www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,928
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ВЕЛИГДЕН

2021

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ! ….. НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ !
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ! ….. НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ !
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ! ….. НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ !

ВО ИМЕТО НА ОТЦА И СИНА И СВЕТИОТ ДУХ !

Возљубени чеда во Господа, сведоци сме на внесувањето на светата Плаштаница во светиот олтар. Која ја симболизира тајната на воскресението на Христа Спасителот. Бидејќи, кога Господ нашиот Исус Христос воскресна, незнаеле ниту светите ангели, ниту луѓето, само тоа сознаење било единствено во Бога !

Да се потсетиме на црковното пеење: „Не знаеме како се роди од Дева и не знаеме како воскресна од мртвите“. И двете тајни биле скриени од матреалната (човечка) и духовната (ангелска) радозналост, но се појави благодатта за луѓето кои веруваат и ја исповедаат таа тајна. И навистина, голема е таа тајна која денес ја објавуваме, тајна на победата над смртта, тајна на ослободување од трулежноста и распадливоста, тајна на човековата преобразба, големата тајна на преодот од смрт во живот, бегање од ропство на слобода, од темницата на распадливоста во слободата на славата на Божјите деца – тоа е голема среќа !

Повеќе не сме робови на земјата, не сме оковани за земните закони и нема да се оптеретуваме од тежината на земната површина. Не очекува големата средба со Семоќниот Бог. Оваа победа се гледа во тоа што ни е дадена победа во апсолутно опростување. Евреите нека се чудат, муслиманите нека мислат дека тоа е дрско, безбожниците лукаво нека зборуваат: „Како кај вас е така лесно, да се покаеш и да добиеш опростување!“ Централна воскресенска новина е покајание за сите народи !

Господ, после воскресението рече: „да биде проповедано во Негово име покајание и проштавање на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим“ (Лк. 24:47)

Воскресната новина – опростување од Гробот – ја засенува смртта победувајќи ја со Христовата смрт. Воскресението од мртвите овозможува воскресение на душите и телата човечки. Денес, во оваа светла, таинствена ноќ, ноќ на Господовото Воскресение собрани сите стоиме, броејќи ги минутите на моментот кога ќе ја слушнеме новината од Ангелот Божји, и од устата на свештеникот кој со песна ќе прогласи дека смртта е победена. Во тој момент да се согледаме какви бевме и какви ќе постанеме. Сеуште е мрак во ноќта. Ја озаруваме со светлината на нашите свеќи. И ете во оваа ноќ ќе ја чуеме новината за победата, новина за нашата среќа, новина дека Бог се помири со луѓето, дека смртта е победена. Душата наша веќе е бесмртна, и еве, ова наше тело – истотака ќе биде оживеано.

Како ни кажува светото Писмо: „Но, ете, Христос воскресна од мртвите, и со тоа стана првина за умрените. “ (1Кор.15:20)

Прв е Христос, а по Него сите ние ! Ќе бидеме сведоци како ќе се случи големата експлозија на смртта, палејќи го големиот оган на бесмртниот живот кој од Исусовиот гроб се проширува по сите гробови, и по нашите тела се разговува оган на бесмртност. Ќе дојде и денот на таинствениот сеопшти оган, кој силно ќе пламне. Кнезот на овој свет – ѓаволот, ќе убедува дека се е во ред, и злото, и нечистотијата и смртта. Меѓутоа, испод тоа се разгорува таинствениот оган на воскреснатиот Исус, кој неприметно се шири во нашите срца. Најпрвин умствено во нашите мисли, потоа во волјата, па чувствата, и на крајот во нашето тело. На истиот начин како и телата на Светиите кон кои трулежот нема влијание врз нив црпејќи сила од нетрулежното тело Исусово.

Во денот на Воскресението, Бог едноставно ќе го отргне покривачот на трулежноста и ќе бидеме обземени од Божанскиот оган, постанувајќи деца Божји, влегувајќи во Неговата слава.

Ветено ние е: „И разумните ќе сјајат како светила на небото, и оние што мнозина се повратиле кон правдата – како ѕвездите, во веки, засекогаш.“ (Дан. 12:3).

Едни ќе светат како мали ѕвезди, други како поголеми, трети како месечината, четврти како сонце. И цела светлина ќе потекнува од таинствениот, недостижниот, живоносен гроб од кој ќе се излива нараспадливоста. Во нераспадлива душа, разум, тело и на се она, што ќе биде обновено.

Да го слушнеме Евангелието:
Во првиот ден од седмицата Марија Магдалина дојде на гробот рано, уште додека беше темно, и виде дека каменот од гробот е поместен.
Тогаш отрча и дојде кај Симона Петар и кај другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: „Го земале Господа од гробот и не знам каде Го положиле.”
Тогаш излезе Петар и другиот ученик, и појдоа кон гробот. И обајцата трчаа заедно, но другиот ученик трчаше побргу од Петар и прв дојде до гробот. И кога се наведна, виде дека лежи само повојот; но не влезе. По него дојде Симон Петар, влезе во гробот и виде дека само повојот стои; а крпата, што Му беше на главата Негова, не стоеше кај повојот, туку одделно, свиткана на едно место.Тогаш влезе и другиот ученик, кој прв дојде до гробот, и виде, и поверува, зашто уште не го знаеја Писмото, дека Тој треба да воскресне од мртвите.Тогаш учениците се вратија дома.
А Марија стоеше кај гробот однадвор и плачеше. И, плачејќи, се наведна над гробот; и виде два ангела во бели облеки како седат, едниот кај главата, а другиот кај нозете, каде што беше лежало телото Исусово. Тие ѝ рекоа: „Жено, зошто плачеш?” Им одговори: „Го земале Господа мој и не знам каде Го положиле.” Штом го рече ова, се заврте назад и Го виде Исуса како стои; но не знаеше дека е Исус. Исус ѝ рече: „Жено, зошто плачеш? Кого го бараш?” Таа, мислејќи дека е градинарот, Му рече: „Господине, ако си Го зел Ти, кажи ми каде си Го положил, и јас ќе Го земам.” Исус ѝ рече: „Марија!” Таа се заврти и Му рече: „Равуни” – што значи „Учителе!” И рече Исус: „Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил при Мојот Отец; туку отиди кај браќата Мои и кажи им: се враќам кај Својот Отец и вашиот Отец, кај Својот Бог и кај вашиот Бог.” Дојде Марија Магдалина и им кажа на учениците, дека Го видела Господа и дека тоа ѝ рекол.

Прва Марија Магдалена рано в зори во неделниот ден, Го сретнала Големиот Градинар – Исус Христос, Градинарот кој е вистинскиот Градинар на рајската градина. Жената која прва ја слушнала благата, новина за опростување и радоста. Христос, ни дозволува да Му се обраќаме по име како што и Бог нас не повикува со нашето име.

Многумина посакуваат да бидат личност, единствена, неповторлива личност. Тоа е исправно. Меѓутоа, човек може да ја црпи својата личност само од согледување на Божјето лице. Само во Неговата личност можеме да ја согледаме својата личност. Христос е небесен Пастир, кој своите овци ги повикува со нивното име. Сега, воскреснатиот Исус ги повикува своите и ги известува дека времето е блиску. И време е секој од нас да постане обновено дете Божјо.

Затоа Господ ни вели: „отиди кај браќата Мои“ (Јн.20:17), ете затоа сме браќа и сестри на Исус Христос – Синот Божји. Затоа што, благодарејќи на Исусовото Воскресение од мртвите, ние постанавме Негови браќа и сестри.

Ете го добивме и Божествениот дар, Благодатниот Оган од живоносниот гроб Господов. И според древната црковна химна која не потсетува: „Дојдете примете ја Светлината од невечерната Светлина и прославете го Христа, Воскреснатиот од мртвите“. Примете ја Бесмртната Светлина од живиот Бог! Еве, Благоданиот Оган од светиот Ерусалим дојде и до нас. Го примаме живиот пламен од живоносниот Оган.

Замислете, каква радост човек ја чувствува кога ќе се пробуди здрав после еден месец од тешка болест. Човекот, го исполнува некаква сила, сила на телесен живот. Пролетта, го исполнува воздухот со сладок мирис – тој природен мирис е производство на Творецот. Знаеме што се случува кога човек е оптеретен со грев, кога ја чувствува грижата на совеста, кога во душата ја чувствува нечистотијата. И кога човек ги исповеда своите гревови на исповеста, тој едноставно како да пролетува. Тоа е исто така сила на животот која го обзема човекот. Целиот тој живот во нас се излива во Воскресението на Христа Спасителот.

Пред Христа, човекот имал некаков живот, живот трулежен, гноен, распадлив, смртоносен, псевдо-живот кој го залажувал и труел човекот. Човек, кој трчал по телесни задоволства и добивал за возврат вистинска мака како за духот така и за телото. Веќе настапи ново време, во луѓето се појавува нова сила, живот со обновување. Во нас се излива вистинско оздравување во небесниот Отец, во нас се излива расцут како образец во расцветана градина по Воскресението.

Во душата чувствуваме светлина и мирис на пролет. Христос, Воскреснатиот од мртвите, излил во нас сила на возвишени способности. Имајќи сила Божја, разбирајќи го Бога, да ги исполнуваме даровите кои ни се овозможени, да бидеме преобразени и осветени.

Веќе ја чувствуваме силата, сила која ја победува смртта. Древниот чудовишен змеј, кој ги жигосувал сите луѓе (ѓаволот) тешко е ранет, срушен е, уништен. Смртта е загрозена и животот триумфира. Ликуваме и се радуваме бидејќи веќе не се плашиме од смртта.

Сега ќе пријдеме на Тајната Вечера, на тајната посветеност, ќе учествуваме во тајните на невидливата мистерија на Светиот Дух, каде што Духот Божји ќе ни овозможи да видеме, да го почуствуваме и да постанеме учесници на најголемата Исусова Жртва, каде што Христос Самиот Себе се принесе на жртва. Небесниот Отец ја прима Неговата жртва и Духот Божји го преобразува лебот и виното во Тело и Крв Христови извршувајќи ја жртвата совршено. Тоа е Чашата на Пасхата, Чашата на Вечниот живот, Чашата на Победата, преку која Христос се соединува со нас, и ние се соединуваме не само со Него туку и со Светиот Дих, Кој е Дух на Животот, Дух Кој Живот твори, Дух Кој Христа го Воскреснал од мртвите, и преку Кој се здобиваме со сила да Го примаме Воскреснатиот Исус.

Заедно со Христа се соединуваме и со Отецот, бидејќи само преку Христа имаме можност да пријдеме до Отца, како што ни беше и рекол: „Ако некој Ме љуби, и го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби; и ќе дојдеме кај него и живеалиште во него ќе најдеме.“ (Јн. 14:23)

Сега веќе ни се открива големата тајна и ќе бидеме учесници на оваа голема вечера, ќе стоиме со страв и трепет, со љубов и радост и со светлина од Христос Воскреснатиот со кого се соединуваме. Да се потсетиме на зборовите на св. Јован Богослов: „Неизмерен океан светлост која се излива од Воскреснатиот Исус“ – во која сме и ние опфатени од бескрајниот океан. Ајде, сите заедно да бидеме учесници на Божествената веселба, да го почуствуваме Царството Христово, да Му пееме на Бога, за победата над смртта.

Ви посакувам многу радост и љубов, Божјиот благослов постојано нека биде со Вас во овие тешки и неизвесни денови од пандемијата со Корона Вирусот. Преку нашите очистени срца да ја согледаме светлината на Божјата љубов. Која го осветлува патот кон вечното спасение. Радоста на Воскреснатиот Христос нека нè сплоти и соедини во единствена спасоносна заедница, која ќе биде утеха и прибежиште за нашите идни генерации. Иднината нека ни биде исполнета со помирување, покајание и преумување. Да го искористиме ова време за прочистување на нашата совест и за освежување на нашето паметење, бидејќи само на тој начин можеме да го чекориме патот на вистинската преобразба која ќе нè приближи на Божјата светост. И покрај тешкотиите, маките и страдањата, со кои деновиве се соочуваме како човечка цивилизација, не смееме да престанеме во нашите срца да ја негуваме надежта и крепоста. Благодарение на нив сите тешкотии и овоземни проблеми ќе ги гледаме од една повисока перспектива.. Ваквото наше духовно усмерување во чекор е пратено и охрабрувано од Воскреснатиот Христос. Бог нека ги чува нашите семејства и со Својата спасоносна прегратка нека ги штити и закрилува македонскиот народ, Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нашата љубена татковина Македонија. Христос Воскресе Навистина Воскресе!

Во Вашите дневни простории, громогласно да ја запееме Воскресенската песна „Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари”.

Ви го Честитам големиот Празникот Велигден преку електронските медиуми Ве поздравувам со најрадосниот христијански поздрав Христос Воскресна. Бог да го благослови Македонскиот народ и нашата света држава.

Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!

Подготви,
Отец Митко Попоски
На Велигден 2021
Виндзор, Канада