www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,579,882
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ГОСПОДОВОТО ВЛЕГУВАЊЕТО ВО ЕРУСАЛИМ – ЦВЕТНИЦИ

Цветна Недела или Врбница, е Празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим, или како што се нарекува уште Цветници. Тоа е денот што ги предвестува историските настани кои претходеа на смртта и воскресението Христово. Тој ден ја воведува Светата недела, особено страдањата на Велики петок.

За да го разбереме значењето на Врбница, прво мора да се вратиме два века наназад пред времето на Спасителот. Првата книга на Макавеите раскажува дека сирискиот крал Антиох Епифан ставил статуа на Зевс во храмот во Ерусалим и се обидел да наметне паганство. Секој што се противел бил заробен и погубен. Свештеникот Мататија го водел народот во востание, кое востание го продолжил неговиот син Јуда Макавеј. На крајот, Макавеите го освоиле Ерусалим и го исчистиле храмот од идолопоклонство. Во знак на сеќавање на овој настан, го вовеле зимскиот празник Синици, кој ги потсетувал на – Шаторите, на кој празник Евреите го поздравувале мавтајќи со палмови гранчиња, благодарејќи Му на Бога (2. Макавејци 1: 9, 10: 6).

Присутниот народот што го поздравувале Исуса во Ерусалим е истиот спомен поздрав од времето на Макавеите. Многумина од нив се надевале дека Исус е месијата кој ќе ги ослободи од Римјаните, исто како што Макавеите ги ослободија своите предци од Македонците. Тие очекувале нов Давид, нов Макавеј. Затоа и Го поздравувале Исуса со палмови гранки и пееќи: „Осана!“

Толпата на народ била убедена дека на овој ден се исполнува и пророштвото на Захарија, кој пишува: „Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска: ете, Царот твој се враќа, праведен е и со победоносна сила, кроток, седнат на магаре, рожба на магарица “(9: 9).

Христос знаел што луѓето очекувале од Него. Тој го исполнил пророштвото и јавајќи на магаре. Огромна е разликата помеѓу овој небесен Цар, кој качен на магаре Кој влегува во Ерусалим, – и еден земен цар, кој би јавал силен борбен коњ, но во никој случај на магаре. Останатите цареви ги потчинуваат телата, а Исус ги потчинува душите; другите се горди, а Исус е скромен; други владеат со закана и насилство, а Исус владее со мир и љубов. Затоа, следните зборови од пророштвото на Захарија се: „И ќе се скрши бојниот лак; и Тој ќе објави мир на народите“(9:10). Овој запис ги потсетува и на сопствените зборови на Исус: „Знаете дека кнезовите народни господарат над народите и големците владеат над нив; меѓу вас, пак нека не биде така“(Мат.20:25). Според Христос, вистинското владеење, вистинското раководство, достојниот авторитет се состои во скромната служба на народот.

Светиот град Ерусалим се подготувал за големиот празник Пасха. За тој празник во градот доаѓале многу луѓе, не само од цела Палестина, туку и од сите држави каде што живееле Евреите.

Многу се слушале за Исуса Христа, за Неговото учење и за неговите чуда, и нивните души биле жедни да Го видат. Претходниот ден Христос бил во Витанија, каде што го воскреснал четиридневниот мртовец Лазар, а на денешниот, се упатил со Своите ученици за Ерусалим. Вестта за Неговото доаѓање се разнела со голема брзина меѓу ерусалимските граѓани и собраните поклоници. Сите, променати и дотерани, излегле надвор од градот да Го пресретнат.

А Он, седнат на осле (младо магаре), неизмерно кроток и смирен, придружуван од Своите ученици полека се приближувал кон светиот град. Средбата била величествена и торжествена. Едни ги постилале своите алишта, други кинеле зелени палмови гранки и убави цвеќиња и го посипувале патот по кој минувал Исус. Радосната песна „Осана, на Синот Давидов, благословен е Кој иде во името Господово“ се изливала од устите на децата и надалеку одекнувала, и нејзиното ехо се одбивало од ритчето Сион. Народот ликувал.

Меѓутоа, и покрај невидениот и торжествен дочек, небесниот Цар, Господ Христос одел со смиреност и со тага. Кога се искачил на Елеонската Гора од каде се гледал целиот Ерусалим, го упатил Својот поглед кон големиот град и од Неговите благи очи потекле топли солзи. Зошто Он леел солзи во тој момент кога Му се правела највеличествена средба? Која била причината за Неговата голема жалост? На тоа прашање ни одговара св. евангелист Лука: И кога се приближи и го виде градот, заплака за него (Лука 19,41). Христос како Богочовек ја видал тажната и страшна судбина на Ерусалим. Он ја знаел длабоката морална расипаност на неговите граѓани. Знаел дека тие, кои денес воодушевено Му пеат ‘Осана”, по некој ден злобно ќе извикуваат: ‘Распни Го”. Срцевидецот Господ Христос, го знаел сето тоа па затоа бил обземен со длабока жалост. Му било жал за градот што бил осуден на разурнување, му било жал за непослушниот народ, кој бил осуден на расселување и на скитнички живот.

И навистина, што сè не направил Христос за избраниот народ! Му го предал Своето возвишено учење за живот и за добросостојба. Зел учество во неговата радост и во тагата. Неговите болни, сакати и немоќни ги излекувал. Безброј чуда направил за Негова слава. Но! Јудејскиот народ си останал со тврдо срце. Колкупати Он сакал да ги собере под својата крепка десница, (Лука 13,54) но тие не сакале. Нивните водачи, книжниците и фарисеите се побуниле против Него. Барале погоден момент да Го фатат и да го извршат најгнасното дело во историјата – да Го убијат и да Го распнат самиот Бог на крст.

Поголемо зло дело никој не направил на земјата, какво што направиле Неговите сограѓани, Неговиот народ, само по неколку дена од таа торжествена средба нè тера да негодуваме против ерусалимските граѓани. И, ако имавме власт, сигурно би ја изрекле најтешката пресуда врз нив.

Израилците само еднаш, на денот кога влегол Христос во Ерусалим, се покажале лесномислени и кривоклетници, а ние тоа го правиме секојдневно, со години. Многумина, веројатно, тоа ќе го повторуваат до крајот на својот живот…

Да обратиме внимание, браќа и сестри, и да ги отвориме очите врз бедната состојба на својата душа! Да се потрудиме, барем во наредните денови да бидеме постојани во љубовта кон Господа Исуса Христа, нашиот Спасител и Добротвор.

Еве, се привршува уште еден Велики пост. Да не биде како претходниот, повторување на лесномисленоста и непостојаноста пред Господа.

Да почнеме да живееме чисто и свето за да Го дочекаме Господа Исуса во Својата слава, во нашите душите и во своите домови. Амин.

 

Отец Митко Попоски
на 25 Април 2021
Виндзор, Онтарио, Канада