www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,012,046
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


НЕКОЛКУ ЗБОРОВИ ДО РОДИТЕЛИТЕ ЧИИ ДЕЦА ЗАЛУТАЛЕ ВО СЕКТАТА НА ЈЕХОВИНИ СВЕДОЦИ

Многу родители чии деца се Јеховини сведоци доаѓаа кај мене, разочарани барајќи го моето искуство да ги ослободи и тоа искуство да се пренесе на нивните деца. Сега согледувате колку е страшен и трнлив тој пат. Да не била милоста Божја и несебичната грижливост на моите драги телесни и духовни родители, и мојот духовен отец Гаврил, сигурно и јас можеби ќе залутав некаде.

Треба, пред сè, да го смените вашето мислење за вашите деца како нестабилни, лесноприфатливи и неодговорни. Затоа што мислите така:

Требаше да бидам построг, не требаше да им дозволам толку слобода, да внимавав со кого се дружеа и слично – немаше да залутаат.

Но, треба да разберете дека добро е за вас што имате такви деца. Во која смисла? Какви деца се тие? Тие се деца гладни и жедни за Бога!  Тоа се богобојазливи души, вистински верници. Другите родители имаат немилосрдни, атеистички или хедонистички деца, и според мое мислење, нивното зло е поголемо, иако никој не е загрижен за тоа. Осудувајќи ги, на почетокот не сте во право. Јас ги познавам вашите деца. Тие можеби беа мои пријатели, оние со кои многу години споделував добро и зло. И знам дека на тие деца им беше потребен Бог, и им требаше познавење за Бога, како и духовно смислен живот. Вие што им понудивте? Солидно воспитување, солидно школување, облека, јадење, пиење, чист и топол дом. И тоа се беше во ред, но тоа не е сè! Вие се грижевте за телото, а душата нивна остана празна, тивко лелекаше.  Душата ја заборавивте, а вие родивте и тело и душа. Гладот на душата е ненаситна, жедта на душата е неизгаслива. Кој еднаш ќе ја почувствува таа глад и жед, нема да застане додека не се изгасне. А вие на сето тоа се оглушивте. Ништо немавте да им изнесете на духовната трпеза. Дали ме разбирате! Во вашиот младешки глад на душата вие самите го надоместивте со црвени книшки или спорт, или фолклор, или гледачи, или во пиење кафе или пратење на телевизиски програми… Зошто?  Затоа што верата во Бога не беше популарна. Не била забранета, тоа е само изговор, бидејќи и во тоа време имаше многумина кои слободно веруваа и славеа и ги посетуваа црквите, додека свештениците и другите духовници како претставници и застапници на религијата трпеа отворено прогонство, но никој вас не ве гонел, обичните луѓе, ниту ве приморувал. Вие самите бевте сведоци на тие вознемирувачки и тажни времиња и се придржувавте на тогашниот тренд. А сега дојде време да жнеете тоа што сте го посеале.

Дали сте посеале добри семиња на Православието кај вашите деца? Не несте! Па, како очекувате да бидат православни?  Велите дека не сте посеале ниту секташтво, па тие сепак се во секта. Христос рече: „Кој не е со Мене е против Мене и кој не собира тој растура“. Не сеејќи добро семе, го чувавте и го негувавте, растело плева. Не пополнувајќи го празниот простор во нивните души со детска жива вода со вистинско познавање на Бога, и им оставивте простор на оние кои ровараат со душите на луѓето да прават што сакаат.

Кога Господ Исус Христос го протера демонот од опседнатиот човек и тој не побрза да ја пополни празнината со евангелско учење, наместо првобитниот демон, во празната куќа на душата, се вселија седум горчливи демони и му направија уште поголема штета (Мат. 12, 43-45). Дали го гледате тој неизбежен духовен закон?

Значи, Првиот чекор е да го смените вашето мислење за децата и да ја признаете вината пред себе и пред Господ. Прифатете го гревот на вашите деца, бидејќи во многу случаи е ваш, и исповедајте го. Покајте се вистински за тој страшен грев, и Господ нема да се оглуши на солзите од покајаниот. Молете се, и разберете ја волјата Господова како лековита епитимија (казна). И во исто време, верувајте, убедливо верувајте дека „децата со толку солзи нема да загинат“.

Вториот чекор е: запознајте ја верата во која сте родени. Јас го потенцирам Православието како она што го зачувало изворното учење и има безброј докази за тоа.  Не се задржувајте само на моите зборови: Славиме слава, а всушност тоа е само гозба, со неприлично однесување кое е навреда на Светителот во чија чест сте се собрале.

Немојте да кажете: ќе ми се смеат или немам време да одам во црква. Научете го тоа од вашите деца кои не се грижат за потсмевот, тие не обраќаат внимание на потсмевот и го користат своето време за интересите на сектата. А треба да знаете дека вие сте тие што му служите на Бога на вистински начин а тие залутале. Кога вашите деца, во иднина се губат, толку ревносни за она што не е исправно, колку ли вие би требало да бидете ревносни знаејќи дека сте на вистинскиот пат и дека сте уверени дека ќе ги спасите сопствените деца.

Првиот чекор кон Православието е еднаш и засекогаш да ги срушите бариерите помеѓу себе и вашиот свештеник. „Тој мрси во петок, тој се коцка, бил пијан, бил со проститутки“ – тоа е она што сите вие го мислите и, без да знаете, го кажувате истото што го кажуваат и секташите, и тоа им е целиот нивни аргумент против Православието. Па што ако е таков? Можеби тој го прави сето тоа од слабост, а не од злоба, а Бог тоа го гледа и го познава неговото срце и ќе го помилува, а ти ќе страдаш поради осудата кон ближниот. Не, вие и понатака велите дека сте сигурни дека тој тоа што го прави не е од слабост, туку од злоба. Добро, повторно ви велам, па што! И нему, како и на сите, му е дадена слобода да избере помеѓу својата пропаст и своето издигнување, и тој ќе даде одговор пред лицето на Правдата, а ти ќе пострадаш поради осудувањето на ближниот (во овој случај осудување кон лице – свештеник, на кого му е дадена Благодат Божја – Светиот Дух). И покрај начинот на живот, на свештеникот му е дадено овластување да ги разрешува или врзува нашите гревови на земјата (Јован 20: 22-23). Тој е ракоположен за таа служба преку дејствување на Светиот Дух и неговото дело е свето (Дела 20:28). Преку вакво верување, гледајте во свештеникот како на сам ангел испратен да служи, а верувајте ми, и повеќе од ангел. Покрај тоа, да се чуваме од генерализацијата, од мисла да го ставаме целото свештенство во ист кош на лицемерие и среброубие. Можам да посведочам дека меѓу нив има и такви кои веќе се светители.

Зошто ви е важен свештеникот? Затоа што тој ќе ве научи за Православната вера, литургиско-евхаристијата, така што ќе имате молитвеник пред Господа, за да имате време и можност да го упатите вашето изгубено дете, а тоа ќе го постигнете најдобро преку ваш сопствен пример. Слушајте го секој збор на вашиот духовен отец бидејќи тој ќе му даде одговор на Бога за вашите души (Евр. 13:17) и не обидувајте се да барате одговори според вашата грешност, затоа што има и такви кои ќе ве убедуваат во вашите слабости. Слушајте еден свештеник, дури и ако тој не секогаш зборува сè правилно, а вие ќе бидете помилувани за послушност а тој ќе биде одговорен за погрешното пастирствување и негрижа. Секоја ваша непослушност, самоволно ја става секирата покрај прекрасното дрво на христијанската љубов.

Живејте го животот вистински како христијани! Но, внимавајте! Вашиот мотив и вашата основна движечка сила да не бидат само за спасување на вашето дете, затоа што тогаш сè ќе ви биде залудно. Основната желба на срцето нека секогаш ви биде да го сакате Господа со сето свое битие и вашиот ближен како себеси. Тоа е целиот закон од кои произлегуваат сите десет заповеди, бидејќи сакајќи Го Господа нема да бидете идолопоклоник, а сакајќи го ближниот нема да го украдете или да го убиете.  А избавувањето на децата ќе ви дојде како награда, според Неговата Милост на спасение.

Христијанството на дело ќе ве научи да не им се заканувате на децата, да не ги бркате од дома, да не ги навредувате со погрдни навреди и псовки (некаде дури и со тепање, и тоа сум го слушнал), затоа што на тој начин само правите прогонети жртви, а од себе тирани полоши од самиот ѓавол. Тоа е вашето дете, и во добро и во зло, и во издигање и во паѓање. Нежно прекорувајте ги без да се препуштите на потребите на сектата: не давајте пари, бидете одредени во времето поминато надвор од дома, доделете им одговорности во домашните работи. Не штеди ги на тоа, но не ги надразнувајте (Кол. 3:21; Ефес. 6: 4). Чувството на прогонство е ужасен мотив да се истрае во заблуда. Тие би отишле и до самата смрт, ако е потребно, верувајте ми, сум бил сведок и знам. Во втората лекција од нивното проучување на Библијата, буквално вака велат: „Можеби твоите родители или блиски пријатели ќе ти кажат дека не сакаат да ја проучуваш Библијата… роднините можат искрено да те обесхрабрат затоа што не знаат прекрасни вистини и бла, бла, бла “(Ти може да живееш вечно во рајот на земјата, стр. 23, став 23). Значи, тие се подготвени од самиот почеток за вашите прогонства. Не ги исполнувајте предвидувањата на Јеховините сведоци, тие играат на таа карта. Тоа е дело на ѓаволот: тие доаѓаат, внесуваат раздор, се караат со вас и се повлекуваат додека при своите неуспеси.

Второ, не рушете ги емоционалните мостови на кои би се вратиле вашите деца ако некогаш се посомневаат, бидејќи тие и така се сомневаат, и тоа честопати се сомневаат, а тоа е природно својство на човекот и тие не се имуни. Тотално некритички став туку е состојба на сериозно заболување и висок степен на слепило.

Сомневајќи се, тие вака расудуваат: Јас немам никој на светот, а тука се дружам со Петре и Петранка, тие ме сакаат и јас ги сакам нив, па иако сето ова не е точно, јас ги имам барем овие прекрасни пријатели. Но, ако вие стоите на другата страна на мостот, со чиста и вистинска родителска љубов, постои можност клацкалицата некогаш да преовлада во ваша корист. Но, ако ја прекинете комуникацијата со вашите деца, ќе ги изгубивте засекогаш.

„Јас одам, ја посетувам, ја молам и се молам за неа…“ – вели една мајка за нејзината ќерка, која е Јеховин сведок. А дали знаете што всушност таа прави? Доаѓа на нејзиното работно место и ја понижува: „Тука робуваш да би давала придонес на сектата, кога би била дома би уживала. Ние сме стари и болни, и не ти е гајле за нас, направи го тоа поради нас, ослободи се од таа секта, тие само те искористуваат, а ти си млада…“ И така натаму. А таа кога ќе го слушне зборот „секта“, се вознемирува и ја крева бодликавата жица околу себе, можеш да застанеш на глава пред неа, таа нема ниту да те види.

Друга мајка организирала да се види со нејзиниот син случајно, па однаоколу, да започнеме разговор за верата. А тој, штом ја забележал измамата од најголема далечина, собрал се и си заминал презирајќи ја својата мајка.

Еден татко ја заклучил својата ќерка в соба и ја чувал така со денови со цел да ја оддели од момчето кој припаѓал на Јеховините сведоци за кого сакала таа да се омажи.  Ја затекле како спушта чаршави врзани во јазли низ прозорецот и се подготвувала да побегне. Платиле момчето да го претепаат, а таа брзо отишла и, секако, се омажила, и притоа обајцата се чувствувале жртви кои пострадале за Јехова.

Една мајка ја заклучила својата ќерка, а таа избегала преку терасата. Тајно се вратила следниот ден, и тоа само по своите омилени чевли. На тоа добро се сеќавам.

Професор на факултет чиј син е во оваа секта, би му простил за секташтвото доколку го продолжи факултетот, а на тоа образование не му поминувало ниту на крај памет како да го чека крајот на светот во апокалиптичен страв.

Имав прилика во разговор за библиската вистина во некои од моето вероучение, една жена секогаш доаѓаше со многу модринки здобиени од нејзиниот сопруг, но таа со модринките стануваше сè посилна, убедена ќе истрае затоа што е на вистинскиот пат.

Има уште многу други примери кои можат да се набројуваат. Во секој случај, сите овие се примери на применувана сила која сила никогаш не е решение. Единствен и правилен начин е љубовта, смиреност и проштевањето. Држете се цврсто за својата вера, и проповедајте ја верата со дела, не ги прекорувајте, оставете сè што е поврзано со сектата да остане само во рамките на вашите оплакувања во молитвите. А децата сакајте ги бескрајно, жртвувајќи се, сочувствително.

Нека ми опрости вашето големо и болно родителско срце што предолго ви зборував за вашите деца, и ви го одземав вашето внимание со цел како да дојдеме до спасување на вашите деца. “Можеби не сум достоен за вашето внимание, но ве молам простете ми илјада пати!

И за крај, имам само уште едно барање: кога ќе му се обратите на Господа за спасение на вашите деца, запомнете во молитва и на мајка и на сестра. Не треба да им ги кажувате нивните имињата, Бог веќе знае.

 

Господ да ве благослови!

 

Подготви,
Отец Митко Попоски
Виндзор Канада