www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,580,009
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Светиот великомаченик Ѓeорѓи – Ѓурѓовден

6 Мај 2021  – и –  9 Декември
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух

 

Овој славен и победоносец светец, роден бил во Кападокија. Како син на богати и побожни родители. Неговиот татко пострадал за Христа, а неговата мајка се преселила во Палестина.

Кога пораснал, Ѓeoрѓи отишол во војска, со своите извонредни способности многу брзо достигнал до ранг на трибун, и во својата дваесетта година како таков, бил во служба на императорот Диоклецијан. Кога овој император отпочнал страшно гонење на христијаните, Ѓорѓи смело застанал пред императорот и му признал дека и самиот е христијанин. Жестокиот и суров цар, го фрлил во затвор и наредил да му стават на нозете тешки трупци а на градите тежок камен.

После тоа, тој наредил да го врзат за еден обрач, кој кружно се вртел! Под обрачот поставиле големи клинци и така го вртеле, сè додека целото тело не му искрварело. Потоа го закопал во ров, со главата над земјата, во ровот останал три дена и три ноќи. Му дале и смртоносен отров да испие. За време на сите тие измачувања, Ѓорѓи постојано се молел на Бога, и Господ го исцелувал, спасувајќи го од смрт на кое сите се вчудоневедувале.

Преку голема молитвеност Ѓеорѓи воскреснал и мртовец, кое допринело многумина да ја примат Христовата вера. Меѓу сите тие била и царицата, сопругата на императорот Александра! Меѓу нив бил и првосвештеникот Атанасиј како и земјоделецот Глицерија и Валерија, Донат и Терина (сите видни луѓе на царскиот двор). Царот, Ѓеорѓи и царицата – својата сопруга Александра ги осудил со сечење на нивните глави.

Царицата Александра починала на местото на егзекуцијата пред да биде обезглавена, а св. Ѓеорги бил обезглавен 303 година.

Чудата, кои се случувале на гробот од свети Ѓеорѓи немале број. Многумина, кои во негово име молитвено се обраќаат на Бога, барајќи помош, Ѓеорѓи им се јавувал и им се јавува и денес во сон како и на јаве, утешувајќи ги и помагајќи им, и здраствено и душевно, преку силата Христова.

Силната вера и љубов кон Христа Господа, на свети Ѓеорѓи, не му било тешко да остави сè за таа љубов: и чин, и богатство, и царска чест, и пријатели и целиот свет. За таа негова вера и љубов, Господ го наградил со венец на голема слава на небото и на земјата и со вечен живот во Неговото царство. Господовата сила сè уште ја чувствуваат христијаните кои го молат Бога преку светиот голем маченик Ѓеорѓи и таа моќ и денес им помага на верните во мизерија и проблеми на сите што го слават и го повикуваат Бога во негово име.

Тропар:

Како ослободител на заробените и заштитник на сиромасите, лекару на немоќните, помошник на владетелите, победоносче, великомачениче Ѓеорѓие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.

 

Отец Митко Попоски
6. Мај 2021
Виндзор, Онтарио, Канада