www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,604,810
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Послание на апостол Павле до Филимон

Вовед

Филимон бил значајна личност меѓу првите христијани и без сомнение член на црквата во Колоси. Бил пријател на апостол Павле (ст.1). тој имал роб по име Онисим, кој избегал од кај него. Онисим стапува во контакт со Павле, кој во тоа време бил во затвор. Тој станува христијанин, а Павле одлучува да го прати повторно кај неговиот господар, на кого му ја пишува оваа белешка, за да го замоли да не го дочекува повеќе како роб (робот бегалец бил изложуван на најсурови казнувања), туку како брат во својата вера. Откако го поздравува Филимон и луѓето во неговиот дом (1-3), Павле Му заблагодарува на Бога за љубовта и ревноста на Филимон (4-7). Потоа искажува молба за заштита на Онисим, кој треба да пристигне кај својот господар (8-22). Во поздравите со кои завршува ова кратко послание се наоѓаат имињата на повеќе личности подеднакво спомнати и во Посланието до Колосјаните (4,10; 12; 14). Можно е Онисим да ги донел во Колоси и двете посланија до Колосјаните и до Филимон.
Забележлива е нежноста со која Павле му пишува на својот пријател Филимон. Тој не му дава никаква заповед, ништо не му наметнува, не ги порекнува ниту неговите права над Онисим, туку му раскажува, исто онака како и на сите оние кои го читаат ова послание, како Христовата љубов осветлува еден нов ден и ги преобразува сите човечки односи.

 

1. Вовед и поздрави

1. Павле, затвореник на Исуса Христа, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник,
2. и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот другар во војувањето, и до твојата домашна црква.
3. Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господа Исуса Христа!
4. Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои,
5. бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господа Исуса и кон сите светии,
6. и молам твојата вера, што ја имаме заедно, да се покаже на дело во познавањето на секое добро, кое го имате во Христа Исуса.
7. Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.
8. Затоа, иако имам во Христа голема слобода да ти заповедам како што треба,
9. сепак од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник Исус Христов,
10. те молам за моето чедо Онисим, што го родив во оковите свои:
11. и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу потребен и тебе и мене, и го праќам назад;
12. а ти прими го како мое срце.
13. Јас сакав да го задржам при мене, за да ми служи место тебе во оковите за Благовестието;
14. но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.
15. Зашто, можеби, тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,
16. не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело и во Господа.
17. И така, ако ме имаш за соучесник, прими го како мене.
18. Ако, пак, во нешто ти згрешил или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.
19. Јас, Павле, напишав со својата рака: јас ќе платам, за да не ти речам, дека ти и самиот цел си ми должен.
20. Да, брате, да го добијам од тебе во Господа она, за што Го молам; развесели го срцето мое во Господа.
21. Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.
22. А заедно со ова приготви ми и потслон, оти се надевам дека со вашите молитви ќе ви бидам даруван вам.
23. Те поздравува Епафрас, кој е со мене затвореник во Христа Исуса, Марко, Аристарх, Димас, Лука – моите сотрудници.
24. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!