“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО СПАСОВДЕН
10 Јуни 2021
Исус, по Воскресението многу пати им се јавуваше на апостолите, што беше ги избрал, а на кои им се претстави жив по Своето страдање со многу верни докази, јавувајќи им се преку четириесетте дни и зборувајќи им за царството Божјо. И собирајќи ги, Он им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.”
А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево?” И Он им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата.”
И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа, Он се подигна, и облак Го подзеде од пред очите нивни. И додека гледаа кон небото, кога се вознесуваше Он, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека, и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак по истиот начин, како што Го видовте да оди на небото.”
Тогаш тие се вратија во Ерусалим од планината, наречена Елеон, која се наоѓа близу до Ерусалим, колку еден саботен ден одење. И кога дојдоа, се искачија во горната одаја, каде што живееја Петар и Јаков, Јован и Андреј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот и Јуда Јаковов.*****
На православниот календар Овој Ден е важен датум – Вознесението на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос. Овој празник е поврзан со божественото воскресение и вознесение на небото Христово.
Каков празник е тоа?
Вознесението Господово е еден од најважните православни празници. Христијаните веруваат дека на четириесеттиот ден по Воскресението, Исус Христос се вознел во небото. Ова се случило пред очите на учениците во предградието на Ерусалим на Маслиновата гора. Како што е опишано во Евангелието, Христос им се појавил на своите ученици во Ерусалим и ги одвел надвор од градот во селото Витанија.
„И кревајќи ги рацете, ги благослови. И кога ги благослови, се појавил облак и во тој момент почна да се издига од земјата носен од облакот оддалечувајќи се од нив и така се вознесе на небото “, – вели евангелистот Лука.
По вознесението, двајца ангели се појавиле при собраните и им кажале, дека Христос повторно ќе дојде на земјата на ист начин, за да им суди и на живите и мртвите: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак по истиот начин, како што Го видовте да оди на небото.”
Кога се слави Вознесението Господово?
Датумот на овој празник “е подвижен” – секоја година паѓа во различна дата. Зависи од Велигден – Воскресението на Господ Исус Христос. Вознесението го одбележуваме 40-тиот ден по Светлата недела и секогаш е во четврток. Оваа 2021 година, празникот го одбележуваме на 10 јуни.
Како се слави овој празник?
Претходниот ден во Божјите храмови – црквите, започнуваат богослужби во чест на овој празник: во среда наутро се огласува последната велигденска химна, а вечерта се служи големо-повечерие со бдение. На денот на празникот, православните доаѓаат во Божјите храмови – во црквата, на света литургија, на која се чита светото Евангелие по Марко.
Што се однесува до народните традиции, во старите денови, на овој ден, се одржуваа големи весели прослави во чест на Празникот со молитвена желба на идна добра жетва, и потсетување дека конечно доаѓа летото.
Дали треба да постиш на овој ден?
Не, овој празник секогаш паѓа во четврток и не е поврзан со никакво ограничување на храна. Но, следниот ден, петок, нема да можете да јадете месо, јајца, млечни производи. Но, дозволено е да се јаде риба.
Што не може да се направи на овој ден?
На овој ден, бездомниците не треба да бидат заборавени. Напротив, треба да им се помогне на оние кои имаат потреба и на сите оние кои молат за јадење. Луѓето веруваат дека на овој ден Исус оди по улиците меѓу обичните луѓе во форма на просјак. Од таа причина, не треба да фрлате нешто на улица, или да плукате на улица.
Обидете се да не работите тешка физичка работа. Одложете го чистењето на вашиот дом за следниот ден, направете го истото со работата во градината. Исто така, немојте да перете и пеглате.
Се верува дека на овој ден, да не позајмувате на никого и да не барате позајмица од никого, бидејќи се верува дека на овој ден ја давате својата среќа или присвојувате туѓа, но со тоа ги земате и нивните проблеми.
Како и на било кој друг православен празник, не можете да псуете, да принесувате лутина, да бидете тажни и да пројавувате омраза.
Подготви,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада