www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,012,128
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТА ТАЈНА ЕЛЕОСВЕТУВАЊЕ

Сите свети тајни се свештенички дејствија, кои на видлив начин ја примаме благодатта на невидливиот Светиот Дух. Светите тајни – се седум. Некои од нив се задолжителни и сеопфатни за сите верници: 1. Крштевање (задолжително), 2. Миропомазание (задолжително), 3. Покајание (задолжително), 4. Евхаристија – Причест (задолжително); 5. Брак (за повеќе верници), 6. Свештенство (за црковниот клир) и 7. Елеосветување (за болни, телесно и духовно).

СВЕТА ТАЈНА ЕЛЕОСВЕТУВАЊЕ

Во Светата тајна Елеосветување, Бог Светиот Дух, слегува да помогне кога човечкиот живот ќе се најде во голема неволја и опасност од болест и немоќ. Го окрепнува, го зајакнува и лекува болниот. Целта на оваа Света Тајна е простување на гревовите и враќање на здравјето на болниот верник. „Подоцна Исус го сретна во храмот и

му рече: „Ете, сега си здрав; и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо“ (Јован 5:14). Оваа Света Тајна е востановена и воведена во животот на Црквата од Светите Апостоли. „Изгонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа“ (Марко 6:13).

Светата тајна Елеосветување се извршува од седум свештеници или најмалку со три. Се состои од 7 Евангелија, 7 молитви, свештено молебен канон и после секоја молитва по Евангелието се помазуваат болните со осветен елеј (масло), преку кое Божјата благодат дејствува во заздравување на болните, а во болест се подразбира тежина и оболување на душата или телото.

Божјата благодат во оваа Света Тајна го лечи телото од неговата немоќ и ја чисти душата од нејзините гревови.

Оваа света тајна се извршува во Црквата уште од времето на Господ Исус Христос. По Христовата заповед, апостолите отишле да го проповедаат Евангелието, и меѓу другото: „Изгонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа“ (Марко 6:13). Извршувањето на оваа света тајна е пренесена на епископите и свештениците по заповед на апостолите. Светиот апостол Јаков пишува сосема јасно: „Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика презвитерите црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови ако направил, ќе му се простат “(Јаков 5: 14-15).

Светата тајна Елеосветување се извршува, не само на сериозно болните и на оние што умираат, туку оваа чудотворна Света тајна се извршува и над оние кои се лесно болни.

ПОУКА ЗА ВЕРНИТЕ

Светата тајна Елеосветување може да се повтори повеќе пати. Сите верници можат да учествуваат во нејзе (доколку е потребно неколку пати годишно), а осветеното масло и брашно може да го користи секој православен крстен и помазан верник.

Во наше време, оваа Света Тајна ја извршуваат свештеници индивидуално, само по барање на верниците, особено за време на итни случаеви и големи искушенија, а редовно се извршува еднаш годишно во секоја парохиска црква за време на Велигденскиот пост, во Божиќниот пост и на празникот Огнена Марија.

УПОТРЕБА НА СВЕТОТО МАСЛО И БРАШНО

Сите верници кои учествуваат во Светата тајна на Миропомазанието можат да донесат список со членови на семејството и роднините, да му ги предадат на свештеникот за да се читаат за здравје, и своето масло и брашно да ги стават (во мали количини) под масата каде што се наоѓа Светото Евангелие, како и до брашното и маслото што ги користат свештениците за помазание на болните за време на извршувањето на Светата Тајна.

Откако ќе заврши Светата тајна на Елеосветување, верниците го земаат осветеното масло и брашно, ги носат во своите домови и го користат на следниов начин:

Во осветеното брашно се додава еден килограм брашно (ако има повеќе членови во фамилијата се додаде повеќе) се замесува со свежа вода, додавајќи малку осветена (Богојавленска или друга) вода и малку осветено масло (најмногу една лажица), се прави погача. Погачата се пече, и кога ќе се олади, се сече на парчиња (во големина на коцка шеќер) кои се ставаат на чиста хартија долго време добро да се исушат. Така добро исушените парчиња (кои се во облик на нафора) се стават во една хартијна кеса, и во наредните четириесет дена со засилена молитва да зема по едно парче на празен стомак секое утро по молитвата (тоа е нафора), и голтка или две осветена вода, и потоа да се земе вообичаениот појадок или нешто друго.

Остатокот од осветеното масло може да се користи и во јадење по неколку капки, може доколку е потребно, оболениот дел од телото може да биде помазан.

Осветените масло и брашно може да се споделат со други верници кои ќе ги користат според приложените упатства со вера и молитва. Можат да се помазат со осветеното масло и други болни,

Да се потсетиме уште еднаш:

„И многумина болни помазуваа со масло,
и лекуваа“ (Марко 6:13)

Така правеле светите апостоли, така е заповедано и ние истото да го правиме. Апостол Јаков ни пишува: „Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика презвитерите црквовни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат“. (Јаков 5: 14-15). Не треба да повикувате било кого туку црковните свештениците; не треба да биде помазан во ничие име (во никој случај гледачи или претскажувачи) туку во името Господово; никој нема да го подигне, освен самиот Господ, ниту пак некој друг може да му ги прости неговите гревови, освен само Господ. Зошто масло, а не нешто друго? Затоа што така е заповедано, за да би покажале послушност во верата. Зошто е заповедано да се крштеваме со вода, и да бидеме помазани со миро, и да се причестуваме со леб и вино? Тоа е Божји избор и Божја промисла, и наше е да слушаме и да веруваме. Различни елементи се користат во различни тајни, но благодатта е една, како што Бог е еден, и сè е од Бога. Зошто на Бог му треба одредена материја за да ја излее Својата благодат врз нас? На Бога не му е потребна материја, туку ние: додека сме во материја, потребна е материјата. Изложени во нашата немоќ, Господ ја користи материјата. На нематеријалните ангели Бог им дава благодат на нематеријален начин.

Елејот (маслото) немоќен е сам по себе, како што целата материја нема моќ сама по себе, но благодатта Божја е семоќна. Преку Елејот (маслото), Господ ја дава благодатта на Светиот Свој Дух, и таа благодат ги лекува болните, ги подига слабите, ги протерува демоните.

Браќа мои, колку е неискажлива благоста Божја! Што Господ не направи за нас?! И што повеќе би можеле да бараме?! Бог однапред ги знае сите наши потреби, и однапред има предвидено лекови за сите нив. А, Бог само бара од нас да му веруваме и да ги почитуваме неговите прописи. Зарем не е долно и срамно за нас, совесно да ги исполнуваме прописите на лекарите, а, како луѓе смртни – какви што сме, да ги игнорираме прописите на бесмртниот Бог?

Себлаги Господи, стопи ги нашите камени срца со силата на Твојата благодат, така што пред смртниот час да покажеме должна благодарност према Тебе, о семилостиви и сезнаен Боже наш! Тебе слава и пофалба во сите времиња. Амин.

 

Подготви,
Прота Митко Попоски
Виндзор, Канада