www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,012,122
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


БЕСМРТНОСТ НА ДУШАТА

СТАРОЗАВЕТНО СВЕДОЧЕЊЕ ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА

 

Во самиот почеток од Светото Писмо, во прва глава 26-ти стих, од Битие, се појавува како доктрина за бесмртноста на душата. Каде гласи: Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според нашиот образ“ (како што гласи преводот: во форма на слика – фигура – и подобие). Каде стрикно се зборува и се однесува на душата, а не на телото.

Како што Бог е бесмртен, така мора и човечката душа, која е според Неговиот лик, да биде бесмртна. Овој заклучок, како што се гледа, го донеле и нагласиле светите отци на Источната црква. Ништо не е ново од светите Отци, бидејќи тоа се појавува многу порано, во мудроста на Соломон; царот – пророк, Соломон, кој забележува: „Бог го создаде човекот за нераспадливост и го направи слика на Своето вечно битие“ (Прем. 2:23).

Во втората половина од книгата Битие, се зборува за бесмртност на душата, и се наоѓа во глава 15, каде што Бог му зборува на Авраам и вели: „А ти ќе отидеш кај татковците свои во мир, и ќе бидеш погребан во среќна старост“ ( 1. Мој. 15:15). Ова значи дека душите на предците на Авраам не исчезнале кога умреле, туку дека живеат на друго место каде – кога тој ќе умре – и неговата душа таму ќе отиде.

Во Книгата Битие, понатаму се вели: „И откако издивна, умре Аврам во среќна старост, престар и сит од животот, се прибра кај народот свој.“ (1. Мој. 25: 8). Тука повторно ни кажува дека душите на предците од Авраама продолжиле да постојат и по смртта, како и дека неговата душа ја преживеала смртта и отишла да им се придружи.

Во истата глава читаме дека синот на Авраам, Исмаил, починал на 137 годишна возраст и се прибрал при својот род (25:17).

Слично се наоѓа во 35-та глава од Книгата Битие, каде што се споменува смртта на вториот син на Авраам, Исак. Тука читаме: „А Исак имаше сто осумдесет години. И издивна Исак и умре, се прибра кај родот свој“ (1. Мој. 35: 28-29).

Изразот „се прибра кај родот свој “ често се повторува во Стариот завет. Треба да се свати како што е наведено – не во смисла дека телото било погребано на истото место со телата на нивните предци, туку во смисла дека душата преминала во духовното царство, во кое живеат душите. Ова може да се види во колку се испита значењето на честото повторување и тврдење дека, Авраам умрел и се пробрал до својот род. Покрај Тара, предците Авраамови умреле во Месопотамија, во земјата на Халдејците, додека Авраам умрел и бил погребан во земјата Ханаанска. Очигледно е дека тврдењето „Авраам се прибрал кај својот род“ значи дека само неговата душа се придружила кај душите на неговите предци во духовниот свет.

Другиот дел од Книгата Битие, каде навестува за бесмртноста на душата, е следниот: „И му рече Бог на Израил ноќе во видение: „Јакове! Јакове!“ А тој одговори: „Еве ме!“ Тогаш Бог му рече: „Јас сум Бог, Бог на твојот татко (1. Мој. 46; 2 – 3). Коментирајќи го овој стих, истакнатиот теолог и предавач на XVIII век Евгенис Вулгарис вели: „Ако Бог рекол: Јас сум Бог на твоите синови и на твоите ќерки; Јас сум Бог на твоите потомци; Јас сум Бог на вашиот народ кој сè повеќе ќе се размножува – безбожно и брзоплето би можело да има некакво оправдување со тоа што ќе рече дека Бог тука не ветил ништо освен благодат, заштита и помош, туку само во овој живот. Сепак, Бог му рекол на Јаков дека е Бог на неговите татковци. Предците на Јаков, тие повеќе не биле живи во овој свет; тие биле умрени многу пред тоа и од нив немало ништо повеќе отколку земјина прашина и материја – ако и тоа ако некаде останало, собрано на едно место“.

„Според толкувањето на безбожните, предците на Јаков не постоеле и биле само творба на замисла (машта)! Дали тоа се тогаш предците на Јаков, за кои Господ вели дека е со нив и со кого е во заедништво? Тогаш, дали нивниот Бог, е Јаковов? Бог на гниење и мртви црви? Тогаш, дали е Тој, Бог на оние што буквално не постојат?“

„Да не хулиме на Бога! Бог не е Бог на мртвите, туку на живите. Зборот Божји е вистински и потврден, и не остава сомнеж кај оние што имаат здраво расудување и разум: „Не плаши се, Јакове, јас сум Бог на твоите татковци, исто како што сум и твој Бог“. „Што се однесува до вашите предци, бидејќи тие сега се живи и постојат, а што се однесува до нивното поважно и најскапоцено дело (душата) им велам дека јас сум Бог на вашите татковци затоа што тие живеат и постојат сега, кога зборуваме“ (Е. Вулгарис, со побожни дебатирал, Атина, 1962 година, стр. 205 – 207).

Горенаведеното тумачење на Вулгарис е целосно во согласност со тврдењето на Христос кон материјалистичките расположени садукеи, кои не верувале во воскресението на мртвите. Христос рекол: „не сте ли читале што ви рекол Бог, велејќи: ‘Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.’ Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.“ Оваа тврдење се појавува во Евангелието според Матеја (22: 31-32), додека во Евангелието според Лука се додава дополнување: „А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи“ (Лука 20:38).

