www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,545,560
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТИОТ АПОСТОЛ ФИЛИП

27 Ноември

Покрај Галилејското море, во близината на Хоразин и Капернаум, се наоѓал градот Витсаида. Во тој град се родиле тројца апостоли: Петар, Андреј и Филип. Петар и Андреј биле рибари и со тој занает сè бавеле додека Господ Христос не ги повикал. Потеклото на Филип, никаде не се спомнува. Името Филип не се среќава во Еврејскит народ, ниту пак кај Грците, најчесто го има кај Македонците, а во времето на Господ Исус Христос имало во Палестина голема колонија Македонци (Link), остаток од Александровите походи, има голема вероватност дека родителите му биле Македонци. Филип од својата младост, неговите родители го испратиле да ја изучува книжевната мудрос. Внимателно го проучувал Светото Писмо, Филип постанал добар познавач на Светото Писмо и добро ги знаел сите пророштва за очекуваниот Месија, и горел од љубов кон Него имајќи голема желба да Го види, иако тој не знаел дека веќе беше дошол на земјата Оној кого многумина копнееле да го видат, чекајќи го Неговото доаѓање.

Додека Филип горел со таква љубов кон Месијата, ете, толку посакуваниот Месија, Христос, дошол во Галилеја и откако го нашол Филипа, му рекол: „Врви по мене“ (Јован 1:43). – Го слушнал тој повик Господов, Филип не само што го чул со своите физички уши, туку и со длабочината на своето срце, и веднаш поверувал дека тоа е вистинскиот Месија, ветениот од Бога преку пророците, и тргнал по Него. Внимателно следејќи го прејсветиот живот на Господ Христос, Филип се погрижил да го подржува, и од Него ја научил Божествената мудрост, со која подоцна морал да ја надмине паганската лудост. Радувајќи се на откривањето на таа Ризница, преку која целиот свет ќе биде откупен, Филип не сакал само тој да се збогати со тоа, туку се трудел и други да имаат удел во тој дар. Затоа, наоѓајќи го својот пријател Натанаил, тој со радост му соопштил: „Го најдовме Оној за кого пишуваше Мојсеј во Законот и Пророците – Исус, синот на Јосиф од Назарет!“ (Јован 1:45). Натанаил, слушајќи го ова не верувајќи дека Месијата, Израилскиот Цар, ќе потекне од мал град и едноставно семејство, па рекол: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?’ – Филип му рекол: не зборувајќи многу, го советувал Натаниела само да го види Исус, велејќи му: Дојди и види“ (Јован 1:46). – Филип така му рекол затоа што знаел дека Натанаил, веднаш штом ќе го виде Исус и ги слушне Неговите спасоносни зборови, ќе поверува дека Тој е Месијата. Всушност, така и се случило. Бидејќи, кога Филип го водел Натанаил кај Исуса, Господ, кој ги знае срцата и чита скриени човечки мисли, гледајќи го Натанаил дека доаѓа кај Него, го познал и му рекол: Еве вистински Израелец, во кого нема лукавство!“ – Откако ги чул овие зборови, Натанаил се изненадил и Му рекол: „Од каде ме познаваш? Затоа што никогаш не сме те виделе. – Господ му одговорил: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“ (Јован 1: 47-48) – Натанаил, кога бил под смоквата, размислувал за Божествениот Месија, Кој бил во очекување со радост на верните слуги Божји; Дарувајќи му Бог скрушено срце и топли солзи, преку кои тој искрено се молел на Бога, да го исполни она што го ветил од памтивек ветувајќи им го на татковците да им го испрати на земјата Спасителот на светот. Божјите очи го виделе во тоа време Натанаила, кој бил во духовна милостивост, затоа и му рекол Господ: Те видов кога беше под смоквата.

Овие зборови уште повеќе го воодушевиле Натанаил. Бидејќи, тој се сетил што размислувал под смоквата, и со каква милозливост се молел на Бога да го испрати Месијата; знаејќи дека таму немало ниту еден човек со него кој би го видел и дека никој друг освен Бог не можел да ги знае неговите мисли. Затоа Натанаил веднаш поверувал дека Исус е Месијата кого Бог го ветил дека ќе го испрати за спасение на човечкиот род и ја исповедал Божанската природа во Христа Исуса, со која Исус ја знаел тајната на неговото срце, и воскликнал: „Учителе! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!“ (Јован 1:49)

Колку голема благодарност ја чувствувал и му ја искажал Натанаил на Филип што го известил за Спасителот Кој веќе беше дојден на земјата и што го однел до посакуваниот Месија! Се радувал и свети Филип што луѓето ја виделе Божествената ризница, скриена во глината на човечката природа и гореле во уште поголема љубов кон својот Господ. Но, свети Филип, согледувајќи во својот Божествен учител човек совршен во сè, сеуште неможел да го распознае во него совршениот Бог. Тоа да би го исправил во себе, Господ Христос му помогнал. Еднаш Господ, во присуство на пет илјади луѓе од другата страна на Тивериското Море, сакајќи да нахрани толку големо мноштво на Свои слушатели на чудесен начин, му рекол на Филип: „Каде да купиме леб за да јадат овие?“ – со овие зборови го искушувал, бидејќи знаел дека нема од каде да набави толку леб; а однапред знаел што ќе одговори Филип. Само, поради тоа, го прашал Филипа, за ово подобро да се запознае себе си, засрамувајќи се на своето неверие, се упатил во верата. Филип добро се сеќавал на семоќта Божја и рекол: Ти, Господи, можеш сè; не треба да прашуваш никого; само посакај, и веднаш сите ќе бидат задоволни: „ја отвораш раката Своја – се наситуваат со блага“ (Псал. 103, 28). – Филип не го рекол тоа, но, го помислил за својот Господ како човек, не како на Бог, па Му одговорил: „Не ќе им биде доволно леб за двеста динариа да добие секој од нив по малку!“ (Јован 6: 7). – Тогаш Тој им рекол на учениците: „Распуштете ги луѓето да отидат по околните села и населби и да си купат леб, зашто нема што да јадат.“ (Марко 6:36). – Меѓутоа, кога Господ ги прекрши петте леба и двете риби, за да јадат пет илјади луѓе (Лука 9:16), тогаш Филип видел дека рацете Господови, како од неисцрпна житница, им дава доволно храна, сè додека луѓето не се заситиле. Тогаш апостолот Филип се засрамил на своето неверие, откако ја утврдил верата во себе, сите ја прославиле силата Божја во Христа Исуса.

Подоцна, Господ, Филип го вклучил меѓу дванаесетте одбрани апостоли; имал и благодат од Него и слобода на пријателска љубов пред Него. Еден ден во Ерусалим, некои македонци, кои дошле на празникот, бидејќи не можеле лесно да дојдат до Исус како неверници, му пришле на Филипа молејќи го: Господине, би сакале да го видиме Исуса. – А тој првин му кажал на Андреј, а потоа со Андреј се осмелиле да Му кажат на Исуса за желбата на тие Македонци, радувајќи се што и паганите сакале да го видат и слушнат нивниот Господ и Учител. Потоа тој, слушнал од Господ Исус прекрасно Слово и пророштво за незнабошците: дека тие ќе поверуваат во Него не сега, туку после Неговата смрт. „Ако зрното пченично, им рекол Господ во таа пригода, што паднало на земја, не умре, останува само; ако умре, ќе донесе голем плод“ (Јован 12:24). Со тоа, Господ како да им рекол: Додека живеам на земјата, имам само дел од домот Израилев кој верува во мене; а кога ќе умрам, тогаш не само домот Израилев, туку и многу незнабошци ќе веруваат во Мене.

Уште еднаш, после Тајната вечера, Свети Филип се осмелил да го праша Господ за големата тајна на Божеството, кога го замолил да им го покаже Отецот, велејќи: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!“ (Јован 14: 8). Со ова прашање, светиот апостол Филип и донел голема корист на Црквата Христова, бидејќи од тоа прашање и Господов одговор, научивме да ја спознаеме Единственоста на Синот со Отецот и да им ги затвораме устите на еретиците кои ја отфрлаат оваа Божествена вистина. На тоа Господ одговорил со благ прекор: „Толку време сум со вас, и зар не си ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, па како ти велиш: ‘Покажи ни Го Отецот? Не веруваш ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; туку од Отецот, Кој е секогаш во Мене, Тој ги врши делата. Верувајте Ми дека Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене“ (Јован 14: 9-10).

Овој одговор на Господ Исус го научил Светиот апостол Филип, а со него и целата Соборна Апостолска Црква правилно да верува во Еднаквоста на Божеството на Синот со Отецот и да го изобличи богохулството на Арија, кој велел дека Синот Божји е створен а не е Творец.

После доброволното страдање и воскресение на Синот Божји, светиот апостол Филип го видел заедно со другите апостоли својот Господ веќе во бесмртното и прославено тело, добил мир и благослов од Господа и го видел Неговото вознесение. Тој бил удостоен во благодатта при слегувањето на Светиот Дух и постанал Христов проповедник меѓу паганите, затоа што коцката му паднала да оди и да проповеда во Мала Азија. Но, најпрвин проповедал во Галилеја. Таму, еднаш го сртетнала некоја жена која носела во своите раце починато дете и неутешно плачела. Гледајќи ја, апостолот Христов се смилувал на нејзе и пружејќи ја својата рака кон мртвото дете, му рекло: „Стани! Христос ти заповедува кого јас го проповедам“. – И детето одеднаш оживеало. Мајката, гледајќи го своето воскреснато чедо живо и здраво, паднала пред нозете на апостолот, благодарејќи му се за воскреснувањето на нејзиниот син и барајќи од него да се крстат, бидејќи таа поверувала во Господа Христа проповедан од него. Апостолот, ги крстил мајката со детето, и отпатувал во паганските земји. Проповедајќи го Евангелието во Грција, таму направил многу чуда преку силата на Христос, лекувајќи болни, воскреснувајќи и мртовец. Овие чуда ги воодушевило тамошните евреи и грци, и тие испратиле писмо во Ерусалим до првосвештениците и еврејските кнезови: „дека кај нив дошол некој непознат човек по име Филип, проповедајќи го името на Исус, кој преку Неговото име, лекувал секаква болест, и со тоа име Исус, воскреснал и мртовец, многумина веќе поверувале во Исуса. Наскоро од Ерусалим допатувал во Грција еден од главните првосвештеници со книжници, збеснат на Филипа. Облекувајќи се во својата архијерејска облека, арогантно и гордо седнал на судското место во присуство на многу Евреи и Грци. На тоа место бил доведен светиот апостол Филип и го поставиле во средината на собранието. Гледајќи го со омраза, архиерејот почнал со гнев да зборува: „Не ли ви беше доста во Јудеја, Галилеја и Самарија да ги мамите простите и неуки луѓе? Туку си дошол и тука кај мудрите Елини да им ја ширите измамата што ја научивте од Исус, противникот на Законот Мојсијев, поради кој Тој беше осуден, распнат на крст и умре со срамна смрт. И поради празникот Пасха, што се случи во тоа време, тој беше погребан, а вие, Неговите ученици, тајно го украдовте за да измамите многумина, и на сите страни објавивте дека Тој самиот воскреснал од мртвите“.

Кога архиерејот го кажал тоа, толпата му се обратила на Филипа: „Што ќе кажеш на ова, Филипе?“ – И одеднаш се појавил страшен метеж меѓу народот: едни биле, Филип веднаш да биде убиен, а други предложиле да го одведат во Ерусалим и таму да биде погубен. Тогаш, светиот апостол Филип ја отворил својата уста и му рекол на архиерејот: „Човеку, зошто ја сакаш суетата и лажеш? Зошто твоето срце е закоравено, а не сакаш да ја кажеш вистината? Зарем не ставивте печат на гробот и поставивте стража? И, кога нашиот Господ воскресна без да го скрши печатот на гробот, зарем тогаш не им дадовте злато на војниците за да лажат, велејќи им: ‘како, додека спиеле, учениците на Исус го украдоа мртвиот Исус?’ Како не се срамите да ја изопачувате вистината и сега! Самите гробни печати се вистински сведоци на вистинското воскресение Христово и тие се изобличувачи на вашата лага, а не заборавајте дека тие ќе ве изобличат и на денот на Божјиот Суд“.

Овие зборови на апостолот ужасно го разбеснале архиерејот и тој се нафрлил врз апостолот, сакајќи самиот да го убие, но во тој момент тој ослепел и поцрнел. Присутните, кога виделе што се случило, го препишале тоа на магијата, и многумина се нафрлиле на Филипа сакајќи да го погубат како волшебник, но и нив ги снашло иста казна како и архиерејот. Поради тоа, земјата страшно се потресла, и сите затрепереле од страв дознавајќи ја големата моќ Христова. Меѓутоа, светиот апостол, гледајќи ја мизеријата на ослепените, и физичко и духовно, заплакал над нив и се обратил молитвено кон Бога да ги просветли нивните тела и души. И по молитвата на светиот апостол, на сите од небото им било испратено исцелување. Ова чудо допринело многумина да поверуваат во Христа. Архиерејот, и понатака ослепен од злобата, не само што не сакал да се опамети и да ја признае вистината по казната што го снашло, туку повторно започнал да извикува и да хули против нашиот Господ Исус Христос. Тогаш го снашло уште поголема казна: земјата одеднаш се отворила и го проголтала, како што се случило некогаш на Датан и Авирам.

По смртта на архиерејот, светиот апостол Филип крстил многумина и го поставил Нарцис кој бил доблесен и достоен човек за епископ, а тој отпатувал за Парт. На патот, светиот апостол се молел на Бога за помош во неговите проповеди. И кога ги приклонил своите колена на молитва, од небото му се појавила слика на орел со позлатени крила, раширена како распнтиот Христос. Поткепан од тоа видение, светиот Филип тргнал повторно на проповед и откако ги посетил Арабските и Кандакијските градови, се качил на брод и отпловил по море до Сирискиот град Азот. Ноќе се појавила голема бура, и сите биле преплашени за своите животи. Тогаш светиот апостол се приклонил на молитва, во тој момент се појавило на небото сјаен крст, кој ја осветлил ноќта, и морето одеднаш се смирило, а неговите бранови замолкнале. Кога бродот дошол до брегот, светиот Филип излегол од бродот и го примил во својот дом, еден гостопримлив човек по име Никоклид, кој имал керка Харитина, и која имала болно око. Влегувајќи во домот на Никоклид, апостолот започна да им го проповеда Божјето Слово на присутните и сите со радост го слушале. И Харитина била таму и го слушала светиот апостол; и неговата проповед толку ја воодушевила што таа ја заборавила својата болест. Гледајќи ја нејзината ревност за словото Божјо и знаејќи ја нејзината болест, апостолот се сожалил и и заповедал да ја стави својата рака на болното око и да го повика името на Исус Христос. Откако Харитина го направила тоа, оддеднаш се исцелило нејзиното око, и целиот дом на Никоклид поверувал во Христа и се крстиле.

Од Азот, светиот апостол Филип отпатувал до Сирискиот град Еропол, каде го проповедал Христа, предизвикал голем гнев кај народот и тие сакале да го каменуваат. Но, откако некој си угледен граѓанин по име Ира, го спасил од смрт. „Граѓани! им рекол Ир на народот, послушајте го мојот совет: „немојте да му наштетите на овој странец додека не испитаме дали е точно неговото учење; и ако тоа не се покаже како вистинско, тогаш ќе го погубиме“.

Народот не се осмелувал да му противречи на Ир. И Ир, го земал Филипа и го однел во својот дом. Апостолот, во домот на Ир одржал уште една беседа за Христа, и го привел Ира во светата вера, и не само и неговиот дом туку и соседите негови, просветлувајќи ги со тајната на светото крштевање. Откако народот, дознал дека Ир го примил светото крштевање, се собрале ноќе и го опколиле неговиот дом, со намера да го запалат, а со домот да го запалат и Ир и неговото семејство заедно со апостолот. Дознавајќи ја нивната намера, апостолот излегол безстрав пред нив и тие налик на ѕверови го грабнале, крцкајќи заби го одвеле крај нивното собрание. Старешината на собранието, по име Аристарх, гледајќи го апостолот, ја испружил раката и го фатил за неговата коса, но во тој час раката му се вкочанила и исушила, ослепел, и оглувел. Кога се случило тоа, расположението на луѓето се сменило: гневот се претворил во беснило, и тие почнале да му се молат на апостолот да го исцели нивниот старешина Аристарх. А Филип им одговорил: „Ако тој не верува во Бога, кого јас го проповедам, нема да се исцели“. – Додека Филип така им зборувал на народот, дошла поголема толпа на народ, и тоа тие кои го исмејувале апостолот Филип и му рекле: „Ако го воскреснеш овој мртовец, тогаш и Аристарх и сите ние ќе веруваме во твојот Бог“. – Апостолот ги кренал своите очи кон небото и долго се молел; тогаш, обраќајќи му се на мртвиот човек, со кроток глас му рекол: „Теофиле!“ – И во тој момент, мртовецот се подигнал од носилото, седнал и ги отворил очите. А Филип му рекол: „Христос ти заповедува: Стани и зборувај со нас“. – Мртовецот, станал од ковчегот, паднал пред нозете на апостолот, велејќи: „Ти благодарам, свети Божји слуго, што ме спаси во овој час од ужасното зло: бидејќи веќе двајца црни и смрдливи ѓаволи ме влечеа безмилосно, и ти ако не побрзаше да ме ослободиш од нив, ќе бев фрлен во неугасив пламен.

Тогаш сите, гледајќи го ова необјасниво и славно чудо, едногласно го прославиле Единиот Вистински Бог, кого Филип им го проповедал. Апостолот, пак, покажувајќи му знак на народот да молчат за кратко време, му заповедал на Ир со крсниот знак да ги помине повредените делови на Аристарх. Откако Ир го направил тоа, исушената рака на Аристарх веднаш била излечена, неговите очи се отвориле и прогледал, како и веќе слушал, тој бил целосно излечен.

Поради сите тие чуда, кои светиот апостол Филип ги направи со силата Христова, целиот народ на градот Ерапол поверувале во Господ Христос, ги уништиле сите идоли. Првиот кој што поверувал бил таткото на Теофил; тој ги искршил своите дванаесет златни идоли и им го поделил златото на сиромасите. Светиот апостол Филип сите ги крстил и го поставил Ир за нивни епископ.

Откако ја основал црквата во Ерапол и ја утврдил светата вера на новопросветените, светиот апостол Филип заминал во други земји на проповед. Поминувајќи низ Сирија во планинскиот дел на Азија, дошол во Лидија и Мизија и патувајќи низ тие земји, воведувал голем број незнабошци во верата на Вистинскиот Бог. Таму му се придружил и светиот апостол Вартоломеј, кој во тоа време проповедал во соседните градови и Бог го испратил да му помогне на Филип. Свети Филип, го следела и неговата сестра девицата Миријамна, и сите заедно му служеле на спасението на човечкиот род. Поминувајќи ги Лидија и Мизија и проповедајќи го Евангелието, тие поднесувале многу искушенија и тешкотии од неверните, тепани и затварани по темници и многу пати каменувани. Но низ сите тие прогони и страдања, тие, со милоста Божја, останувале живи и заминувале во нови предели на проповед на Евангелието Христово. Во една од населбите во Лидија, го сретнале саканиот Христов ученик светиот апостол и Евангелист Јован Богослов и заедно со него отишле во Фригија, и кога дошле во градот Ерапол, го проповедале Христа. Тој град бил полн со идоли, на кои целиот народ се поклонувал. Меѓу лажните божества имало и голема змија, која луѓето од Ерапол ја обожавале како бог и за таа змија и бил изграден посебен храм, во кој ја чувале заклучена, и и принесувале најразлични жртви, хранејќи ја. Тие безумни луѓе почитувале и некои други влекачи и змии. Најпрвин, светиот апостол Филип и неговата придружба се вооружиле со молитва против таа голема змија; Свети Јован Богослов, кој во тоа време бил со него, им помогнал во тоа. И тие со молитва, како со копје, ја заклале таа змија, и со силата Христова ја убиле. Потоа, светиот апостол Јован Богослов се одделил од нив, оставајќи ги да го проповедаат Евангелието Христово во Ерапол, а тој самиот отишол во другите градови, ширејќи го насекаде Светото Евангелие. Свети Филип, свети Вартоломеј и Маријамна, престојувајќи во Ерапол, вложувајќи голем труд да го истребат идолопоклонството од таму и да ја воведат големата Божествена светлина на познанието во Вистината, се труделе ден и ноќ проповедувајќи го Словото Божјо, поучувајќи ги лажнонасочените, вразумувајќи ги безумните, и упатувајќи ги заблудените на патот во вистината.

Во градот Ерапол живеел некој си човек по име Стахија, кој бил слеп четириесет години. Светите апостоли Филип и Вартоломеј со молитви му ги отвориле неговите телесни очи и преку проповед во Христа Бога му ги просветиле неговите духовни очи. Откако го крстиле Стахија, тие проживеале во неговиот дом. Меѓутоа, низ целиот град се проширил гласот дека слепиот Стахиј прогледал. Многу народ дошол во неговиот дом. Светите апостоли целиот тој народ го поучија во верата на Христа Исуса. Донеле и многу болни, и сите преку молитва, светите апостоли ги исцелиле протерувајќи го ѓаволот од народот. Голем број од народот поверувале во Христа и се крстиле.

Жената на градоначалникот на Ерапол, по име Никанора, ја каснало змија, лежела сериозно болна, и била на умирање. Дознале за светите апостоли кои биле во домот на Стахиј и ги лекувале луѓето само со збор од секакви болести, Никанора, во отсуство на нејзиниот маж, им наредила на своите слуги да ја однесат кај нив. И таа доби двојно оздравување: физичко – од каснување на змијата и психичко – од демонската измама, затоа поучена од светите апостоли, поверувала во Христа. Кога градоначалникот се вратил дома, слугите му кажале дека неговата жена поверувала во Христа од некои странци кои живееле во домот на Стахиј. Градоначалникот страшно се налутил и заповедал апостолите веднаш да бидат фатени а домот на Стахиј да биде запален.

Оваа заповед била извршена. Се собрал многу народ и ги фатиле светите апостоли Филип и Вартоломеј како и светата девица Маријамна, ги влечеле низ градот, тепајќи ги и исмејувајќи им се, а потоа ги фрлиле во затвор. Градоначалникот седнал на судскиот стол за да им суди на Христовите проповедници. Се собрале сите жреци на идолите и жреците на убиената змија, со цел да ги осудат светите апостоли, велејќи: „Градоначалниче, одмазди се за срамот на нашите богови, откако овие странци дојдоа во нашиот град, со нивните вообичаени проповеди; запустеа олтарите на нашите големи богови. Народот ги заборави да ги принесува вообичаените жртви; ја умртвија и нашата голема змија. Затоа, убијте ги овие волшебници.

