www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,545,507
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

09 Август и 08 Декември

Мисионерската, учителска и просветителска дејност на св. Климент и на св. Наум во Охрид е само продолжение на големото мисионерско дело на Светите Браќа Методиј и Кирил. Св. Климент и св. Наум граделе врз духовните темели поставени и осветени од нивните учители св. Кирил и св. Методиј. Христијанството во Македонија со векови веќе било втемелено, а потоа зацврстено и развиено при Брегалничката мисија на Светите браќа и врз основа на христијанските доктрини учениците ја изградиле македонската писменост и просвета во својата татковина.

Свети Климент е најголемиот македонски духовник, учител и книжевник. Оваа негова дејност тесно била поврзана со христијанизирањето на паганизираните Македонци, како и со основањето и организирањето на првата македонска епископија во Охрид, во областа Кутмичевица.

Свети Климент продолжил со преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците и го основал познатиот Охридски универзитет, со што отишол чекор понапред од своите учители. Според официјалната историја тој извршил и корекција на некои букви од македонската азбука, која ја нарекол Кирилица, во чест на својот учител св. Кирил Солунски.

Во Светиклиментовиот Охридски универзитет (кој бил и прв универзитет во Европа) се школувале и завршиле со образование околу 3.500 ученици, од кои многумина биле ракоположени за свештеници, ѓакони и ипоѓакони, а голем број од нив биле испратени на свештенослужителска и проповедничко-мисионерска работа кај другите балкански и источноевропски народи – бугарите, србите, црногорците, чесите, словаците, русите, украинците и т.н.

Во 893 година свети Климент бил хиротонисан за епископ. Тој е првиот македонски епископ во новоформираната Дремвицко-величка епархија. Св. Климент Охридски, ученикот и соработникот на Македонските апостоли и просветители Кирил и Методиј, во историјата се памети како еден од најугледните и најзначјните книжевници и проповедници на Христовото Евангелие во IX и X век.

Тој е основоположник на просветата и книжевноста во Македонија. Св. Климент бил непосреден сведок на неповторливите подвизи на Светите браќа, тие, за време на целиот негов живот му биле урнек во проповедта и описменувањето на луѓето.

Св. Климент покрај тоа што проповедал исто така познато е дека и составувал свои дела. Негово најзначајно дело секако се „Проповедите – обрасци за сите празници и недели во годината”, кои им биле од голема полза на тогашното свештенство, но и на богољубивиот македонски народ. Најверојатно тој е автор и на Панонските житија на свети Кирил и на свети Методиј.

Негов е преводот на Цветниот триод – богослужбената книга, во која е содржан црковниот редослед на богослужбите од Велигден до Педесетницата. Постои голема веројатност дека тој е автор на Службата и на Житието на Свети Климент, римскиот папа, како и на најстарата служба на Свети Кирил и Методиј.

Св. Климент е особено важен за културното и цивилизациско издигнување на Македонците. Без неговото дело Македонците би биле поподложни на стагнација и асимилација од страна на културно поиздигнатите народи. Токму заради тоа со сигурност можеме да тврдиме дека св. Климент, св. Наум и останатите ученици на св. Кирил и Методиј се најважните личности во македонската историја.

Преземено од Сајтот на Повардарска Епархија

 

Презентира и обработи
Отец Митко Попоски
Виндзор Канада