Во друг текст од Стариот Завет што укажува на бесмртноста на душата се наоѓа во 28-та глава од Првата книга на Самоил (која уште се нарекува и Прва книга на Царевите). Во него, читаме како Израилскиот цар Саул разговарал со духот на пророкот Самуил, значајна израилска личност, кој во тоа време веќе бил мртов и погребан. Накратко, тој настан вака е даден: „Се собраа Филистејците и отидоа, та се улогорија во Сунем за да го нападнат Израил. Кога Саул го виде филистејскиот логор се исплаши, и силно му затрепери срцето. Тогаш Саул Го запраша Господа; но Господ не му одговораше ни на сон ни преку урим, ни преку пророците. И им рече Саул на слугите свои: ‘Најдете ми жена што повикува духови, и јас ќе одам кај неа и ќе ја прашам.’ … и дојдоа кај жената ноќе, и Саул и рече: ‘Те молам, повикај ми, кого што ќе ти кажам’. ….. повикај ми го Самоил’. ….ја праша: што гледаш? Таа му рекла: ‘гледам како излегува од земјата престар маж, облечен во долга облека.’…. И Самоил му рече на Саул: ‘Зошто ме обеспокојуваш да излегувам?’ Саул му одговорил: ‘Многу ми е тешко; филистејците војуваат против мене, а Бог отстапи и повеќе не ми одговара ни преку пророци, ни на сон, затоа те повикав за да ме поучиш што да правам.“ (1 Царства 28: 4-15). Самуил одговари: „А зошто ме прашуваш мене, кога Господ отстапил од тебе и станал твој непријател“ бидејќи Саул бил непослушен. Самоил додава дека Бог ќе го предаде Израил, како и самиот Саул во рацете на Филистејците, и дека утрешниот ден Саул и неговите синови ќе бидат со него – во царството на духовите.

Од оваа повест, дознаваме дека душата на Самоил живеела и после смртта, и дека е свесна и свесно размислува, и дека се разбираат со Саул, и дека е во состојба да предвиди и што ќе се случи.

Друг настан во Стариот Завет што укажува на бесмртноста на душата се наоѓа во 3-та Книга Царства: „Потоа се разболе синот на таа жена, на домаќинката, и болеста негова беше толку силна што неможеше да дише. Тогаш таа му рече на Илија: ‘Што имаш ти со мене, човеку Божји? Си дошол да ми ги наспомниш моите гревови и да го умреш синот мој.’ А тој и одговори: ‘Дај ми го синот твој’. И го зеде од рацете нејзини, го однесе во горната соба, каде што живееше и го положи на леглото свое; па повика кон Господ и рече: ‘Господи, Боже мој! Зар Ти на вдовицата, кај која живеам, ќе и направиш зло, погубувајќи и го синот нејзин?’ И откако се спружи трипати над момчето, извика кон Господ ирече: ‘Господи, Боже мој! Нека се врати душата на ова момче во него!’ Господ го слушна гласот на Илија, му ја врати душата на момчето и тоа оживе. Илија го зеде момчето, го симна од горната соба во домот, и го предаде на мајка му и рече: ‘Еве, син ти е жив!’ Тогаш жената му рече на Илија: ‘Сега навистина дознав дека ти си Божји човек, и дека словото Господово во твојата уста е вистинско (3 Цареви 17: 17-24).

Овој настан не поучува дека со смртта не умира и душата; во моментот на човековото умирање, душата се одвојува од телото и продолжува да живее, и во потполност ја задржува својата моќ и повторно го оживува телото, во овој случај на момчето кога се вратила душата во неговото тело, тоа оживеало.

За бесмртноста на душата се зборува и во Книгата Проповедник. Во последната глава од оваа книга читаме дека со смртта во правот (т.е. телото) „ и ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал“ (Проп. 12: 7).

Во книгата Мудрост Соломонова, која по редоследот на книгите од Септуагинта следи веднаш по Книгата на Проповедник (но не се наоѓа по истиот редослед и во Македонскиот превод на Стариот Завет од Библијата), се наоѓа во еден дел во кој јасно потврдува дека со смртта не умира и душата, и гласи: „А душите на праведниците се во Божја рака; до нив нема да се допре никаква мака. Во очите на неразумните, тие се како умрени, а нивниот крај се сметаше за пропаст; и тоа што тие заминуваат од нас – како уништување, но тие живеат во мир. Зашто иако во очите на луѓето се казнуваат, надежда нивна полна е со бесмртност. Бидејќи малку казнети, тие ќе добијат големи добра, зашто Господ ги проверил и ги нашол достојни за Себе. Тој ги проверил како злато во печка и ги примил како најсовршена жртва…. А безбожниците ќе бидат казнети за своите мисли; затоа што го презреа праведниот и отстапија од Господ.“ ( Мудр. Сол. 3: 1-6; 10).

Според доказите дека душата продолжува да живее дури и по смртта, подржани и во другите текстови кои ги наведов, цитатот од книгата Мудрост Соломонова го додава тврдењето дека по смртта праведниците богато ќе бидат наградени, а безбожниците ќе бидат казнети.

Ова објаснување може да се најде и во други книги од Стариот Завет. Нема сите да ги набројам, бидејќи мојата намера е да се повикам на Стариот Завет не подразбира исцрпно прикажување на сите такви опишувања, туку да докажам дека Стариот завет зборува и за бесмртноста на душата. Наведените цитати доволно ја потврдуваат целтта.

Од мојата неиздаена книга „Животот после овој живот“
Следува: „Новозаветно сведочење за Безсмртноста на душата“

Преведе и обработи
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада