DO ONTO OTHERS AS YOU WOULD HAVE OTHERS DO
ON TO YOU.
ПРАВИ ИМ ГО НА ЛУЃЕТО ОНАА ШТО САКАШ ЛУЃЕТО ТЕБЕ ДА ТИ ГО ПРАВАТ.
“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
СВЕТИ ЈОСИФ СОЛУНСКИ
8 Февруари// 16 Јуни
Свети Јосиф Солунски. Брат на свети Теодор Студит. Уште од младоста се подвизувал заедно со брат му под раководство на нивниот вујко, преподобен Платон, основач на манастирот Сакудион.
Поради својот славен подвижнички живот, преподобен Јосиф едногласно бил избран за архиепископ на Солун.
Заедно со свети Теодор биле гонети за светите икони од страна на иконоборниот цар Лав. Биле страшно мачени и затворени во темница, но тие останале непоколебливи во својата вера. Така измачуван, свети Јосиф се упокоил во Господ во 830 година.
Преземено од Веб страницата на Бигорскиот манастир
Презентирано од
Отец Митко Попоски
Виндзор Канада