www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,703
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


МАКЕДОНИЈА, земја од антиката

Античка Македонија или само Македонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, северно од Тесалија. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шуми и езера и со рудни богатства.

Античка Македонија била монархија со која владееле повеќе разни македонски кралски династии. За прв македонски крал се смета кралот Каран кој го основал Македонското Кралство во 808 год.пред Г.И.Х. (според некои извори 825 год пред ГИХ). Најголем процут и територијално проширување, Македонското Кралство, доживеало за време на владеењето на Александар III Македонски и неговиот претходник, татко му Филип II, кога Македонското Кралство се протегало на три континети од Македонија на запад, преку Персија сè до Индија на исток и Египет на југ. Царството доживеало пропаст по Македонско-римските војни (215 – 148 пред Христа) кога целосно било освоено од Римското Царство, а Македонија била поделена на 4 провинции под многу строг режим.

Древни Македонци или Стари Македонци, биле древен народ од индоевропско потекло населен на територијата на регионот Македонија, чие име е добиено по нив. Македонија била центар на Македонската Империја. Како Акаранците, Македонците и Етолците не биле Eлини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливиј пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess. (Tit Livi, book XXX, p. 29).

Античките историчари, кои живееле во времето кога суштествувале античките Македонци трврдат дека античкомакедонскиот народ потекнува од Пелазгите, најстариот домороден народ во Македонија и јужен Балкан. Гнеј Трог Помпеј, еден од најголемите експерти по старомакедонска историја, а и самиот тој живеел во времето кога старите Македонци биле поробени од Римјаните, вели “Македонците се од пелазгиски производ“ (Justin. VII, 1, 3). Најголемиот антички географ Страбон (63/64 г.пред Христа – 24 г.), пишува дека Тесалија (земја помеѓу античка Македонија и Елада) е населена со Пелазги и тоа во првиот век од нашата ера (Страбон, стр. 221, 4 ред). Значи, античките Македонци се граничеле на југ не со Елини (Грци), туку со Пелазги- свои сонародници и пред 2000 години, после пропаста на Елада и Македонија. Херодот, античкоелински историчар пак пишува дека порано и цела Елада (Грција) била населена со Пелазги, но со доаѓањето на Елините во Атика (Пелопонез), Пелазгите били асимилирани во тој дел на Балканот, но сè уште постоеле живи Пелазги (Херодот I, 57-58), кои гледаме ги населувале Тесалија и Македонија. Во Елада сепак останале нехеленизирани Пелазги до доаѓањето на Римјаните и пропаста на Елада, а тоа биле Акаранците и Етолците. И во првиот век од нашата ера, античкоримскиот историчар Тит Ливиј запишува дека Етолците, Акаранците и Македонците си го зачувале пелазгиот јазик и говорат еден ист јазик: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Тит Ливиј, книга XXX, стр. 29).

Повеќе македонски и странски историчари и научници сметаат дека античките Македонци биле дел од етногенетскиот процес на создавањето на денешниот македонски народ кој денес носи дел од нивните обележја и навики. Овие тврдења кои се прифатени во одреден дел од денешните Македонци, историчарите ги поткрепуваат со низа антрополошки, генетски, историски, ентолошки и културни докази. Уште во 1871 година Димитар Македонски преку својот напис во весникот „Македонија“ го објаснил своето сфаќање за етногенезата на денешните Македонци со античките.[2][3] Античкомакедонски мотиви во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на 1 март кој се слави во Пустец и селата во југозападна Македонија), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот македонски јазик, форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн.

Голем број Македонци во минатото (особено во времето на националната преродба кон крајот на XVIII и низ целиот XIX век) се сметале себеси за (директни) потомци на „старите Македонци“ на цар Александар, кого го сметале за Словен. Како потомци на „древните Македонци“ на славниот цар Александар, денешните Македонци се споменуваат во Историјата напишана од Ѓорѓија Пулевски, кој напишал и своевидна „Македонска Александрида“ (издадена  Скопје 2005) во која го опишал целиот живот на Александар Македонски во вид на интересни приказни на македонски народен мијачки говор. Античко-македонското потекло на современите Македонци е силно изразено и потенцирано и во говорот на македонскиот национален деец Исаија Мажовски на бродот „Рицар“ во Украина, барајќи помош за Македонија од рускиот цар. Во повеќе македонски народни приказни и песни од XVIII, XIX и XX век се среќаваат античкомакедонски мотиви или мотиви од животите на Филип и Александар Македонски, сметани за македонски цареви. Славата на античките Македонци одигралa и голема улога во националната преродба на македонскиот народ во текот на XIX и XX век. Тие биле сметани за „најстари Словени на Балканот“. Сметајќи се за нивни директни потомци, Македонците што живееле во тие времиња сакале да ја искажат својата национална посебност од Бугарите и Србите чии завојувачки пропаганди постојано ги инструирале Македонците.

Во планинскиот масив Хиндукуш во северниот дел на Пакистан, живее мала заедница позната под името Хунза или Бурушо за чии припадници се тврди дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. Бурушо воопшто немаат азијатски карактеристики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето. Јазикот на Хунзите (Бурушо) се нарекува „бурушаски“ и нема врска со никој друг познат јазик. Според проф. Д-р Илија Чашуле бурушаскиот јазик има прасловенско потекло, со многу заеднички зборови и корен на зборовите со современиот македонски јазик.

Список на кралеви на Античка Македонија

  1. Каран              808 – 778, царувал 30 години
  2. Коин               778 – 750, царувал 28 години
  3. Тирима           750 – 700, царувал 50 години
  4. Пердика I       700 – 678, царувал 22 години (ги обединил македонските племиња)
  5. Аргеј I            678 – 640, царувал 38 години
  6. Филип I          640 – 602, царувал 38 години
  7. Аероп I           602 – 576, царувал 26 години
  8. Алкет I           567 – 547, царувал 20 години
  9. Аминта I        547 – 498, царувал 49 години
  10. Александар I  498 – 454, царувал 44 години
  11. Алкет II          454 – 448, царувал   6 години
  12. Пердика II      448 – 413, царувал 35 години
  13. Архелај          413 – 399, царувал 14 години
  14. Кратер            399 – 399, царувал само 4 дена
  15. Орест              399 – 396, царувал   3 години
  16. Архелај II       396 – 393, царувал   3 години
  17. Аминта II       393 – 393, царувал ………………
  18. Павзаниј         393 – 393, царувал ………………
  19. Аминта III      393 – 393, царувал ………………
  20. Аргеј II           393 – 392, царувал    1 година
  21. Аминта III      392 – 370, царувал  22 години (по втор пат доаѓа на престолот)
  22. Александар II 370 – 368, царувал    2 години
  23. Птоломеј I      368 – 365, царувал    3 години
  24. Пердика IV    365 – 359, царувал    4 години (погинал во битка со Илирите)
  25. Аминта IV      359 – 356, царувал    3 години (бил мал,управувал регентот Филип II)
  26. Филип II         359 – 336, царувал   23 години (македонски)
  27. Александар III,336 – 323, царувал 13 години (македонски и македонската империја)
  28. Антипатар      323 – 323, регент 1 година
  29. Филип III       323 – 317, 13 години (Аридеј, заедно со Александар IV)
  30. Александар IV 323 – 310, 13 години (Македонски, заедно со Филип III Аридеј)
  31. Пердика         323 – 321, регент на Македонската империја
  32. Антипатар      321 – 319, регент на Македонската империја
  33. Полиперхон   319 – 317, регент на Македонската империја
  34. Касандар        317 – 306, регент 11 години, на Македонската империја
  35. Касандар        306 – 297, регент 9 години
  36. Филип IV       297 – 296, регент 1 година
  37. Александар V,296 – 294, регент 2 години (заедно со Антипатар II)
  38. Антипатар II 296 – 294, регент 2 години (заедно со Александар V)
  39. Деметриј I      294 – 288, регент 6 години (опсадникот)
  40. Лизимах         288 – 281, регент 7 години (заедно со Пир Епирски)
  41. Пир Епирски 288 – 285, регент 3 години (заедно со Лизимах)
  42. Птоломеј II     281 – 279, регент 2 години (Каравн)
  43. Мелегар         279 – 279, регент 1 година (заедно со Антипатар II)
  44. Антипатар II  279 – 279, регент 1 година (заедно со Мелегар)
  45. Состен            279 – 277, регент 2 години
  46. Антигон II      277 – 274, регент 3 години (Гонат)
  47. Пир Епирски 274 – 272, регент 2 години (повторно)
  48. Антигон II      272 – 239, регент 33 години (Гонат, повторно)
  49. Деметриј II     272 – 229, регент 10 години
  50. Антигон III     229 – 221, регент 8 години (Досон)
  51. Филип V         221 – 179, регент 42 години
  52. Персеј             179 – 168, регент 11 години