www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,525,081
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Светиот апостол и Евангелист Матеј

29 Ноември

 

Светиот апостол и Евангелист Матеј, син на Алфеј, познат како Левиј, живеел во галилејскиот град Капернаум. Тој по професија бил цариник и многу богат човек. Еднаш, за време на Својот престој во Капернаум, Господ Исус Христос отишол кон морето, придружуван од народот. Како што минувал, го видел Матеј како седи на царинската маса и му рекол: „Матеј следи ме!“

Кога ги слушнал овие зборови не само со ушите на телото, туку и со ушите на срцето, Матеј веднаш станал оставајќи сè, и пошол по Христа. Во својата радост, Матеј подготвил голема почаст во својот дом за Господа. Преблагиот Господ не ја одбил поканата и влегол во куќата на Матеј. Многумина од неговите соседи, пријатели и познаници дошле кај Матеј, сите собирачи на данок и грешници, и тие седнале на трпезата со Господ Исус. Таму имало и некои книжници и фарисеи. Гледајќи дека Господ не ги мрази цариниците и грешниците, туку седи со нив на масата, и тие мрмореле и им зборувале на Неговите ученици: „Зошто вашиот учител јаде и пие со даночници и грешници?“ – Господ, кога ги слушнал таквите нивни зборови, им рекол: „На здравите не им треба лекар, туку на болните. Јас не дојдов да ги повикам праведните, туку грешниците на покајание“.

Од тој момент, Матеј оставил сè, и пошол по Господ Христос и како верен ученик, кој повеќе не се одвоил од Него. Набргу потоа, му било укажана чест да биде вброен во Дванаесетте Христови апостоли. Заедно со другите ученици, Матеј го придружувал Господа на Неговите патувања низ Галилеја и Јудеја, слушајќи го Неговото Божествено учење, гледајќи ги Неговите безброј чуда и понекогаш учествувајќи во нив. Вооружен со чудесната Божја моќ на Господ, тој и другите апостоли отишле кај изгубените овци во домот Израелев, проповедајќи им го Евангелието за царството Божјо, лекувајќи им ги болните, прогонувајќи го демонот, прочистувајќи лепрозни и воскреснувајќи мртви. Тој бил очевидец и сведок: на Спасителовиот живот, Спасителовата крсна смрт, Спасителовото воскресение и Спасителовото вознесение на небото.

По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Свети Матеј во почетокот останал во Палестина, проповедајќи го Евангелието во Ерусалим и неговата околина заедно со другите апостоли. Но, времето било дојдено кога апостолите требало да заминат од Ерусалим по другите народи, за да им го соопштат Христовото Евангелие на спасение. Пред заминувањето на Свети Матеј од Ерусалим, ерусалимските христијани Евреи го молеле да им остави напишани дела за учењето на Господ Христос. На оваа молба им се придружиле и останатите апостоли кои во тоа време се наоѓале во Ерусалим. Свети Матеј, одговарајќи на оваа општа желба, го напишал Евангелието, осум години по Вознесението Христово.

По напуштањето на Ерусалим, светиот апостол Матеј го проповедал Евангелието во многу земји. Благовествувајќи го најавувајќи го Христа, тој отпатувал во Македонија, Сирија, Персија и Медија, низ цела Етиопија од едниот до другиот крај, каде му паднала коцкета, просветлувајќи ги со светлината на знаењето за Светото Евангелие. Воден од Светиот Дух, тој на крајот дошол во земјата на човекојадците, кај црните и ѕвероподобни луѓе и влегувајќи во нивниот град, наречен Мирмени. Таму обратил неколкумина во Господа, и го поставил својот придружник Платон за епископ и изградиле мала црква за нив. Тој самиот се искачил на блиската планина и останал на неа постејќи, молејќи се на Бога, Господ да го преобрати тој пагански народ. И, Господ му се јавил во облик на прекрасно момче со жезол во десната рака, Бог давајќи му го жезолот, му заповедал да слезе од планината и да го забоде жезолот до вратата од црквата која тој ја изградил. Потоа, Господ му рекол: Овој жезол ќе пушти корења, со мојата моќ, ќе прерасне во високо дрво, и тоа дрво ќе донесе изобилен род, кој ќе ги надмине сите други плодови по големина и сладост, а од неговите корени ќе извира извор на чиста вода. Кој ќе се измие од таа вода, ќе добие убавина на своето лице; а кој ќе го вкуси тој плод, ќе ја отфрли sверската природа и ќе постане добар и кроток човек.

Примајќи го жезолот од раката Господова, Матеј слегол од планината и отишол во градот да го изврши она што му било заповедано. Кнезот на тој град, Фулвијан, имал жена и син, и двајцата биле под дејство на ѓаволот. Среќавајќи го апостолот на патот, дивјачки викале со одвратни и навредливи зборови, како би го исплашиле. Извикувале: Кој те испрати тука со овој жезол да не уништиш? – Апостолот им запретил на нечистите духови и ги протерал; исцелените му се поклониле на апостолот и кротко го следеле. Откако дознал за неговото пристигнување, владиката Платон го пречекал со свештенството и влегле во градот, приближувајќи се кон црквата, апостолот Матеј направил како што му било заповедано: го забодел жезолот во земјата даден од Господа, – и во тој момент, пред сите, жезолот станал големо дрво, испуштил гранки полни со лисја и на него се појавило прекрасно овошје, крупно и вкусен, а од коренот се појавила изворска чиста вода. Сите кои гледале се чуделе и воодушевувале; целиот град бил во чудење, јадејќи го вкусното овошје од тоа дрво и пиејќи чиста изворска вода. А светиот апостол и Евангелист Матеј, стоејќи на рид, им го проповедал словото Божјо на насобраниот народ на нивниот јазик; и сите поверувале во Господа Христа и светиот апостол ги крстил во тој чудотворен извор. Најпрво ја крстил жената на кнезот, исцелена од злиот дух, со нејзиниот син, а потоа и сите луѓе што поверувале во Господа Христа. И сите крстени човекојадци, според Словото Господово, излегле од водата со прекрасни лица и бели. Тие добиле не само физичка, туку и душевна белина и убавина, соблекувајќи го стариот и облекувајќи се во новиот човек – Христос.

Кога дознал што се случило, кнезот најпрвин се израдувал на оздравувањето на својата жена и синот. Но, потоа, поттикнат од ѓаволот, тој се разгневил на апостолот, затоа што сите луѓе го прифатиле Словото Божјо, оставајќи ги своите богови, и намислил да го убие апостолот. Сепак, Спасителот таа ноќ му се јавил на апостолот, поткрепувајќи го да биде смел, ветувајќи му дека ќе биде со него во сите неволји со кои ќе се соочи. Кога се разденило, апостолот заедно со сите верни во црквата Му оддале со пеење пофалба на Бога, кнезот испратил четворица војници да го фатат апостолот. Но, кога војниците дошле до храмот Господов, во тој час ги опфатило темнина, и тие едвај успеале да се вратат. Кога ги прашале, зошто не го донеле св. апостол Матеј, тие одговориле: „Го слушнавме кога зборуваше, но не можевме да го видиме и да го фатиме“. – Ова уште повеќе го разгневил кнезот Фулвијан и испратил голем број војници со оружје, наредувајќи им насилно да го донесат Матеј; и ако некој се спротивстави и го заштитува Матеј, да го убијат. Но и тие војници се вратиле без никого. Бидејќи кога се приближиле до храмот, небесна светлина го осветлило апостолот, и војниците, не биле во состојба да го погледнат, тие биле страшно исплашени, го фрлиле оружјето, и избегале кажувајќи му на кнезот што им се случило. Уште повеќе разбеснет, кнезот отишол самиот со сите свои слуги, да го фати апостолот. Но, кога му се приближил на апостолот, тој одеднаш ослепел и побарал некој да го води. Во тој момент паднал пред апостолот молејќи го да му прости за направениот грев и да му ги просветли веќе заслепените очи. Светиот апостолот Матеј, благословувајќи го со крсниот знак на кнезовите очи, во тој момент кнезот прогледал. Кнезот прогледал, но само со телесните очи но не и со духовните, бидејќи злото го заслепувал и тој му го припишувал такво големо чудо не на Божјата моќ, туку на волшебништвото. И тој, замајќи го апостолот за рака, го одвел во неговиот дворец, како да би сакал да му оддаде почит а во срцето веќе бил решен да го спали апостолот Господов во огнот за волшебници. Но, апостолот, гледајќи ги тајните на неговото срце и неговата лоша намера, го изобличил кнезот, велејќи му: „Возљубен мачителу, зошто не ја извршиш до крај твојата замисла со мене? Прави го тоа што Сатаната го бара од твоето срце, а јас, како што гледаш, сум подготвен сè да претрпам за мојот Бог“.

Тогаш кнезот им заповедал на војниците да го легнат светиот апостол Матеј на земјата, да му ги врзат рацете и нозете и да го оковат со клинци. Кога тоа било направено, тогаш слугите, по наредба на мачителот, собрале многу суви гранки, донеле смола и сулфур и сето тоа го ставиле врз светиот апостол Матеј и го спалиле. Но, кога пламенот се разгорел во голем оган, и сите помислиле дека апостолот Христов веќе изгорел, огнот одеднаш се оладил и пламенот се претворил во роса, а, светиот апостол Матеј се појавил жив и неповреден, славајќи го Бога. Гледајќи го ова, целиот народ вчудоневиден го прославил Бога и апостолот. Но, кнезот уште повеќе се разгневил. Не сакајќи да признае дека силата Божја на Христовиот проповедник му го сочувала животот неповредувајќи го од огнот, тој и понатака го обвинувал праведникот, нарекувајќи го волшебник, велејќи: „Матеј го изгасна огнот со силата на вештерството останувајќи жив во него“.

Тогаш кнезот наредил да донесат уште повеќе дрва и гранки, и повторно го полил апостолот Матеј со смола, и го спалил. Им заповедал на своите слуги, да ги донесат неговите дванаесет златни богови, и да ги постават околу огнот повикувајќи ги напомош, и тие преку нивната моќ да направат се Матеј да не може да излезе од пламенот, туку да се претвори во пепел. Меѓутоа, апостолот исто така се молел на Господа во пламенот, да ја покаже силата Божја со непобедлива моќ. Откриената немоќ на паганските богови ги засрамил оние кои имале доверба во нив. И одеднаш пламенот на огнот со страшен татнеж се насочил кон златните идоли, и тие се стопиле како восок, и многу неверници кои стоеле наоколу изгореле; а од растопените идоли излегол пламен во форма на змија и почнал да го камшикува кнезот, тој посакал да ја избегне опасноста, па повикал по апостолот со скромна молба да го спаси од смрт. Апостолот му запретил на огнот, и пламенот веднаш се угасил и пламената огнена змија исчезнала. Кнезот со голем старопочит посакал светиот апостол Матеј да го извади од огнот, но апостолот, во молитвеност, ја предал својата света душа во рацете на Господ Христос. Тогаш кнезот наредил да се донесе златен одар и да се постави во него чесното тело на апостолот Матеј, неповредено од огнот, облакајќи го во скапоцени одежди, самиот тој го земал на своите раменици со неговите благородници и го донел во неговиот дворец. Кнезот и понатака немал цврста вера, па наредил да се направи железен ковчег, и телото на светиот апостол го ставиле во него, ковчегот го запечатиле со олово од сите страни и го фрлиле во морето, а потоа им рекол на своите благородници: „Ако Оној што го спаси Матеј од огнот читав, нека го исчува во водата да не потоне, тогаш Тој е вистинскиот Единствен Бог, и ние ќе Му се поклониме, спалувајќи ги сите наши богови.

Откако железниот ковчег со чесните мошти биле фрлени во море, светиот апостол Матеј истата ноќ се јавил на епископот Платон, велејќи му: „Утре одете на морскиот брег на источната страна од дворецот на кнезот и од таму земете ги моите мошти кои веќе се на брегот “.

Кога се разденило, епископот, придружуван од мноштво верници, отишол на посоченото место и го нашле железниот ковчег со моштите на светиот апостол Матеј, како што му било кажано во видение. Кнезот, кога дознал, отишол таму со своите благородници, и овој пат вистински поверувал во Господа Исуса Христа, и со силен глас се исповедал дека: Тој е Единствениот вистински Бог, Кој го проповедал Неговиот слуга Матеј чувајќи го неповреден во живот од огнот и од водата по смртта. Поклонувајќи се на ковчегот од моштите на светиот апостол, го молел светиот апостол за прошка на своите гревови што ги направил против него и побарал веднаш да се крсти. Епископот Платон, гледајќи ја верата на кнезот и вистинската молитва, го предложил и поучувајќи во светата вера, го крстил. Но, кога при крштевањето ставијќи му ја раката на глава за да му дадат име, од небото дошол глас: „Дај му го името Матеј, не Фулвијан“.

Откако на крштевањето го добил името на апостолот, кнезот се обидел да биде подржувач на делата на апостолот: наскоро му ја предал својата кнежева власт на друг, се одрекол од суетата на светот, и се предал на молитва во црквата Божја, и бил почестен со презвитерски чин од епископот Платон. И кога, по три години, епископот умрел, му се јавил на презвитерот Матеј, поранешниот кнез, светиот апостол Матеј и го советувал да го прими епископскиот престол на блажениот Платон. Откако го примил епископството, Матеј направил голем напор во проповедањето на Евангелието Христово, одвраќајќи многу од идолопоклонството, приведувајќи ги во Бога. Потоа, по долг угоден живот во Бога, се преселил во вечноста кај Бога и претстојувајќи со светиот апостол и Евангелист Матеј на престолот Божји, тој се моли и за нас на Господа, за да бидеме и наследници на вечното Царство Божјо. Амин.

 

Подготви
Отец Митко Попоски
На 29 Ноември 2020
Виндзор, Канада