www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,908
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


НЕДЕЛА НА ЖЕНАТА САМАРЈАНКА

30 Мај 2021

НЕДЕЛА НА ЖЕНАТА САМАРЈАНКА

 

Видете какви необични сведоци на Своето Воскресение поставува Господ пред нас, пред лицето на човечкиот род. Кого? Блудница! – Еве ја жената Самарјанка – шест мажи сменила, и неа Господ ја направил Апостол и сведок на Својата Божествена сила, на Своето Воскресение.

Го слушнавте денес Светото Евангелие: Спасителот, изморен од патот, дошол на еден извор, а жената Самарјанка дошла по вода. Меѓу нив се развило разговор, божествен и чуден. Спасителот ѝ ја открива на Самарјанката тајната на Своето доаѓање во светот, тајната на Живата Вода. А околу нас, луѓето, сè е мртво.

Се зачудила жената Самарјанка: „Каква е таа вода? Дај ми од неа, Господи, да не ожеднам повеќе, да не доаѓам на овој извор“. „Јас ти говорам за водата на Вечниот Живот, водата жива… која тече во Животот Вечен“. И Тој со право вели: „Кој е жеден нека дојде при мене и нека пие, и од неговото тело ќе потечат реки од живата вода и ќе го одведат во Животот Вечен“.

Под вода жива Господ мислел на Духот Свет. И кога со неа го напоил светот, кога Светиот Дух слегол врз Апостолите, тогаш луѓето навистина започнале да пијат жива вода, вода која лечи од смртта, вода која секоја смрт ја изгонува, вода која дава бесмртност и живот вечен.

Почувствувала жената Самарјанка дека пред себе има еден Пророк, и возбудена и збунета таа Му одговара: „Знам, тоа што Ти го говориш нам ќе ни го објави Месијата, Спасителот, Кој треба да дојде во овој свет“. И Спасителот тогаш и одговорил: „Јас Сум, Кој говорам со тебе“. Внимавајте браќа, Господ ја кажува тајната на Својата Личност на жената блудница. Никому дотогаш не Се објавил и покажал Себеси на тој начин. „Јас Сум, Кој говорам со тебе“.

Како тврдење, и необично, и страшно! Самарјанката Фотина почувствувала дека нешто големо се случува со неа и во неа. Потрчала во градот на луѓето да им ја јави таа вест. „Дојдете, видете Го Човекот Кој ми кажа сè што сум направила“. Да не е тоа Христос, да не е тоа Спасителот, да не дошол Тој во овој свет? И кога тие дошле, и самите почувствувале Кого Го имаат пред себе. И Го молеле да остане два дена со нив. И останал Тој два дена во разговор и беседа со нив. И кога ја завршил беседата со нив, тие ѝ рекле на Самарјанката: „Сега веќе не веруваме од твоето кажување, оти сами чувме и знаеме дека е Он Спасителот на светот, Христос“.

Со тоа започнало Евангелието на жената Самарјанка. Што се случува со неа? Жена блудница… Таа, таа ги започнила овие чудесни зборови на Спасителот, и започнала да Го следи, поверувала во Него, оставила сè и станала Апостол, започнала да патува по светот и да Го проповеда Христа како Единствен Бог и Спасител на светот. Не само таа, туку и петте свои сестри ги обратила во Христа. Сите станале исповедници, сите станале Апостоли. И нејзините два сина, Виктор и Јосиј, ете ги новите Апостоли, новите Маченици за Христа. А таа, поранешна блудница, на чело на сите нив. По молитвите на светата Фотина рамноапостолна, Господи Исусе Христе, помилуј и спаси нè!

 

Евангелие во Неделата на Самарјанката
Јован( 4; 5-42)

5. И така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на сина си Јосифа.
6. Таму беше изворот на Јакова. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час.
7. Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!”
8. А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.
9. Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, бидејќи Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?” – Оти Јудејците со Самарјаните не се мешаат.
10. Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Оној што ти вели: „Дај Ми да пијам“ – ти самата би побарала од Него и Он би ти дал вода жива.”
11. Жената Му рече: „Господи, Ти нема со што да нацрпиш, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш вода жива?
12. Зар си Ти поголем од нашиот татко Јакова, кој ни го даде овој кладенец! И сам тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!”
13. Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни;
14. а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода, што ќе тече во живот вечен.”
15. Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!”
16. Исус ѝ рече: „Оди, повикај го мажа си и дојди тука!”
17. Жената одговори и Му рече: „Немам маж.” Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж;
18. зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.”
19. Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк.
20. Нашите татковци се клањаа во оваа планина, а вие велите дека во Ерусалим е местото каде што треба да се клањаме.”
21. Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот.
22. Вие му се клањате на она, што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.
23. Но иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се клањаат.
24. Бог е Дух и оние, што Му се клањаат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.”
25. Жената Му рече: „Знам оти ќе дојде Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Он, сè ќе ни каже.”
26. А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборувам со тебе.”
27. И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жената; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?” или „Што зборуваш со неа?”
28. А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето:
29. Дојдете, видете Го човекот, Кој ми кажа сè што сум направила. Да не е Он Христос?
30. Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.
31. Во тоа време, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!”
32. Но Он им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.”
33. Тогаш учениците си проговорија помеѓу себе: „Освен ако Му донел некој да јаде?”
34. А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној, Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело.
35. Не велите ли вие, дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А Јас, пак, ви кажувам: подигнете ги очите свои и видете ги нивите како побелеле, готови се за жетва.
36. И жетварот веќе добива награда и собира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.
37. Зашто во ова вистинска е поговорката: „Еден сее, а друг жнее.“ 38. Јас ве пратив да жнеете, каде што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.”
39. И мнозина Самарјани од тој град поверуваа во Него по зборовите на жената, која сведочеше: „Ми кажа сè што сум направила.”
40. Кога дојдоа, пак, Самарјаните при Него, Го помолија да остане кај нив. И Он остана таму два дена.
41. И уште повеќе поверуваа поради словото Негово; 42. а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме од твоето кажување, оти сами чувме и знаеме дека е Он Спасителот на светот, Христос.”

 

На 30 Мај 2021
Подготви,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада