно, звоното да не затекне во храмот. – ЗОШТО?!
Затоа што во тој момент Мајката Божја влегува во храмот!

Верникот се подготвува за одење в црква. Тој знае дека оди во Божјиот дом и се подготвува за средба со Господа. Таму, како Божји гостин, треба да појде убаво, пристојно и чисто облечен, знаејќи кај кого оди и Кој го гледа и прима. Ако ние се дотеруваме и водиме сметка за средба со своите блиски и пријатели или за некој световен прием, тогаш колку повеќе треба да посветиме внимание на себеси за средбата со Бога во храмот Божји. За тоа треба да се подготвиме и телесно и духовно.

Кога ќе дојдеме пред црква, треба да се прекрстиме, а пред влезната врата, да направиме и три поклони, крстејќи се и велејќи: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“ или „Боже очисти ме мене грешниот“. Мажите треба да ја симнат и капата од глава, пред да влезат в црква.

Потоа, палиме свеќи и се молиме за живите и за упокоените, според заповедта од Светото писмо: „Молете се еден за друг“ (Јак. 5, 16). Се молиме и за покојните, бидејќи и тие се живи, и пред Бога нема умрени, а „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, оти во Него се сите живи“ (Лука 20, 38; Рим. 14, 9).

Запалената црковна свеќа значи наш принос на бескрвна жртва и наш дар во храмот. Таа го симболизира нашиот духовен сојуз со Мајката Црква и со Отецот Бог, бидејќи кому Црквата не му е Мајка, нему ни Бог не му е Отец.

Свеќата е сведоштво за нашата вера и видлив знак на нашата љубов и надеж во Бога. Нејзината светлина ја симболизира Божјата светлина и нашиот од во светлината на спасението, а не во темнината на гревот и злото. Топлината, пак, ја претставува топлината на нашата душа и нашата љубов кон Бога и кон ближните. Мекоста на восокот е симбол на нашата послушност и подготвеност да постанеме орудија во Божјите раце.

 

Подготви,
Отец Митко Попоски
Виндзор Канада