www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,623,659
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ЦРКВИТЕ И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО ВРЕМЕТО ПО ВОЕНИТЕ СУДИРИ И НЕМИРОТ

Протоѓакон Ратомир Грозданоски

Драги пријатели, почитувани мирољубци и миротворци, добродојдовте во Македонија и сакам да се чувствувате пријатно кај нас.
Ви благодариме што дојдовте да ни помогнете.
Особена благодарност искажувам кон професорите Павле Мојзис и Леонард Свидлев, коишто вложија најмногу за да се реализира оваа конференција. Нашиот македонски православен народ мудро рекол: „Споделената мака со другите е двапати помала мака, а споделената радост е двојно поголема радост“. Затоа и вие, сакајќи да ја споделите со нас нашата мака, вие ни ја смалуватемакате и ни помагате. Ви благодариме!
Јас ќе говорам токму за нашите маки и страданија што ги поднесовме и ги поднесуваме ние кои што живееме во Македонија. Како што рекол нашиот народ: „Јазикот оди онаму каде што е болното место во устата“. И мојот јазик, јазикот на моето денешно говорење ќе допре до болното место. И јас ќе одам на нашето болно место, со цел да го согледаме и да бараме начин тоа да го излекуваме, па да не боли повеќе.

Овој собир што се одржува во Скопје на едно вакво високо меѓународно ниво, се надевам, ќе пробуди нова синергија (соработка) меѓу црквите и верските заедници во Македонија.

1. Овде сме заедно претставници на интернационалните монотеистички вери: христијанството, исламот и јудејството и отвораме еден тријалог, во кој ќе ги бараме нашите сличности и заеднички елементи како чеда Авраамови, како потомци по тело на Исак и Исмаил, а по вера и благодат на Господ Исус Христос. Декалогот Бог го дал за сите луѓе, а него го спомнуваат и христијаните и Евреите и муслиманите, но прашање е колку го исполнуваме во нашиот живот!

2. Ние можеме да придонесеме во оформувањето и изградувањето на своите верници за да бидат со оформено сознание и нагласено чувство за почитување кон другите. Верата кога е вистинска, таа произведува љубов, а не омраза, произведува братољубие, а не војна и луѓето ги насочува кон духовното, светото и небесното, а не кон материјалното, гревовното и земното. Добро е тоа што ние деновиве овде, на овие простори, каде што до скоро се водеше војна, а сè уште се слушаат истрели и пукања, разговараме за Бога и за човекот. Ние спомнуваме за Бога и сите, како верници, сакаме да Го вклучиме и Него во решавањето на нашиве проблеми. Притоа, да не забораваме дека Он сè гледа, сè знае и сигурно, вистински нè познава сите. Ние, пак, ако не можеме правилно и вистински да се разбереме еден со друг, тогаш не сведочиме за Бога, туку против Бога.

Бог сака сите да бидеме добри и да патуваме по патот кој води кон Него, а тоа значи правилно да ги разбираме вистината, правдата и љубовта, па да живееме според Божјиот закон, кој во основа вели дека сме сите чеда Божји и Бог е наш Отец. Да не забораваме дека човекот е создаден како човек, а не како припадник на еден или на друг народ и вера. Свети апостол Павле, пак, рекол: „Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски“.

3. Бог, на Страшниот суд ќе побара од нас одговор за нашата вера и за нашите дела, мисли и постапки, односно, за тоа колку сме биле и сме останале луѓе, како богоподобни созданија. На судниот ден ќе нè праша и за тоа колку со љубов сме ги собирале своите, но и за тоа колку сме биле солидарни и сме покажувале љубов и кон другите. Ако тоа не сме го правеле, тогаш не сме добри чеда Божји. А Создателот нè дава различни и не се раѓаме исти. Кога би биле сите исти, како што рекол некој, би умреле од досада. Различноста на земјава е милост Божја,

4. За да стануваме подобри и да се угледуваме еден на друг во доброто, живеејќи со љубов. Сепак, таа различност понекогаш бива и пренагласена, па така се доаѓа и до судири и поделби.

Овде ние доживеавме и војна, којашто слава на Бога, завршува, но страдањата уште не престанале. Сега, пак, ние треба да мислиме за она што треба да го правиме по војната?! Во овие моменти, верата може многу да помогне. Треба да бидеме свесни за нашата улога во таа насока и да знаеме, и јасно да кажеме, дека политичарите немаат монопол над мирот, туку значајно е и нашето учество во тоа. Можеме да помогнеме во измирувањето меѓу луѓето, во нивното преумување и во барањето на компромиси. Да го нагласуваме она што е заедничко за сите, бидејќи нам ни е определено да бидеме заедно овде. Затоа, треба да имаме љубов кон вистината, да ја знаеме вистината за љубовта, та да можеме да имаме и вистинска љубов.

Многу лоши работи ни се случуваат кога верата е слаба, а љубовта е изолирана. Кај нас се случи голема збрка. Но, колку што вознемирува воениот судир, оти тој, еве, завршува, толку повеќе вознемирува зрачењето на омразата којашто продолжува. Тоа може повеќе да уништува. А, за сите луѓе важи едно општо правило: дали се луѓе на љубовта или луѓе на омразата. Не може да се биде верник, ако се нема љубов, бидејќи јасно е речено дека „Бог е љубов“.

5. Човекот е љубено создание. Никој не дошол на светов без љубов и без Божја волја. Сите сме создадени за да се сакаме, да се зближуваме и да си помагаме. А, сакале или не, ние ќе живееме заедно!

Во Македонија има повеќе народи, народности и вери. Во оваа земја луѓето на повеќе јазици зборат и различно на Бога се молат! Треба да ги цениме нашите вредности, но и на другите. Особено треба да го почитуваме општочовечките вредности, како што се: слободата, демократијата, човечките права, добрите односи, соработката, соживотот меѓу луѓето и сите заеднички точки меѓу луѓето од Црквата и другите. Треба да градиме заедничко живеење со луѓето кои се со различни духовни искуства. Да градиме меѓусебна доверба и соработка. Личните познавања и контакти многу помагаат во остварување на дијалогот на љубовта и овозможуваат да се согледа вистината и да се надминат недоразбирањата. Оттаму се раѓа и меѓусебната толеранција. Понекогаш отсуствува разбирањето и почитта, само поради непознавање на едни со други, а спознавајќи се меѓусебно, го отвораме патот на љубовта и & даваме можност таа да делува.

Сега, пак, кога воениот потоп кај нас заврши, додека чекаме водата да се повлече, да гледаме да не се издавиме во неа, туку сите ние претставниците на верите во Македонија да го почнеме нашето вистинско служење на олтарот на мирот. Кон тоа нè повикува Бог: да станеме миротворци, а со тоа – „синови Божји“

6. Службата на богослужителите е служба за помирување. Ние имаме улога да бидеме служители на соединувањето. Наша должност е да го помириме човекот со Бога и да го соединиме со Него, а ќе го помириме и соединиме човекот со Бога, само, ако го помириме и соединиме човекот со човекот. Некои велат дека е тоа тешко. А, јас им велам: Точно е дека е тешко, но затоа, пак, е многу вредно, оти лесните работи сите ги прават. Нашата сила за остварување на ова, ние треба да ја црпиме од Бога. Не треба да се плашиме, бидејќи тој што љуби не се плаши. Свети Јован Богослов вели: „Во љубовта страв нема, а совршената љубов го пади стравот“.

7. Нашата активност треба да ја насочиме кон тоа. Патот што води до врвот од планината на мирот е тежок, бидејќи е нагорен и кривулест, но ќе одиме по него, зашто ние ја знаеме целта, а целта е да стасаме до врвот на мирот, доброто и љубовта.
Ако оние кои не ја познаваат доволно теологијата можат да грешат и да водат војна, ние претставниците на теологијата треба да претставиме дека љубовта не е ограничена. Таа на луѓето им е дадена како дар Божји за да се сакаат помеѓу себе.

8. Додека некои водат војни за територии и поставување граници, ние да кажеме дека Бог е безграничен и верата во едниот Бог е безгранична, па не припаѓа само на еден народ или на едно место, туку таа е за сите, насекаде по светов. Ако за некои е важно каде ќе биде границата, за нас е важно каде ќе престане ограничувањето. Така треба да делуваат теолозите и вистинските верници!

Ние, Балканците, сакаме да гледаме и во минатото. И тоа е добро, бидејќи историјата е потсвест на сегашноста, но не треба да се останува во минатото, туку да се свртиме кон современоста и иднината. Светот се сознава во новото време, а и ние сме во него. Денес кога светот создава не само електро-техничка глобализација, туку и глобализација на територијален поглед, наш предизвик е – ние да направиме глобализација на љубовта. Да разбереме дека треба да бидеме собрани во љубов. Тоа е мисијата која го прави човекот човек. Да ја зацврстиме верата во Бога, да ја внесеме надежта, којашто го прави човекот човек на иднината и да ја дадеме љубовта, којашто му дава содржина. Како што рекол свети апостол Павле, само вистината ќе нè ослободи,

9. А во Евангелието е речено дека Бог ќе ни суди на сите за тоа како сме се однесувале кон луѓето.

10. Една од основните заеднички точки за делување и соработка е и делувањето во процесот на миротворството. Ние, коишто во изминатите 50 години, со делувањето на атеистичкиот комунистички систем бевме заедно прогонувани, сега кога живееме во новото време на демократија и слобода, да не се прогонуваме меѓусебно едни со други. Нашите религии имаат многу заеднички врски, а ние имаме многу заеднички историски вредности и историска меморија преку нашите претци. Потребно е и историско памтење, бидејќи врз минатото ја градиме нашата иднина, но да не се застанува на одредени предрасуди, туку да се гради вистинско меѓусебно почитување, преку поправање на она што било згрешено. Сите неправди не можеме да ги поправиме, ниту да ги пресудиме, па затоа е значајна улогата на проштевањето и љубовта на која нè повикува Бог. На сите како да ни е полесно да гледаме и да броиме колку другите погрешиле, а не ние; колку туѓите направиле злодела за да ги осудиме, а не нашите; и на тој начин се зголемуваат злоделата. Ајде да се обидеме да погледаме најнапред на своите грешки и гревови, а не на туѓите;

11. на она што е лошо и кај нашите, а не само кај нивните; и да не правиме пренагласено штитење на своите, туку да дадеме можност за поправање и простување.
Денес човештвото, повеќе од било кога, има потреба од обединување и соработка меѓу сите мирољубиви сили!
Драги пријатели – миротворци,
Сакам да нагласам дека ние – црковните луѓе и сите кои работат во полза на мирот, не треба да бидеме мрзливи во работењето на полето за мирот, неговото остварување и заштита.
Мирот, сакањето на мирот и неговото утврдување, е основа на секоја вера. Да го покажеме тоа и на дела!
Верата половина век беше отсутна од нашиот човек и со години беше прогонувана од него во минатиот систем, па затоа сега кога & е отворена вратата на верата, да не дозволуваме ние луѓето од верата да ја затвораме таа врата пред луѓето. Да ги покажеме убавините на верата и да ги береме плодовите на вистинското верско живеење и делување во современиот демократски плурализам. Тука да ја поставиме мерката дека од она што значи слобода, не значи дека сè ни е дозволено, туку, како што рекол свети апостол Павле, да бидеме свесни дека, иако сè ни е позволено, не ни е сè од полза.

12. Ние теолозите треба да ја понудиме оваа критериологија во современиот свет во кој живееме. На тој начин ќе бидеме застапници за слободата, мирот, вистината и љубовта.

Некој ќе рече, со тоа верата се вмешува во световниот свет – во световноста и во политиката, па дури таквите сакаа на војната овде да & дадат верска карактеристика. Тоа не е точно, бидејќи верата немаше влијание во минатото атеистичко време, па затоа и не можеше да предизвика пренагласени верски чувства и верски мотиви за војна. Ние овде имавме не верска, туку квазиверска војна. Навистина, верата може и да се злоупотреби, но она што може да се злоупотреби, може и добро да се употреби. Ние да го направиме последново.

Смислата на сите религии е и во нивната одговорност за сите. Црквата и верските заедници не се дел од политиката, туку сакаме да се чуе и нивниот глас како еден од можните гласови, за да помогне во надминувањето на влошените состојби. Нашата помош би била во чувањето на свеста за човечкото достоинство, во градењето на моралноста која е значајна димензија и база за правилен развој и опстој на едно општество и на една модерна современа држава, во којашто се изградува демократија.

Очигледно, ние малку правиме за тоа да постане реалност. Треба сите да престанат со водење политика на конфронтации и конфликти. Да се свртиме кон курсот на разбирање и мирољубиво решавање на прашањата од сите сегменти на животот. Мирот и безопасноста во животот на луѓето е првостепена грижа за заедничкото живеење, опстојување и делување. Се разбира, притоа, мислејќи на мирно заедничко постоење и делување во доброто на луѓето од различни етнички, религиозни, културни и идеолошки позиции, кои живеат во Македонија.

Македонската православна црква и другите верски заедници во Македонија можат да најдат многу заеднички активности и добро да соработуваат во нашава заедница и тоа: на полето од образованието – преку веронауката, на верско-моралното воспитување, медијската дејност, чувањето на верските културни вредности и во остварувањето на социјално-хуманитарните активности. Тие можат заеднички да делуваат и за спречување на современите зла и опасности во светот, како што се: дрогата, абортусот, еутаназијата, клонирањето, екологијата итн. За сè ова нашите ставови би биле барем слични, ако не сосем идентични. Предлагам да се формира Мировен одбор со претставници од различните вери во Република Македонија. Тој Мировен одбор да делува постојано превентивно, а по потреба и во конкретни конфликтни случаи и настани. Дајте да си помогнеме самите меѓу себе!

Во ова време, кога кај нас се зголемила меѓународната и меѓурелигиската нетрпеливост, поради вооружената катастрофа и загрозеност, треба поенергично да се бараат патишта за попуштање на напнатоста и градење мир. Да не бидеме песимисти, туку да сториме сè што зависи од нас, за да не допуштиме да надвладеат деструктивните сили на дестабилизацијата и да помогнеме за нормализирање на состојбата.

Ние, претставниците на различни цркви, религиозни заедници и организации, овде сме се собрале како вредни работници на нивата на миротворството. Со ова покажуваме дека сакаме делото на заштитата и градењето на мирот да крепнее и да се умножува.

Вистинските верници никогаш нема да престанат да се застапуваат за мир и за достоинствено живеење на човекот, според високото достоинство што го има добиено од Бога.

Верувам дека оваа масовна конференција, во која учествуваат луѓе од различни вери и идеологии, а кои живеат во општества со различни социјални структури, овде се обединети со една мисла, една волја и една надеж – дека мирот на овој простор е можен.

Нашата иднина е во мирот, взаемното разбирање и почитување.
Христијаните, коишто деновиве сме сè уште во велигденски празнувања, ја истакнуваме размислата дека тајната и радоста на воскресението е токму помирувањето помеѓу Бога и човекот и победа над гревот, злото и смртта. Палењето на свеќите во ноќната темнина на Велигден и нивното препалување од еден на друг, претставува победа на светлината над темнината. Да запалиме и ние што повеќе светила – светила на животот, мирот и хармонијата помеѓу човекот и сите созданија, помеѓу човекот и човекот и помеѓу човекот и Бога.
Благодарам што ме ислушавте.

Протоѓакон Ратомир Грозданоски

ЦРКВИТЕ И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО ВРЕМЕТО ПО ВОЕНИТЕ СУДИРИ И НЕМИРОТ – Резиме

Претставниците на интернационалните монотеистички вери: христијанството, исламот и јудејството отвораме еден тријалог, во кој ќе ги бараме нашите сличности и заеднички елементи како чеда Авраамови, како потомци по тело на Исак и Исмаил, а по вера и благодат на Господ Исус Христос.

Верата кога е вистинска, таа произведува љубов, а не омраза, произведува братољубие, а не војна и луѓето ги насочува кон духовното, светото и небесното, а не кон материјалното, гревовното и земното.

Бог сака сите да бидеме добри и да патуваме по патот кој води кон Него, а тоа значи правилно да ги разбираме вистината, правдата и љубовта, па да живееме според Божјиот закон, кој во основа вели дека сме сите чеда Божји и Бог е наш Отец.

Декалогот Бог го дал за сите луѓе, а него го спомнуваат и христијаните и Евреите и муслиманите, но прашање е колку го исполнуваме во нашиот живот!

Бог, на Страшниот суд ќе побара од нас одговор за нашата вера и за нашите дела, мисли и постапки, односно, за тоа колку сме биле и сме останале луѓе, како богоподобни созданија. На судниот ден ќе нè праша и за тоа колку со љубов сме ги собирале своите, но и за тоа колку сме биле солидарни и сме покажувале љубов и кон другите.

Овде ние доживеавме и војна, којашто слава на Бога, завршува, но страдањата уште не престанале. Сега, пак, ние треба да мислиме за она што треба да го правиме по војната?! Во овие моменти, верата може многу да помогне. Треба да бидеме свесни за нашата улога во таа насока и да знаеме, и јасно да кажеме, дека политичарите немаат монопол над мирот, туку значајно е и нашето учество во тоа. Можеме да помогнеме во измирувањето меѓу луѓето, во нивното преумување и во барањето на компромиси. Да го нагласуваме она што е заедничко за сите, бидејќи нам ни е определено да бидеме заедно овде.

Не може да се биде верник, ако се нема љубов, бидејќи јасно е речено дека „Бог е љубов“. Човекот е љубено создание. Никој не дошол на светов без љубов и без Божја волја. Сите сме создадени за да се сакаме, да се зближуваме и да си помагаме. А, сакале или не, ние ќе живееме заедно!

Да градиме меѓусебна доверба и соработка. Личните познавања и контакти многу помагаат во остварување на дијалогот на љубовта и овозможуваат да се согледа вистината и да се надминат недоразбирањата.

Сега, пак, кога воениот потоп кај нас заврши, додека чекаме водата да се повлече, да гледаме да не се издавиме во неа, туку сите ние претставниците на верите во Македонија да го почнеме нашето вистинско служење на олтарот на мирот. Кон тоа нè повикува Бог: да станеме миротворци, а со тоа – „синови Божји“. Службата на богослужителите е служба за помирување.

Ние, црквите и верските заедници коишто во изминатите 50 години, со делувањето на атеистичкиот комунистички систем бевме сите заедно поттиснувани и прогонувани, сега кога живееме во новото време на демократија и слобода, да не се прогонуваме меѓусебно едни со други. Нашите религии имаат многу заеднички врски, а ние имаме многу заеднички историски вредности и историска меморија преку нашите претци. Потребно е и историско памтење, бидејќи врз минатото ја градиме нашата иднина, но да не се застанува на одредени предрасуди, туку да се гради вистинско меѓусебно почитување, преку поправање на она што било згрешено.
Вистинските верници никогаш нема да престанат да се застапуваат за мир и за достоинствено живеење на човекот, според високото достоинство што го има добиено од Бога.

1. Предавање одржано на интернаципоналниот и интеррелигискиот тријалог: Confidence building between the churches and religious communities in Macedonia trough dialog, Градење доверба помеѓу црквите и верските заедници во Македонија преку дијалог, Скопје 10-14 мај 2002 година.↩
2. (2. Мој. 20 глава и 5. Мој. 5 глава)↩
3. (Гал. 3,28; 1. Кор. 12,13; Рим. 10,12)↩
4. (Матеј 6,26 и 28)↩
5. (1. Јов. 4,8 и 16)↩
6. (Матеј 5,9)↩
7. (1. Јов. 4,18)↩
8. (Матеј 22,37-39; 1. Јов. 4, 20-21; Матеј 5,44)
9. (спореди: Ефес. 4,21; 1. Тим. 2,4; Јован 14,6)↩
10. (Матеј 25, 31-46)↩
11. (Матеј 7, 1-2)↩
12. (1. Кор. 10,23)↩

 

Презентира
Прота Митко Попоски