Тогаш градоначалникот заповеда на светиот апостол Филип да му се соблече облеката, тој сметал дека во неговата облека се наоѓала магијата. Откако го соблекле, не нашле ништо. Истотака го соблекле и светиот апостол Вартоломеј, но не нашле ништо и кај него. Кога и се приближиле до света Маријамна, со намера да ја соблечат и да го разоткријат нејзиното девствено тело, одеднаш пред нивните очи таа се претворила во огнен пламен, паганите од страв побегнале од нејзе. Градоначалникот ги осудил светите апостоли да бидат распнати на крст. Прв пострадал светиот апостол Филип на 87 годишна возраст. Му ги прободеле петите, спровеле низ нив јаже и го распнале на крстот со главата пред вратата на храмот од змијата, а потоа го каменувале. Потоа го распнале светиот апостол Вартоломеј покрај ѕидот од храмот. Одеднаш се случило голем земјотрес, земјата се отворила, ги проголтала градоначалникот и сите жреци на змијата, како и мноштвото неверен народ. Тогаш голем страв ги опфатило сите, и верните и паганите, кои останале живи, извикувајќи кон светите апостоли да се смилуваат на нив и да го молат Единиот Вистински Бог, да не ги проголта и нив земјата. И побрзале: да ги симнат распнатите апостоли од крстовите. Светиот апостол Вартоломеј не бил високо распнат на крстот и него брзо го симнале. Додека светиот апостол Филип не можеле брзо да го симнат од крстот, бидејќи бил распнат на поголема висина; тоа била и Божја волја, Неговиот апостол преку тоа страдање со крсна смрт да се преселил од земјата на небото, кон кого биле свртени нозете целиот живот. Висејќи на крстот, светиот апостол Филип го молел Господа за неговите непријатели: да им ги прости нивните гревовите и да им ги осветли очите преку умот да ја видат и спознаат Вистината. Господ ја услишал неговата молитва и одеднаш и заповедал на земјата сите проголтани луѓе да ги врати во живот, освен градоначалникот и жреците змиини. Тогаш сите едногласно ја исповедале и прославиле моќта на Господ Христос и објавиле желба да се крстат. И кога уште малку им било преостанато да го симнат светиот апостол Филип од крстот, тој му ја предал својата света душа на Христа Бога и тие го симнале мртов. Неговата родена сестра света Маријамна, која цело време го гледала страдањето и смртта на својотт брат Филип, со љубов го прегрнувала целувајќи го неговото свето тело симнато од крстот, во исто време радувалќи се, затоа што тој со својот подвиг и страдање го завршил својот живот за Христа. Светиот апостол Вартоломеј ги крстил сите кои поверувале во Христа Бога, и им го поставил Стахиј за нивни епископ. Потоа го погребале чесното тело на светиот апостол Филип. На местото каде текла крвта на светиот апостол, по три дена пораснала винова лоза, во знак на светиот апостол Филип, кој откако ја пролеал својата крв за Христа, се насладува во вечното блаженство со Господа во Неговото Царство.

После погребот на светиот апостол Филип, светиот апостол Вартоломеј и блажената девица Маријамна останале уште неколку дена во Ерапол, и откако ја утврдиле новооснованата црква во верата Христова, заминале во градот Албан во Големата Ерменија, каде светиот апостол Вартоломеј бил распнат на крст. А, светата Маријамна отишла во Ликаонија, и таму, обратила многумина во светата вера Христова, и така таму го завршила мирно својот живот. Поради сето ова, слава на нашиот Бог сега и во вечни векови. Амин.

 

Подготви,
Отец Митко Попоски
Виндзор, Канада  2021