www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,012,008
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТА ТАЈНА СВЕШТЕНСТВО

Во оваа Света Тајна – свештенство, ја извршува само епископ (владика). Епископот го воведува кандидатот пред олтарот, кој ги исполнил сите услови потребни за извршување на свештеничката служба, ја става раката на главата и ја чита молитвата за осветување, за да се спушти божествената благодат на Светиот Дух на кандидатот.

По ова, ракоположените имаат право, во зависност од добиениот ранг, да вршат свештеничка работа, да ги поучуваат верните и да управуваат со Црквата.
Ова право на свештенството му го дал самиот Господ Исус Христос, кога, во пресрет на Вознесението, им рекол на апостолите: „Одете, затоа, правете ученици од сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и на Светиот Дух, 19, 20).

Во Православната црква ги имаме следниве акти на ракополагање: ѓакони, презвитери (свештеници) и епископи (владици).

Епископите се избираат исклучиво од редовите на монасите и тие имаат право да ги извршуваат сите Свети Тајни, презвитери, освен Светата Тајна на свештенството, додека ѓаконите не можат самостојно да извршуваат никаква Света Тајна, туку да им помагаат (да служат) на епископите и презвитерите .

Кој ја воспостави хиерархијата во Црквата?

Самиот Господ Христос како прв Првосвештеник: „ И никој не се здобил со таква чест, туку само оној кој е повикан од Бога, како што беше Арон. Така и Христос не се прослави Сам Себе си, станувајќи првосвештеник, туку Го прослави Оној Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес.“ Како што е и на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.“ (Евр. 5, 4-6). Тој, како извор на целата власт и права во Неговата Црква, им дал на апостолите овластување да поучуваат, лекуваат и простуваат гревови.

Што е, тогаш, целата хиерархија? – Прво, Христос како вечен Првосвештеник и Поглавар на Црквата, потоа од Него апостолите, потоа од апостолите епископите, и од епископот свештениците и ѓаконите …

Зошто е потребно да се стават рацете на оваа света тајна? – Ова прво го правеле апостолите: „Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по пророштво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството! Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на сите!“; „Раце на никого не полагај пребрзо, ниту, пак, на туѓи гревови да стануваш соучесник! Пази се себе чист!“ (I Тим. 4: 14 -15; 5: 22). Полагањето на рацете во оваа света тајна се пренесува на лице кое е ракоположено за духовна сила и со тоа се постигнува правна врска помеѓу црковниот авторитет и свештенството.

Зошто свештеникот го нарекуваме „Отец“? Затоа што повторно се раѓаме во деца Божји преку свештеници во светата тајна на крштевањето; преку нив, во светата тајна на причеста, добиваме небесна храна (тело и крв на Христос); во светата тајна на покајанието преку нив добиваме прошка за нашите гревови и во другите свети тајни ги добиваме посебните дарови на Светиот Дух. Покрај тоа, свештениците постојано се молат за нас, нè учат, нè советуваат, нè предупредуваат и нè водат. Затоа, тие се навистина наши духовни отци. Секако, тие мора да бидат достојни за тоа име и за таа голема услуга.

Светата Тајна Свештенство е чин во кој присуствува Самиот Господ Исус Христос во храмот, која присутност ја стекнал со крвта Своја, и во таа присутност постојано делува преку Светиот Дух, како божествен основател на Црквата и нејзин Поглавар.

Неговото постојано присуство во црквата било објавено преку епископите, презвитерите и ѓаконите. Преку ракополагањето, според Православните канони, свештените лица го примаат дарот на Светиот Дух, кој ги посветува и поставува на определениот степен на црковната хиерархија. Како што на апостолите им дал власт за поучување и свештенодејствување, така Исус ја дал власта и службата на црковната хеиерархија, како Пастир и Чувар на верниците.

Свештенството, е тајна во којашто преку ракополагањето му се дава власт од Бога на тој што се ракополага да врши свештенослужение и свети црковни тајни, востановени во Црквата Божја.

Човек правилно произведен во степенот на свештенството. Архиерејско ракополагање и молитва произнесена од архиерејот: Божествена благодат… и понатака.

Има три степени на свештенство: ѓакон, свештеник и епископ.

Кандидатот за свештеникот:
1) треба да има соодветна возраст;
2) не смее да има две жени или да биде женет за вдовица;
3) треба да биде душевно здрав, да има увид и мудрост кон извршувањето на Божествените тајни, да биде спремен за проповед и во поучување на луѓето;
4) треба да биде пример за добри и Богоугодни дела;
5) не смее да биде роден од јавен блуд;
6) не смее да биде осквернавен со тешки гревови, особено убиство на човек;
7) треба да ги има сите вредности за вршење на ова дело.

