www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,942
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


На ТОМИНА НЕДЕЛА Јован 20: 19-3

09. Мај 2021

 

Христос воскресна! Кој би бил историски настан на мојот живот ако Господ не воскреснеше? Краткото патување од лулката до гробот, пат полн со трње, со страдања и ужаси. Но, со Него, Воскреснатиот, сè се промени. И јас и ти се променивме, оддеднаш станавме бесмртни луѓе, бесмртни суштества, суштества кои се посилни од смртта. Ова е победата, единствена вистинска победа на овој свет. Затоа, Господ е Единствениот Вистински Победник во сите времиња, кој ја победи смртта. Да не воскреснеше Господ, сè ќе беше напразно. За што служи сонцето, за што служат небесата, кога и јас и ти ќе завршиме со смрт, кога гробот е нашето последно живеалиште! „Ако, пак, Христос не воскреснал, вели светиот апостол Павле, тогаш празна е нашата проповед, Евангелието би било празно и нашата вера би била празна (1. Кор. 15:14).

Зошто да не веруваме во Него, кога Тој ни даде многу повеќе отколку некој самопрогласен филозоф, или Платон, или Сократ, или некој научник, или некој голем војсководач, или некој херој. Неговото Воскресение е она што нè прави вонредни суштества и покажува дека Тој е Вистински Бог, бидејќи е посилен од смртта, посилен од гревот, посилен од ѓаволот. Ова е Тој, и никој друг освен Него.

Напразно луѓето го напаѓаат она кое е посилно од смртта. И денешните безбожници се нафрлаат врз Него, како нови Пилатовци, нови Евреи. Тоа се напаѓања на безброј сенки, сенки врз Сонцето!

Денес го славиме славниот и бестрашен св. апостол Тома. Тој не поверувал од првата вест во Христа, и во Неговото Воскресение. Сите апостоли во почетокот се сомневале во Воскреснатиот Господ Христос, и никој не верувал. Кога светите мироносици објавиле дека Господ воскреснал, ни вели Евангелието, „некои се сомневале“ (Мат. 28:17).

Кога двајцата ученици оделе по патот кон Емаус, Господ им се јавил но и тие „не верувале“ (Лука 24: 13-35). Никому не верувале. Но, откако Господ постојано им се појавувал на своите ученици четириесет дена по Неговото воскресение, се увериле: „Јас сум истиот; допрете се до Мене и гледајте, зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ (сп. Лука 24:39). Кога единаесетмината му рекле дека Господ им се јавил, воскреснал и е жив, апостол Тома рекол: „Додека не ги видам раните од клинците на рацете Неговите, и не го ставам прстот во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“ (Јован 20:25). Не, не сум слеп и сакам да верувам.
„А по осум дена, учениците Негови пак биле собрани, и Тома бил со нив. Дојде Исус кога вратата била заклучена, застанал меѓу нив и им рекол: Мир вам! Потоа му рекол на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверник, туку верник!“ Одговорил Тома и Му рекол: Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20: 26-28).

Уверувањето Томино дека Господ Исус воскреснал и дека е истиот, повеќе немал ниту зборови ниту прашања. Кој секогаш бил со Исуса, како и пред распнувањето и за време на погребот и по силното уверување извикал: Господ мој и Бог мој!

Ова со што Господ го уверил апостолот Тома, во Неговото Воскресение, е само уверување дека Исус е Бог, и ништо помалку од тоа. Бидејќи, ако не е Бог, дали би можел да ја победи смртта?!

И што е тоа што никој друг не можел да ни го даде? За што ни кажува светиот евангелист Јован кој вели: „ И многу други чуда изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга. А овие се запишани за да поверувате дека Исус е Христос, Син Божји, и верувајќи да имате живот во Неговото име (Јован 20: 30-31).

Ете, тоа ни донесе Господ со Своето Воскресение, ни покажува дека Тој е Бог, Син Божји; и нашата вера во Него, Воскреснатиот, кое ни дава вечен живот, и бесмртност.

Човеку, веќе не си во рацете на смртта! Тоа е дар од Господ Христос, најголемиот дар што ни го даде на човештвото. Апостол Тома, кога го видел поверувал: „Блажени се оние што не виделе, а поверувале“ (Јован 20:29). Бидејќи станува збор за нешто битно за човекот, за најбитно нешто: тоа е за твојата, за мојата и за нашата бесмртност. Верувај ми! Нема зошто да те лажам? Јас, Господ и Бог! Јас, Кој станав човек поради тебе. Верата во Мене е вера во Вистинскиот Бог. Блажени се оние што не виделе а поверувале.

Кога, Господ Исус Христос дојде како човек во овој свет, живееше во светот триесет и три и пол години, да не умреше и не воскреснеше, ќе беше обичен учител на човечката раса и овој свет и понатака ќе останеше голема гробница.

Каква ли слобода би имал човекот без Христос?!

Во Светото Евангелие е запишано: „Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина и разум, за да Го познаеме Вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог – Неговиот Син Исус Христос. Тој е Вистински Бог и вечен живот (1. Јованово 5:20). А сведоштвото е тоа дека Бог ни давал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син (1. Јованово 5:11). Ниту еден од тие лажните богови не можел да даде вечен живот и бесмртност. Тоа е само во моќта на Господ и го дава само Бог.

Затоа Господ Христос е незаменлив за секое човечко суштество на овој свет, за секоја човечката раса. Не можеме да го споредиме со никого и со било што. Христијанството, драги мои браќа и сестри, не е ништо друго освен сведоштво за Воскреснатиот Господ Исус Христос, за вечно живиот Господ и за мојата и вашата бесмртност. Ние, христијаните, сме сведоци на Христовото воскресение. Сите ние кои сме во овој свет на земјата, сè додека не поминеме низ вратата на смртта во тој вечен свет, живееме преку Воскреснатиот Господ Христос и сведочиме дека Тој навистина воскресна и дека сме бесмртни.

Како? Како сведочиме, дека јас и ти сме навистина бесмртни, дека сме навистина Христови, дека сме навистина слуги на Воскреснатиот Господ? Ние сведочиме дека со силата на Христос го надминуваме гревот, а гревот, секој грев е произведувач на смртта, секој грев е мал гроб; и кога со моќта Христова, со силата на верата во Воскреснатиот Господ надминуваме некаков грев во себе: гнев, злоба, завист, ја победуваме смртта, воскреснуваш од гробот, од безброј гробови. Како може да сведочиме на луѓето дека сме навистина бесмртно суштество, посилни од гревот, посилни од смртта, посилни од ѓаволот, за сите нас, и за секое човечко суштество, кое се именува со Него? Преку верата. Ако човекот нема вера, тогаш тој човек е без човечки својства, човек без полни совршенства. Човек во преминување од овој живот во вечниот, и умира без вера во Воскреснатиот Господ Христос.

Големиот и свет мудрец, Исак Сирин, кога сакаше да каже кој е најголемиот грев во нашиот земен свет, рече: „Гревот е нечувствителност кон Воскреснатиот Господ!“ Нечувствителност на човекот кон Воскреснатиот Господ … Ако некое лице не го чувствува Воскресението на Господ Христос дека навистина воскресна, тој прави таков грев, поголем од сите смртни гревови. Таквата личност неможе ја замисли и почувствува својата бесмртност. Кога чувствуваме дека Господ Христос навистина воскресна и верува во Него, во исто време чувствуваме дека сме бесмртни, дека сме вечни, дека победата над смртта е наша.

Затоа, верата во Воскресението на Господ Христос е најважна за човечкото суштество на овој свет. „Кој ќе не одвои од љубовта кон Христос? Дали неволјата? Или маката? Или прогонот? Или гладот? Или голотијата? Или погибелта? Или мечот? (Рим. 8:35). Преку Него ги надминуваме сите потешкотии, сите гревови и сите ѓаволи! Затоа, нема сила ниту пеколот, туку останува на земјата само она што може да нè оддели од Христовата љубов.

Нему, Прекрасниот, Воскреснат Господ, Победителот на сите наши смртни потешкотии, на сите демони, на сите наши гревови, нека бидат во вечна слава и чест.

Христос воскресна! Навистина Тој воскресна!

 

Подготви:
Прота Митко Попоски
На 09 Мај 2021
Вондзор, Канада