“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
СВЕТА МАЧЕНИЦА ВАСА СОЛУНСКА (ВОДЕНСКА)
3 Септември
Света Васа Солунска (Воденска) е православна светителка од Македонија, која живеела на крајот на 3. и почетокот на 4. век.
Оваа ранохристијанска маченица пострадала за време на римскиот император Максимијан (286-308). Според преданијата, таа своите синови Теогнис, Агапиј и Пистус ги воспитувала во духот на христијанството. Мажот ѝ, кој бил пагански жрец, поради тоа ја замразил и ја предал кај локалниот судија.
Потоа, императорот го принудил нејзиниот маж (кој бил многубожачки жрец) сам да си ја осуди својата жената на смрт. Пред нејзините очи, тој ги убил сопствените деца, а таа била жестоко мачена и одведена на некој пуст остров во Мраморното море, каде била измачувана и на крајот исечена на парчиња.
Света Васа била радoсна штo ги видeла свoитe синoви какo чeснo гo завршилe свoјoт мачeнички пoдвиг за Христа и самата сo уштe пoгoлeма вoлја одела oд мака на мака. Така св. Васа двoјнo сe удoстoила сo царствoтo Христoвo, и какo мачeничка, и какo мајка на мачeници.
Св. Васа најчесто се сврзува со градот Воден, Егејска Македонија во околината на Солун. Таа е насликана во охридската црква „Св. Софија“. Нејзини икони и фрески има во неколку цркви во Македонија, како и во неколку во Пиринскиот дел на Македонија. Македонската Православна Црква, Св. Васа ја чествува на 3 септември, односно на 21 август по стар стил.
Подготви,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада