www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,994
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТА ВЕЛИКО – МАЧЕНИЧКА ИРИНА СОЛУНСКА – МАКЕДОНСКА

18 Мај

Света Велико Маченичката Ирина, живеела во апостолско време на Балканот, во градот Магедон, каде што нејзиниот татко Лициниј бил регионален гувернер. До крштевањето, Ирина се викала Пенелопа и потекнувала од благородно семејство пагани. Таа тајно го прифатила светото крштевање со името Ирина од еден нејзин учител Апелијан.

Кога нејзиниот татко решил да ја ожени, таа одбила, па така го предизвикала и неговиот гнев. Најпрвин ја измачувал, но откако ја видел силата Божја во Христова наука и вера преку неговата керка се смирил, и самиот тој го прифатил христијанството и се крстил.

Света Ирина станала ревносен проповедник и слуга Божји на христијанското проповедање, голем маченик за верата во Исуса Христа, која живеела и го извршила своето големо дело во втората половина на првиот век и почетокот на вториот век.

Ирина преобратила многу луѓе во христијанството, вклучувајќи го и нејзиниот татко, кој се уверил во вистината на нејзината вера откако ја измачувал. Ирина продолжила да проповеда и многу нејзини сограѓани го прифатиле христијанството.

Била подложена на измачувања од новиот гувернер на градот, но за чудо – секогаш останувала неповредена. Набрзо, Ирина ја известил ангел Господов дека време е да се пресели кај Бога во вечноста. Таа отишла во една пештера и заповедала на пештерата да биде затворен влезот – пештерата постанала нејзин гроб. Тоа се случило во почетокот на II век. Името Ирина има македонско потекло, со кое име многумина во солунската област се именувале.

На светата велико – маченичка Ирина, Православната Црква и отстапила посебно место во календарот и во животот православен, особено во Солунската област. Местото од нејзината икона секогаш е преполн со подароци преку целата година, но повеќето цвеќиња и подароци се на 18 мај, кога се прославува нејзиниот спомен со посебни молитвословија и ревносна мисионерско – христијанска проповед потврдена со големо мачеништво за верата Христова.

Се верува дека иконата на Света Ирина е чудотворна. Постојат многу примери дека им помогнала особено на жените без деца и на жените со здравствени проблеми. Се верува дека Света Ирина е заштитник и на жените и на семејствата, и молитвените барањата на денот на нејзиниот празник се најсилно поткрепени со исполнување на молитвеноста на светителката.

 

Подготви,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада