www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,545,516
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


СВЕТА ЛИДИЈА МАКЕДОНСКА

Света Лидија, првопокрстената Македонка од Филипи

09 април

Света Лидија, првопокрстената Македонка од Филипи е таа силна жена што ги поврза минатото и иднината, антиката со христијанството, кое го замени паганството со покрстување, заедно со апостолите што ги испратија евангелијата до народите во Европа. Сведоштво за тоа ни се раскошните крстилници во сите градови од тоа време. Се изградија нови цркви како нови царски палати со нова христијанска уметност – вели Ангелина Маркус, авторка на книгата „Лидија од Филипи, првопокрстената Македонка“.

Во Филипи Лидија била првата личност која поверувала во Господ Исус Христос и ја прифатила проповедта на Свети апостол Павле. Таа, своето верување во Христа Спасителот, го запечатила со нејзиното крштевање заедно со нејзините домашни во Троедниот Бог, како што запишал евангелистот Лука: „Се покрсти таа и нејзините домашни“.

Света Лидија е камен темелник на Црквата во Филипи. Таа е прва личност која што била крстена од страна на апостол Павле на европско тло и затоа се прославува како прва христијанка – Европјанка. Била богата и побожна жена, омажена во градот Филипи, а потекнувала од малоазиска провинција, од градот Тијатир кој бил македонска колонија.

Градот Тијатир бил прочуен по бојадисувањето на ткаенините со природни црвени бои на порфир. Лидија тргувала со порфир којшто бил употребуван за благороднички облеки, бидејќи во Филипи имало воени ветерани и градот бил богат. Нејзиниот сопруг не се спомнува па се смета дека била вдовица.

Во триесет и првата година пред Христа, градот Филипи постанал римска колонија, од страна на императорот Август Октавијан кој кон името на градот додал дека е негова колонија.
За да го засили римското влијание во Македонија, тој таму преселил многу значајни граѓани од Италија, и во Филипи поставил римски гарнизон и на жителите им ги дал сите права на Римајни.

Првата христијанска црква, кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, била формирана во Филипи. Тоа се случувало во педесет и првата или педесет и втората година на почетокот на второто мисионерско патување на светиот апостол Павле (51-54 година), кое што е опишано во Делата на светите апостоли.
Во Светото Писмо се говори дека Свети апостол Павле во Троада имал видение на еден човек Македонец кој го молел и му велел: Премини во Македонија и помогни ни! Евангелистот Лука во Делата запишал дека разбрале дека станува збор за Божја промисла таму да се проповеда Евангелието.

Црквата во Филипи била првата Македонска црква што ја основал апостол Павле. Светиот апостол ќе рече: Македонските христијани, доброволно, со љубов и дарежливо милосрдие, материјално го помогнаа делото на Господ Бог.

Освен Лидија, исто така силни по вера и добри христијанки од Филипи, во Библијата се спомнуваат и Еводија и Синтихија.Со посебно признание, од христијаните во Филипи, апостол Павле ги истакнува и мажите: Епафродит и Климент и „другите мои сотрудници, чии имиња се во книгата на животот“, вели апостолот.

По крштевањето света Лидија побарала од апостолите да ја претстават како верна во Господа, што тоа и го сториле, знаејќи ја нејзината вера, скромност и благочестивост. (Дела 16,15) Света Лидија била гостопримлива па ги понудила светите апостоли да живеат во нејзиниот дом, за кое свети апостол Лука посведочува, и тие на крајот прифаќаат, со што се потврдува дека таа е достојна за тие да бидат во нејзиниот дом. По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија.

Апостол Павле единствено од оваа црква примил дарови за своето мисионерско дејство, бидејќи знаел дека тие биле дадени од срца полни со љубов.Оваа црква станува пример за формирање на други цркви во Македонија и во Ахаја. Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за кои што зборува свети Јован во Откровението.

Единаесет години по заминувањето од Филипи, пред крајот на првото заточеништво во Рим (63-64 година) апостол Павле пишува Послание до Филипјаните, со многу љубов и лични спомени: „ Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа и така,браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стоите тврдо во Господа, возљубени“.

” Гостопримство радост неискажлива донесе, кога не луѓе туку ангели во домот твој прими о Лидијо Филипијанко, а преку нив Христос срцето ти го исполни, душата развесели, и домот твој, дом на обручение за Бога постана, о Македонко која ја превознесе Господовата слава и пофалба.
Радувај се мајко наша која духот
на Павла – великиот кој Бога го прославува, во една молитва го искажа за спасение на сите кои поверуваа.” (тропар)

По нејзините свети молитви Господи Исусе Христе помилува не нас, и спомни си за оние што го носат нејзиното свето име.