www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,525,061
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИ ЈОАНИКИЈ РАКОТИНСКИ

24 јануари

Можеби и тоа е по Божја промисла, на чудесен начин светителите да го потврдуваат историскиот континуитет на древната Охридска Архиепископија и Македонската Православна Црква-ОА .

На исто место да престојуваат главата на основоположникот на Охридската Архиепископија, и дел од светите мошти на ново пројавениниот светител во Македонската Црква.

Свети Јоаникиј е новопројавен светител од Македонија и од нашиот христољубив православен род Македонски.

Се родил во Охрид, на Божик, 7 јануари 1847 година, а на крштението го добил името Јован.

Монашки потстриг примил на 17 јануари 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези, со името Јоаникиј.

Година и половина по замонашувањето преминал во манастирот Горен „Свети Илија“, село Бањани, каде што по Божја промисла, во 1967 започна со работа Македонската Православна Богословија, која што една учебна година беше училиште и интернат на многумина денешни свештенослужители на МПЦ-ОА.

Во 1874 година останал во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“.

Како најобразован во тоа време, во 1896 година формирал келијно- основно училиште за деца, кои се образувале на народен македонски јазик..

Живеел во исклучително тешко време, за време на турското владеење, Балканските и Првата светска војна, со тешки искушенија и притисоци, и сенародно страдание. Неговиот подвижнички живот, бил исполнет со страданијата што ги претрпувал од турските власти и од локални турски и арнаутски одметници, кои во неколку наврати сакале да го убијат.

Преподобниот отец Јоаникиј, исто така бил прогонуван и од туѓите црковни власти ,кои што не биле сигурни во него , како голем миленик на Божјиот народ, дека ќе ги подржува нивните мерки за денационализација на македонскиот народ.

Останал во молитвен сојуз со својот народ, за што во 1922 година бил суден од српските црковни власти, како што пишува во нивниот шематизам од 1924 година, „но, Севишниот Бог, Кој ја храни и чува Црквата на камен, Он со Неговата семоќна рака ме сочува и мене, грешниот, до денес,“ самиот беше запишал во неговата биографија.

Во 1913 година бил произведен во игумен, а во 1935 година во архимандрит. Се упокоил на 24 јануари 1940 година.

Потоа преподобниот отец наш Архимандритот Јоаникиј, смирениот подвижник и чудотворец од с. Ракотинци, Скопско, повеќе пати се откривал во својата светост.
Во текот на животот, со своите молитви и лекови од природата го лечел Божјиот народ. По неговато преставување пред Господа, повекратното го откривал неговото нараспадливо тело објавувајќи ни дека нешто драгоцено зрачи од гробот, пред Ракотинскиот манастир “Свети Илија“.

А, токму во тој откриен гроб се појавуваа со пријатен мирис неговите мошти, откако земјата претходно на чудесен начин ќе се тргнела од него,за да биде објавена славата Божја.

После неговата канонизација, моштите на ново пројавениот светител Свети Јоаникиј Ракотински од септември 2017 година се наоѓаат во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Честица од неговите свети мошти има кај големиот негов поклоник, архимандритот Порфириј од манастирот Верија, каде што се наоѓа и главата од Светиот Климент Охридски Чудотворец.

Можеби и тоа е по Божја промисла, на чудесен начин Светиите да го потврдуваат историскиот континуитет на древната Охридска Архиепископија со Македонската Православна Црква-ОА .

На исто место да престојуваат главата на основоположникот на Охридската Архиепископија, и дел од светите мошти на ново пројавениниот светител на Македонската Црква.

Неговата исцелителна моќ продолжува и по неговата смрт, секаде кај што има дел од неговите свети мошти, за што сведочат многумина кои што по молитвите на Свети Јоаникиј ја почувствувале Божјата милост и чудотворна моќ.

Преподобни оче наш Јоаникие Ракотински, моли Бога за нас.

Молитва до преподобниот ЈОАНИКИЕ,

Преподобен отче наш Јоаникије,исцелителу на сите телесни болести и ослободителу од сите духовни тешкотии, не оставај ме во тагата на моите гревови да загинам, посрамен од многуте прегрешенија на моето срце. Ослободи ме од уздите на телото и заштити ме од страстите на похотата. Не дозволувај да подлегнам на сладострасните искушенија на кои сум постојано изложен. Отклони ги од моето срце сите стрели на лукавиот, кој ја сака единствено мојата погибел. Заштити ме со своето застапништво пред Бога, и не само од телесните, туку и од сите духовни немоќи ослободи ме мене окајаниот.

О, велик чудотворецу, пред тебе се поклонувам и само тебе ти е молам, заштити ја нашата Татковина од наезда на иноплеменици и зачувај ја нашата Црква од иноверните непријатели. Утврди ја православната вера во нашиот народ, водејќи го кон покајание и оставање на гревовите, бидејќи ти најде милост пред Бога и во тебе се прослави силата Божја. Свештениците и монасите не оставај ги без твоето застапништво, утеши ги со ветените вечни блага, и вразуми ги за правилно да го водат кон спасение повереното им од Бога стадо на словесните овци. Подвижниците укрепи ги во подвигот, почуј ги молбите на сите болни и побрзај да им помогнеш на изнемоштените. А најпосле, спомни си и за мене грешниот слуга Божји, кој недостојно стојам пред твојот свет лик, и не знам со кои зборови да ги искажам многубројните гревови на мојата душа.

Тајнику на душите човечки, кој се удостои да гледаш во длабочината на човекот, погледни и во моето острастено срце, кое стои далеку од Бога. Загреј ја мојата скаменета душа со љубовта Христова, та преку молитвата да напредува во верата Православна, заборавајќи на сите погибелни задоволства од овој свет. Молитвенику за сите обременети, избави ме од бремето на гревовната тага, кое повеќе неможам да го носам. Со своето застапништво, помог ни ми да ги отргнам пороците на моето тело, за да можам да се развеселам во покајниот плач на спасението. Ти кој со солзи изгради скала до небото, моли Го Бога од моето срце да потечат непресушни реки на покаен плач, во кои ќе го измијам мојот ум и ќе го очистам моето срце, та духовно зарадуван, да Му воздавам слава на Бога, сега и секогаш, во овој и во сите векови. Амин!

Претставил:
Отец Митко Попоски
Виндзор Канада