www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,033,206
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТА ТАЈНА МИРОПОМАЗАНИЕ

Преку светата тајна миропомазание христијанинот добива посебни дарови од Светиот Дух, потребни за растеж во моралниот живот на светоста. Оваа света тајна ја установил Господ Исус Христос, а апостолите ја применуваа врз верниците по нивното крштевање.

Денес оваа света тајна се извршува веднаш по крштевањето како посебна света тајна, а не како составен дел на крштевањето. Ја извршува свештеникот или архиерејот, помазувајќи ги со Свето Миро поедините делови од телото (челото, очите, носот, устата, ушите, градите, рацете и нозете), со изговарање на формулата „печат на дарот на Светиот Дух“. Светото Миро може да го освети само архијереј. Тоа се врши на св. Литургија на Велики Четврток. Се подготвува од масло, вино и разни миризливи билки. Архијерејот оваа осветена материја ја раздава на парохиските свештеници за извршување на оваа света тајна.

Библиска основа на светата тајна Миропомазание

„А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со силен глас, велејќи: “Кој е жеден, нека дојде кај Мене да пие! Кој верува во Мене, како што е речено во Писмото, од неговата утроба, ќе потечат реки од жива вода.” А ова го рече за Духот, Кого што ќе го примат оние, кои веруваат во Него; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен“ (Јован 7:37-39).

Како што се гледа, ова ветување на Спасителот ни го толкува самиот евангелист Јован на следниов начин: жедните што ќе Му пријдат на Христа да пијат од Неговиот извор – односно оние што ќе се крстат и ќе станат членови на Неговата Црква – ќе Го примат Духот Свети во свое време, кога ќе слезе Духот по прославувањето на Христос.

Накратко: покрај крштевањето и по крштевањето постои уште еден свет чин, преку кој на верниците ќе им бидат соопштени даровите на Духот Свети. Така тоа го сфатија апостолите и така го применуваа. Еве и библиско сведоштво.

„Кога слушнаа апостолите, што беа во Ерусалим, дека Самарија го примила словото Божјо, ги пратија кај нив Петар и Јован. Тие, штом слегоа, се помолија за нив за да го примат Духот Свети. Зашто се уште на беше слегол ниту на еден од нив, а само беа крстени во името на Господа Исуса. Тогаш апостолите положија над нив раце и тие Го примија Светиот Дух“ (Дела 8:14-17).

Од текстот јасно се гледа дека Самарјаните најпрво биле крстени. Меѓутоа, апостолите не сметале дека тоа е доволно за правилно растење во верата. Тие сметале дека покрај крштевањето е потребно „да положат раце врз нив“ за да Го примат Духот Свети. Таа постапка без сомнение не потекнува од нивна лична иницијатива. Тие за тоа морале да бидат поучени од Самиот Спасител, иако таа непосредна поука не е запишана никаде во Светото Писмо. Дека таа поука постоела произлегува од самиот факт што апостолите така и постапувале.

„Додека Аполос беше во Коринт, Павле откако мина низ горните земји, дојде до Ефес. Таму сретна некои ученици, и им рече: „Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?” А тие му одговорија: „Ние не сме ни слушнале дека има Дух Свети.” Тој им рече: „А како бевте крстени?” Тие одговорија: „Со Јовановото крштение.” Павле рече: „Јован крштаваше со покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исус Христос.” Кога го слушнаа тоа, тие се крстија во името на Господ Исус. И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив. Тогаш тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат“ (Дела 19:1-6).

Апостолите го споменуваат помазанието

За да ги заштити верните од оние што ги заведуваат, значи од тогашните сектанти и еретици, апостол Јован пишува: „А вие имате помазание од Светиот, и сите тоа го знаете“ (1 Јов. 2:20). „А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на се, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа“ (1 Јов. 2:27).

Исто така и апостол Павле го споменува помазанието на дарот од Духот Свети, пишувајќи им на Коринтјаните: „Бог е Оној, Кој нé утврди со вас во Христос и нé помаза; Тој и нé запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши“ (2 Кор. 1:21-22).
Сосема е разбирливо дека апостолите зборот „помазание“ тука го употребуваат во смисла на внатрешно невидливо дејство на Духот Свети врз душата на помазаниот. Но, природно е да се запрашаме, зошто тие тоа духовно дејство го нарекуваат помазание? Дали тој израз можеби го означува и надворешното дејство што служи како видлив знак на помазанието од Духот, како што крштевањето го нарекоа „бања“ поради надворешниот знак на оваа света тајна, односно поради потопувањето во вода. Таа помисла е сосема веројатна и логична, па од тоа може да се заклучи дека апостолите не само што „ги полагаа рацете“ врз новокрстените, туку дека и ги помазуваа, или тој начин на извршување на оваа света тајна им го предадоа на епископите и свештениците, се разбира со тоа претходно да се прочита одредена молитва, како што правеа и самите апостоли: „Тие штом слегоа, се помолија за нив за да го примат Духот Свети“ (Дела 8:15).

Сите тие елементи постојат во Православната Црква уште од апостолско време, а покрај веќе наведените цитати од Светото Писмо за тоа може да се наведат и цитати од најстарите христијански списи и од делата на светите отци.

Сектантскиот став за Миропомазанието

Уште првите реформатори ја отфрлија светата тајна Миропомазание, тврдејќи дека нема основа во Светото Писмо и дека таа воопшто не е потребна покрај светата тајна Крштение. Овој став на првите протестанти го прифатија сите протестантски секти. Некои баптистички проповедници велат дека по миропомазанието на децата или на возрасните што се крстеле не се покажуваат никакви дарови од Светиот Дух.

Дискусијата по овие протестантски и сектантски приговори е многу куса:
а) Не е точно дека светата тајна Миропомазание нема основа во Светото Писмо

б) Не е точно дека таа света тајна покрај крштевањето е непотребна. Ако ја извршуваа апостолите, значи дека ја сметаа за потребна. А тоа понатаму значи дека сектантскиот поглед е спротивен на Светото Писмо.

в) Даровите на Светиот Дух не се од материјална природа за да ги видиме. Дејството на Светиот Дух е невидливио, како и Самиот Он. Но, плодовите од тие дарови можат многу пати да се почувствуваат во душите и да се видат во побожниот живот на христијаните, а во случај на светителство тие се дури и допирливи. Ако, пак, и по примањето на оваа света тајна постојат христијани што паѓаат во разни гревови, тоа е од причина што благодатта никогаш не дејствува насилно, туку само помага во нашиот растеж во Христа. Впрочем, кога баптистичкиот приговор би бил точен, би можел да се однесува и на нивното крштевање. Какви дарови на Светиот Дух се покажуваат кај нивните верници по крштевањето?

 

Подготви
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада