www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,984
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Светите Рамноапостоли

МЕТОДИЈ и КИРИЛ Солунски

24 Мај

Свети Методиј и свети Кирил се родени и пораснати во Солун, денешна Егејска Македонија од угледно македонско, богато и многудетно семејство, од татко Лав и мајка Марија, познати како солунските браќа просветители и рамни на апостолите, имаат голема улога во Македонската и Сесловенска историја.

Свети Методиј бил роден 826 година, се школувал во специјални училишта за стекнување на воени вештини и за извршување на високи државни функции. Поради стекнатото знаење и способностите кои ги поседувал, свети Методиј на 20 годишна возраст, од византискиот двор добил чин војвода. Тој како војвода во 845 година бил испратен да биде управник на Македонското – словенско кнежевство во Македонија, кое се простирало во Струмичко – брегалничкиот региот. Задача на свети Методиј била да ја осигура поддршката на месното население во борбата против бугарските напади на таа територија.

Костантин, познат под монашкото име Кирил, бил роден 827 година. Се школувал во солунските училишта во кои оделе само децата од поимотните семејства. Како најдобар ученик, рано се школувал на Цариградскиот универзитет (Магнурската школа). Таму изучувал повеќе науки и повеќе јазици. Освен богословските науки, изучувал: граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика, историја. Покрај овие науки, Костантин учел и јазици – латински, еврејски и сирски. По завршувањето на своето високо образование, покрај професор по филозофија во универзитетот во кој и самиот учел претходно, бил назначен и за библиотекар при црквата света Софија во Цариград. Тогаш го добил и името Костантин филозоф. Родителското воспитување уште од најрана годишна возраст, особено упатени во христијанството овозможило да ги применуваат возвишените вистини од својот живот. Костантин (Кирил) уште во времето на школувањето обрнал големо внимание на списите од свети Григориј Назијанзин и на списите од Дионисиј Аеропагитски.

Како вреден, образован и талентиран стекнал голема доверба од византискиот двор. Кога хазарскиот цар Каган побарал од царот Михаил проповедници на верата во Господ Исус Христос, тогаш по заповед на царот овие двајца браќа биле испратени најпрвин кај Сарацените (Арапите) во Багдат, а потоа меѓу Хазарите. По мисијата кај Хазарите тие обучиле голем број ученици нивни наследници, кои го продолжиле нивното дело придонесувајќи на својот народ описменување и примајќи го Словото Божјо на свој разбирлив јазик. Преку таа просветеност се покрстил голем народ.

Откако се вратиле во Цариград, светите браќа Методиј и Костантин (Кирил), дошле во својата родна татковина – Македонија во Солун и си земале за долг според делата кои веќе ги беа извршиле во Цариград и при Хазарите, да го направат и на својот македонски народ. Користејќи го веќе стекнатото искуство, се зафатиле најпрвин со упростувањето на македонското писмо Коине. И во краток период ја создале новата упростена азбука – Глаголицата од 41 буква, а по краток период биле намалени на 38 знакови или букви.

Свети Кирил (Костантин), бил обврзан повторно на краток период да замине кај Хазарите а, свети Матодиј заминал во веќе познатата за него Брегалничка област во Астибо (Штип) и Тиверопол (Струмица). Најпрвин преку својата проповедничка мисија тој успеал да создаде поголем број свои наследници, ученици. Кои веќе биле способни да го продолжат организирањето и одржувањето на Христовата Црква во брегалничката област. Меѓу многуте негови ученици и веќе негови помошници се истакнувале Светите: Климент, Наум, Сава, Горазд, Ангелариј и др.

По враќањето од Хазарите, свети Кирил заедно со својот брат свети Методиј и веќе голем број соработници се зафатиле на преводот на Библијата и потребните црковни богослужбени книги на разбирлив јазик – македонски, на јазикот кој зборувал народот кој живеал во Македонија. Тоа било подолг, можеби повеќе од 10 годишен период на напорна работа. Познато е дека македонското писмо многу брзо се раширило низ Македонија, која станала расадник на Христовото Слово и веќе имало многу добро организирани црковни општини во: Филипи, Солун, Троада, Астибо (Штип), Тиверопол (Струмица), Скупи (Скопје), Паљурци (Богданско), Лихнида (Охрид), Манстир – Хераклеа (Битола), Велес, Прилеп и многу други, на кои им требало богослужбена и проповедничка литература.

Како високо образовани и талентирани личности на светите Кирил и Методиј им биле доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на Византискиот двор.

Нивното дело ги описмени словенските народи. Во почетокот на 9 век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска дејност во Ромејската Империја која доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун, Егејска Македонија.

Во 862 година, Ростислав, кнезот на Велика Моравија, откако дознал за активното мисионерство и книжевното описменување на македонски народ од страна на талентираните свети браќа Методиј и Кирил, тој испратил молба до императорот Михаил 3, да му испрати учителии, кои ќе им ја објаснат вистинската христијанска вера на нивни разбирлив јазик. Бидејќи старо-македонскиот јазик за нив бил многу поблизок отколку германскиот и латинскиот. Во исто време Ростислав настојувал да ја осамостои и зацврсти својата држава Моравија на која и се заканувала опасност од тевтонските свештеници на Римското царство. За да ја отстрани опасноста тој побарал од византискиот император да му испрати мисионери, и императорот Михаил 3, во 863 година се обратил до светите браќа Кирил и Методиј. И тие без колебање, веднаш се зафатиле на припрема на новото мисионерство во Велика Моравија. Тие избрале неколку свои талентирани ученици, нивни помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани од кнезот Ростислав и неговиот двор со голема радост и со големи почасти. Набргу отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители на западните словенски народи.

Тука наишле на голем отпор од тевтонските свештеници на светото Римско царство, обвинувајќи ги новодојдените учители на словенско писмо, за ерес. По овие големи обвинувања светите браќа Методиј и Кирил биле принудени да појдат во Рим за да го докажат своето правоверие. На патот за Рим, во Венеција имале средба со тевтонските латински свештеници, кои најсурово ги обвинувале. Позната е одбраната на свети Кирил, кој никој неможел да ја оспори, со зборовите: „Како што Господ Бог им испраќа на народите подеднакво светлина и дожд, така и Словото Божјо народите треба да се просветуваат на разбирлив мајчин јазик, ништо подруго не ги учиме словенските народи“.

Во Рим, тие ги однеле моштите на римскиот папа Климент, кој бил маченички удавен во 100-та година, а кого подоцна Римската црква го прогласила за светец. Тука биле примени со големи почасти од папата Адријан 2. Папата го одобрил писмото со зборовите: „ВИЕ СТЕ СОЛУЊАНИ, А СИТЕ СИЛУЊАНИ ЧИСТО ЗБОРУВААТ СЛОВЕНСКИ“ ги одобрил и старомакедонските – словенски богослужбени книги и заповедал да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се извршуваат на старо-македонски јазик во три римски цркви. Иако светата задача ја одобрил папата, противниците кои не се согласувале со тој благослов на папата за проповед на Словото Божјо на подруг јазик од тогаш официјалните (Латински, грчки и еврејски) свети Кирил на 14 февруари 869 година бива убиен.

По трагичната смрт на својот брат Кирил во Рим, свети Методиј, епохалното мисионерско дело во Моравија го продолжува со помош на своите ученици без својот брат Кирил. Учениците во Рим биле ракоположени во свештенички чинови, а свети Климент хиротонисан во епископски. Непријателството од тевтонските свештеници на светото Римско царство не престанувало. Во 886 година, источно-франкскиот бискуп на Нитра по име Вихинг го забранил славјанското писмото и затворил 200 следбеници на Методиј (главно ученици од првобитното училиште). Свети Методиј, е убиен во германскиот град Елванген, отруен во тамошниот затвор, после долги години одлежани во подрумските зандани. Тој е уапсен по налог на архиепископот Алдвин. Потоа бил однесен во Регенсбург и таму бил измачуван, долго, со страшни методи на средновековно мачење на затвореници. Потоа бил фрлен во занданите на островот Рајхенау, а потоа во Елванген. Имињата на лицата кои што го измачувале свети Методиј се: Лудвиг Германецот, Карлман, Адалвин и Ерменрих од Пасау. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони, некои од нив биле распродадени како робови.

Меѓутоа од нив, стигнале до Паристрија (денешна Бугарија) и од нив било побарано од страна на кнезот Борис 1, да ги образуваат свештениците на Македонско-славјански јазик. Прифаќањето на христијанството во Паристрија во 865 година, верските церемонии биле изведувани на Ромејски од свештеници пратени од Ромеја. Заради поголемото Ромејско влијание и ослободувањето на државата, Борис гледал на новото писмо и текстови со македонски јазик во црквата како важен чекор во зачувување на независноста на Паристрија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во Охрид и Преслав.

Делото на светите браќа Методиј и Кирил паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици – свети Климент и свети Наум, охридските светители, учители, просветители македонски и чудотворци, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави Божјата вистина на народот македонски, утврдувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Македонска Православна Црква и за мисионерите на сите времиња.

Светите браќа Методиј и Кирил успеале да станат апостоли Македонски и Славјански. Тие сакале да му служат на Бога за доброто на Македонскиот и на сите Славјански народи и на единството на Вселенската Црква. За тие заслуги во своето апостолско послание „egrigae virtulis” папата Јован Павле 2 на 31 декември, 1980 година ги прогласил за покровители на Европа, чиј покровител е свети Бенедикт, прогласен од папата Павле 4 на 26 октомври 1964 година.

Светите браќа Методиј и Кирил врз основа на јазикот на македонците од Солун, Штип и Охрид го создале првиот литературен јазик на Македонците, а по Моравската мисија тој јазик бил прифатен за Сесловенски. Тие го упростиле старото Македонско Венетско писмо – Коине и од 139 знакови (кои броело Којне азбуката) ја создале Глаголицата со 41 знак или букви, кои за кратко време биле намалени на 38.

Глаголицата на почетокот имала 41 буква, но подоцна е сведена на 38. Дваесет и четири од тие 41 буква водат потекло од графеми на античкото Венетско писмо (малите букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите ша, шта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во повеќето словенски јазици. Другите букви се со непознато потекло. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејски и на самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата мисија кај Хазарите.

Обновеното и упростено античко венетско писмо Коине во глаголица се смета за најстара словенска азбука, која ѝ претходи на кирилицата која, пак, е основа за современите кирилски писма.

Светите браќа Методиј и Кирил живееле и умреле за својот македонско – славјански јазик, за својот идентитет и светоглед, нераскинливите делови од едно Цело. Не можеш да отцепиш едно од нив, не постои операција која би успеала да го расплете нивното единство. Целото си ти, тоа е твојата порака за светот. Ништо не се случува во животот, не останува заборавено. Дури и несреќен крај на некоја приказна, не значи, дека приказната ќе заврши и ќе замре. Се што правиш, го оставаш како жива трага во вечноста, се продолжува да делува и да го обликува светот, без разлика колку си „голем“, и колку си „мал“. Затоа, оставајте траги, траги на светлина и добрина, пријатни и корисни траги. Мали моменти на искрени гестови на љубезност. Големи моменти на живеење според идеалите за високите вредности. Не можеш да се сокриеш од тоа што живее во твоето срце, било светлина било замраченост. Не сега, и не во вечноста. Слава ви, свети браќа Методије и Кириле, за светлината што ни ја оставивте нам на Македонците и на светот.

Во XI век, Црквата го прогласила 24 мај (11 мај, според стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј.


Подготвил,

Отец Митко Попоски
На 24. Мај 2021
Виндзор, Канада