Кндидатот за свештеник треба да биде во добра состојба и од машки пол.

Да биде оспособен во извршување на седумте тајни Божји.

Епископот од свештеникот се разликуваат во тоа што: Епископот сам ги извршува сите тајни и на други им ја пренесува власта да ги вршат тие свети тајни, а обичниот свештеник (ерејот) ги врши сам, но само по дадената од архиерејот власт (преку ракополагање) а свештеникот на други не може да ја даде таа власт да ја вршат; исто така свештеникот не може да освети миро или антимнист, коишто ги осветува само архиерејот.

Разликата помеѓу архиепископот од епископот (митрополитите и патријарсите) е во повисокото управување во Црквата.

Светата тајна е тајна, бидејќи својот почеток тајната ја има во Христа, иако таа тајна што ја извршува свештеникот којшто се наоѓа во грев не му донесува никаква благодат, „зашто кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува Телото Господово“, вели Апостолот (1 Кор. 11, 29).

Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа, надвор од Црквата и нејзината Евхаристија, Епископот нема идентитет, и не постои како Епископ, но и Црквата не може да го оствари своето литургиско постоење без Епископот, кој ја возглавува.

Затоа, кога свети Игнатиј Богоносец вели: „дека Епископот седи на место и во обличје Христово, тој сака да каже дека тоа место не е позиција на власт и моќ, туку пред сѐ, Голготското место и место на Крст и страдање, а обличјето Христово е обличје на слуга, кој доаѓа да служи, а не да му служат.

Епископот го иконизира присуството Христово во Црквата, бидејќи налик на Него е кроток и смирен по срце, го мрази гревот, а го љуби грешникот. Неговите зборови изгонуваат секаков сомнеж и му објавуваат на светот дека Христос навистина воскресна. Тој зборува за Христа, живее за Него и умира за Него. Го молам Великиот Архиереј, Единородниот Син Божји Исус Христос, и мене недостојниот да ми подари такво епископство“ завршува свети Игнатие Богоносец

Во православната Црква, поимот „свештеник“ означува и чин во црковната ерархија кој се наоѓа меѓу ѓакон и епископ. Во раното христијанство се јавува потребата од свештенство кој ќе им проповеда и ќе им богослужи на сите верници и многу брзо се створил хиерархиски ред на свештенството (ќакон, свештеник, епископ и поглавар).

Православната Црква е една од најстарите религиозни институции во светот, и одиграла клучна улога во историјата и културата на земјите од Источна Европа, Балканот, Кавказ и Блискиот Исток. Православната Црква е организирана како заедница на автокефални цркви, со кои раководат епископи, преку Светиот синод. Православната црква нема централен авторитет како што е папата во Римокатоличката црква, туку Вселенскиот патријарх кој е признат од сите како („прв меѓу еднаквите“) на епископите.

Православната и Римокатоличката црква биле во заедништво до големиот раскол во 1054 година, поттикнат од разликите во доктрините, посебно поради авторитетот на папата. Пред Четвртиот вселенски собор од 451 година, Древноисточните цркви биле дел од оваа заедница, и се одвоиле поради разлики во толкувањето на христијанството.

Најголем дел од православните христијани живеат во Источна Европа, Балканот и Кавказ, а постојат помали заедници во бившите византински региони околу Средоземното Море, Африка, и уште помали заедници во Среден Исток поради прогонот на христијаните. Секако, постојат заедници во други делови од светот, кои ги одржува дијаспората.

Целото име на Православната црква е Света Вселенска Соборна и Апостолска Црква, основана од Господ Исус Христос и неговите апостоли. Првото споменување на изразот „соборна црква“ (Католичка – Соборна Црква) било во писмо напишано околу 110 година од свети Игнатиј Богоносец до црквата во Смирна. Во писмото се вели: „Каде епископот ќе се појави, таму луѓето ќе се соберат, и таму е универзалната соборна (Католичка – Соборна) Црква.” Така, од почетокот, христијаните ја сметале Црквата за „Една, Света, Апостолска Црква“. Црквите во Рим и Цариград се одвоиле по настанот познат како Големиот раскол, кој се случил во 1054 година, сепак одвојувањето било постепен процес, а не ненадејно. По одвојувањето, и двете цркви сметале дека другата отпаднала од „едната вистинска црква“.

Сите православни христијани ги обединува заедничката вера, како и покрстувањето и начинот на одржување на светата литургија, без разлика на националноста, локалните обичаи или годината на раѓање. Доктрината на Православната црква доаѓа од Симболот на верата.

Подготви,
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада