www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,012,087
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТА ТАЈНА ЕВХАРИСТИЈА

Светата Евхаристија, во Православното Предание се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата, која сѐ води, и од која сѐ произлегува. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи, и без неа Христијанството е незамисливо. Светите Отци на раната Црква ја сметаат Евхаристијата за најважен и основен дел на Црковнотото собрание, затоа што таа дава значење и смисол на сите богослужби. Во потесен смисол, во Црквата ја означува благодарствената молитва пред осветувањето на лебот и виното во текот на светата Литургија.

Зборот евхаристија значи благодарење. Општото значење на Евхаристијата како господова трпеза е благодарење на Бога во Христа и Светиот Дух, за сè што Тој направил во создавањето, спасението и прославување на светот.

Со воплотувањето на Бога Логосот, Христос е најочигледната единствена стварност и вечна радост. Преку слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на денот на Педесетницата, Црквата е таа која станува Тело Христово. Токму во тој контекст, Исус Христос е совршената Евхаристија, затоа што во полнотата на благодарноста Се принесол Себе на Бога, еднаш за секогаш. Преку принесувањето на нашиот леб и вино пред Господа, верните остваруваат жива средба со Живиот и Воскреснат Христос.

БЕСКРВНА ЖРТВА

Жртвите постојат уште од Стариот Завет, и тоа како крвни жртви, при кои се принесувале: овци, кози, грлици и гулаби, и бескрвни: класови, брашно, зејтин, темјан, леб и вино. Според својата цел, пак, тие се делеле на жртви сепаленици (за грев и кривица) и жртви на мир и спасение (жртви на фалење и благодарност).

Старозаветните жртви не можеле да ја отстранат вината на прародителскиот грев, иако биле заповедани од Бога. Тие биле само знаци и символи кои укажуваат дека човекот пред Бога е грешен и треба да копнее за искупување, и го наговестувале тоа што требало да се случи во иднината, т.е. големата Жртва на помирувањето – Господ Исус Христос. И токму тоа што жртвите на Стариот Завет не успеале да го сторат, беше остварено преку жртвувањето на Агнецот Божји, овоплотениот и единородниот Син Божји.

Светата Литургија, како Света Жртвена богослужба, односно Евхаристијата, е Жртва на потполно почитување (од Синот кон Отецот); Жртва на потполно помирување (преку оваа Жртва човештвото се помири со Бога); Жртва на потполна молба и Жртва на потполна благодарност (Бог покажа најголема добрина кон луѓето со Жртвата на Својот Син, а луѓето не може подобро да ја изразат својата благодарност, од тоа кога постојано се сеќаваат на таа добрина во Светата Литургија).

Евхаристијата е постојана Жртва на Новиот Завет, во која Исус Христос, во вид на леб и вино, на бескрвен начин се жртвува, со рацете на свештеникот, на небесниот Отец, како што некогаш се жртвуваше на Крстот на крвен начин. Светата Евхаристија по својата суштина е истата Жртва како и таа која Христос ја принесе на Крстот, и тоа со една и иста цел: за простување на гревовите на светот.

Само начинот на жртвувањето е различен: Жртвата на Крстот е крвна, а тука станува збор за жртвување на прославениот Христос на бескрвен начин; на Крстос Синот Божји се жртвува само еднаш и на едно место, а тука повеќе пати и на многу места; на Крстот – за да ни стекне богатство на дарови, а на Литургијата – за да нè причести со изворот на Своите дарови.

Светата Евхаристија е чудо според суштината, затоа што светите дарови, додека пред благословот биле по својата суштина леб и вино, после благословот и осветувањето стануваат Тело и Крв Христови.

Чудо според количината, затоа што Христовото Тело е цело во секоја частичка од осветениот леб.

Чудо е според квалитетот, зашто ние со сетилата гледаме леб и вино, но вкусуваме Тело и Крв.

Чудо е според односот, бидејќи во Божјата Евхаристија постои Самиот Син, Кого во одредено време Го родила Дева Марија, но Тој во Тајната повторно се раѓа со претворање од леб и вино во Тело и Крв.

Чудо е според местото, бидејќи на жртвеникот е истиот Исус Христос, Оној од небото.

Чудо е според времето, затоа што Христовото Тело е нераспадливо и бесмртно; Христовата Крв е извор на вечен живот и Божјите својства остануваат во Евхаристијата.

Чудо е според положбата, затоа што на светата Литургија тој повторно се раѓа, потоа повторно страда на Крстот, воскреснува и се вознесува на небото.

Чудо е според особината, бидејќи Телото и Крвта надворешно се во вид на леб и вино.

Чудо е според дејството, зашто причестувањето допора до чувствата, но го осветува духот.

И на крајот, чудо според трпението, затоа што светиот леб се разделува, но како Христовото Тело не се дели. Тоа се јаде но не се троши.

Оттаму Божјата Евхаристија, со оглед на тоа што ги надминува сите граници и категории на законите во природата, е најголемото од сите чуда.

Исто така, го надминува и секое сфаќање.

Големината на оваа чудо ќе се свати ако разгледаме едно чудо. Рождеството на Спасителот е чудо затоа што ние не можеме да разбереме како вечниот Бог се раѓа од жена, но сфаќаме дека се родил, бидејќи Го гледаме како совршен Човек.

Со оваа Тајна Бог ни се покажува како Оној Кој има моќ, сеголема Божја сила, како Оној Кој е мудар, со Божјо седоброљубие.

РЕАЛНОСТ И СИМВОЛИЗАМ

Евхаристијата во Православната црква е сфатена како вистинско Тело и вистинска Крв Христова. Така, јадејќи го лебот и пиејќи го виното коишто се мистично, осветени со Светиот Дух, имаме вистинско соединување со Бога преку Христа којшто самиот се нарекува Леб на животот (Јован 6.34,41).

Православната Црква го отфрла учењето за тоа дека евхаристиските Свети Дарови се само интелектуални и психолошки символи. Меѓутоа, зборувајќи за евхаристиските Дарови, православното предание, сепак, често го употребува терминот символи, а литургијската жртва ја нарекува духовна и бескрвна.

Црквата се користи со овие зборови затоа што во Православието – реалното, изворното, стварното не му се спротивставува на символичкото, духовното или мистичкото. Напротив, според православното гледиште сета стварност: светот и самиот човек – се реални и притоа и символични и мистични до таа мерка, што самата таа стварност ни го открива и објавува Бога.

При тоа, не смее да се заборави есхатолошкиот елемент на Евхаристијата, кој се чини дека е суштински. Доколку Црквата ја ограничи Евхаристијата само на спомен на еден даден момент од овоземниот живот Христов, Евхаристијата губи од својата онтологија. Напротив, во Евхаристијата верниот народ и клирот, односно сета Црква, иконолошки ја образува стварноста на Есхатонот, заедницата при второто Христово доаѓање, и Неговата слава.

ТАЈНАТА ВЕЧЕРА И ЕВХАРИСТИЈАТА

На Тајната Вечера, Господ Исус Христос за прв пат ја востановува Светата Тајна Евхаристија. Како што може да се прочита во Новиот Завет:

И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: „Примете, јадете; тоа е Моето тело.“Потоа ја заеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: „Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина.“ Господ ја нагласува важноста на оваа света тајна: „Вистина, вистина ви кажувам; ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ (Јован 6,53-54)

Оваа заповед, и оваа света тајна апостолите и првите Христијани ја вршеле редовно.
Постепено на светата тајна Причестување се додавале други молитви, песни и проповеди, и така настанала Светата Литургија или централното богослужење во Црквата.

Кон светата тајна причест може да пристапи секој христијанин: од бебе до старец, зашто во неа човекот се соединува со самиот Спасител. Соединет со Него, човекот живее со Него и со Неговиот вечен живот. Според зборовите на Самиот Спасител: „Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен. Тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене“ (Јован 6, 56, 54, 57). Имајќи ја предвид светата причест, Спасителот се нарекува себеси: „Лебот Божји, Кој слегува од небото и му дава живот на светот“ (Јован 6, 33), леб на животот од кој никогаш не се огладнува (Јован 6, 35), леб небесен кој на причасникот му дава бесмртност и живот вечен (Јован 6, 50-51).

Бидејќи во светата тајна Причест причесникот го прима Телото и Крвта на Спасителот, неопходно е причесникот да се подготвува за оваа света тајна. Подготовката се состои во пост и молитва, зашто постот и молитвата ја очистуваат нашата душа од секој грев и нечистотија. Притоа човекот е должен да се испитува себеси и да ја очисти својата совест од гревовите со покајничка исповед. Само така подготвен, човекот може достојно да се причести. Ако пристапи кон светата причест неподготвен, човекот си навлекува на себе страшна осуда. За тоа зборува апостолот Павле: „Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово“ (1. Кор. 11, 28-29).

 

Подготви,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада