www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
3,822,402
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
 


Прво послание на апостол Павле до Солуњаните

Вовед

Во текот на Второто мисионерско патување, по заминувањето од Филипи, апостол Павле пристигнува во Солун, главниот град на Македонија, северо-исток од Грција. Тој таму оснивал заедница, но неговиот престол траел неочекувано кратко поради спротивставувањата на дел од јудејската колонија. Принуден бргу да го напушти Солун, се вратил дури во Верија (Дела 17,1-10). Нешто подоцна кога престојувал во Коринт, неговиот помошник Тимотеј му се придружува и му дава извештај за состојбата во Солун. Така Павле го напишал Првото од двете посланија до Солуњаните, несомнено од Коринт. Експертите главно се согласуваат дека ова Послание е најстарото во Новиот завет и го датираат во периодот околу 50-тата година по Христа.
Новите приврзаници од Солун го радуваат апостолот. Тој му благодари на Бога за примерот што Солуњаните им го даваат на другите заедници во таа област. Постојано потсетувајќи се на делото што тој самиот го извршил меѓу нив, кажува дека би сакал да ги види (1,1-3,13). Тој уште и ги поттикнува не само да останат, туку и понатаму да напредуваат во христијанскиот живот (4,1-12). Меѓу другото, дава одговор и на прашањата што тие си ги поставуваат во врска воскреснувањето на мртвите и за славното Христово доаѓање (4,13-5,11). Тој го завршува своето послание со препораки и поздрави (5,12-28).
Оваа писмо е за поука на сите што ги вознемирува можноста за крајот на времињата. Тоа ги потсетува верниците дека најзначајно за нив е да бидат посведочени дека му припаѓаат на светот на светлината. Господ дал ветување дека ќе дојде, без оглед на датумот и тогаш тие ќе бидат „засекогаш со Господ“ (4,17).

1. Животот и верата на Солуњаните

1. Од Павла, Силуана и Тимотеја – до солунската црква во Бога Отецот наш и во Господа Исуса Христа!
2. Секогаш Му благодариме на Бога за сите вас, спомнувајќи ве во молитвите наши
3. и непрестајно го помниме делто на вашата вера, трудот на вашата љубов и трпеливоста на надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.
4. Знаеме, возљубени браќа, за вашиот избор од Бога,
5. зашто нашето Благовестие кон вас беше не само со слово, туку и со сила и со Светиот Дух, и со голема увереност: сами знаете какви бевме за вас помеѓу вас.
6. И вие се угледавте на нас и на Господа, кога во големи маки со радост го примивте словото од Светиот Дух,
7. така што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.
8. Оти од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата ваша во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.
9. Зашто, верниците сами разгласуваат за нас, какво беше нашето доаѓање при вас, и како од идолите се обрнавте кон Бога, за да Му служите на живиот и вистински Бог,
10. и да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Кого Он Го воскресна од мртвите, Исуса, Кој нè избави од идниот гнев.

2. Мисионерската активност на Павле во Солун
пофалба за верата на Солуњаните

1. Вие сами знаете, браќа, дека нашето доаѓање при вас не беше залудо:
2. иако порано пострадавме и бевме поругани во Филипи, како што знаете, ние се ослободивме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото Евангелие со голем труд.
3. Зашто нашата утеха не произлегува ни од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство.
4. Но, како што Бог нè удостои да ни Го повери Евангелието, така и зборуваме – не за да им угодуваме на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува срцата наши.
5. Оти никогаш со примамливи зборови не се однесовме кон вас – како што знаете; ниту со помисли за корист: Бог е сведок!
6. Ни човечка слава не баравме – било од вас, било од други:
7. иако можевме и да се јавиме со важност како Христови апостоли, но при сето тоа ние бевме среде вас благи, онака како што нежно се однесува доилката кон своите деца.
8. Така ве бевме засакале, што бевме готови да ви го предадеме не само Благовестието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги.
9. Та вие ги помните, браќа, нашиот труд и мака: работејќи дење и ноќе, за да не му додеваме на никого од вас, ние ви Го проповедаме Евангелието Божјо.
10. Сведоци сте вие како и Бог, дека свето, праведно и безукорно постапувавме пред вас, кои што верувате,
11. зашто знаете дека секого од вас, како татко децата свои,
12. ние ве молевме и утешувавме и сведочевме да живеете достојно за Бога, Кој ве призвал во Своето царство и слава.
13. Затоа и непрестајно Му благодариме на Бога, оти, откако го примивте словото Божјо од нас, го примивте не како слово човечко, туку – како што и е – слово Божјо, кое и дејствува во вас, кои што верувате.
14. Вие, браќа, поминавте како Божјите цркви во Христа Исуса, што се во Јудеја, бидејќи и вие исто така претрпевте од своите едноплеменици, како и оние од Јудејците,
15. што Го убија и Господа Исуса, и Неговите пророци, и нас нè изгонија, и на Бога не Му угодија, и на сите луѓе им се противат;
16. кои што ни пречат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат, и со тоа секогаш ги дополнуваат гревовите свои; но гневот ги достигна до крај.
17. А ние, браќа, откако се одделивме од вас за кратко време по лице, а не по срце, со уште поголема желба се грижевме да го видиме лицето ваше.
18. Поради тоа, ние, најмногу јас, Павле, и еднаш, и другпат, посакавме да дојдеме при вас; но нè попречи сатаната.
19. Оти, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та тоа не сте ли и вие пред нашиот Господ Исуса Христа за Неговото доаѓање?
20. Да, вие сте нашата слава и радост!

3. Павле посакува повторно да ги види Солуњаните

1. Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, најдовме за добро во Атина да останеме сами,
2. и го испративме Тимотеја, својот брат и слугата Божји, и својот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера,
3. та никој да не ве смутува во тие маки; оти сами знаете дека затоа сме определени.
4. Бидејќи ние, и кога бевме при вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете.
5. Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да узнаам за верата ваша, да не би некако да ве искушал искушувачот, та да отиде залудо нашиот труд.
6. Сега, откако дојде Тимотеј при нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нè видите, како и ние вас –
7. ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера;
8. оти ние сега живееме, кога вие стоите во Господа.
9. Каква благодарност, навистина, можеме да Му воздадеме на Бога за вас, за сета радост, со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог,
10. кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме недостигот на вашата вера?
11. А сам Бог и Отецот наш и Исус Христос, нашиот Господ, нека го управи патот наш кон вас!
12. Вам, пак, Господ да ви ја зголеми и да ви ја умножи љубовта еден кон друг и кон сите, каква што и ние имаме кон вас,
13. за да ги утврди вашите срца, та да бидат непорочни во светоста пред Бога и Отецот наш при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Негови светии. Амин!

4. Животот кој му угоден на Бога
Чистота и братска љубов

1. И така, браќа, ве молиме и советуваме во Христа Исуса, онака, како што научивте од нас како треба да постапувате и да Му угодите на Бога, како што и постапувате, повеќе во тоа да успевате;
2. зашто знаете какви заповеди ви дадовме од Господа Исуса.
3. Ова е волјата Божја: да бидете осветени, да се воздржувате од блудство,
4. и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и чист,
5. а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога,
6. и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидеји Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано.
7. Оти Бог не нè призва кон нечистота, туку кон светос.
8. А кој го отфрла тоа, тој отфрлува не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас.
9. За братољубието, пак, нема потреба да ви пишувам, оти вие сами сте научени од Бога да се сакате еден со друг,
10. бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. И ве молиме, браќа, уште повеќе да преуспевате,
11. и усрдно да се грижите да живеете тихо, да си ја гледате работата и да работите со сопствените свои раце како што ви заповедавме;
12. да се држите чесно спрема надворешните и да немате потреба од никого.
13. Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж.
14. Оти, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него.
15. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, нема да ги испревариме умрените,
16. бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите;
17. а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа.
18. Па затоа, утешувајте се еден друг со тие зборови.

5. Воскресението на мртвите
и очекување на денот на
Господовото доаѓање

1. А за времињата и годините, браќа, нема потреба да ви се пишува,
2. бидејќи вие самите многу добро знаете дека денот Господов ќе дојде така, како крадец во ноќно време.
3. Оти, кога ќе речат: „Мир и безопасност!”, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел, како што ја напаѓаат родилни маки секоја непразна жена, и нема да избегнат.
4. Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да ве затече како крадец.
5. Бидејќи сите вие сте синови на светлината и синови на денот: ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.
6. И така, да не спиеме, како и другите, туку да бидеме будни и трезвени.
7. Зашто оние, што спијат, ноќе спијат, и кои што се опиваат, ноќе се опиваат.
8. Ние, пак, бидејќи синови на денот, да бидеме трезвени и „облечени во оклоп” на верата и љубовта и „шлем” на надежта за спасение,
9. зашто Бог нè определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,
10. Кој умре за нас, та ние, будни ли сме, или спиеме, да живееме заедно со Него.
11. Поради тоа советувајте се помеѓу себе и поправајте го својот ближен, како што и правите!
12. И ве молам, браќа, да ги уважувате оние, што се трудат меѓу вас, што се ваши претстојници во Господа, и оние кои ве учат.
13. И кон нив да имате преголема љубов заради нивното дело. Живејте во мир помеѓу себе!
14. Браќа, ве молам, поучувајте ги неуредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.
15. Гледајте, никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите!
16. Радувајте се секогаш!
17. Молете се постојано!
18. Благодарете за сè, оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас!
19. Не гаснете го Духот! Пророштвата не ги унижувајте!
20. Сè испитувајте, за доброто држете сè!
21. Клонете се од секакво зло!
22. А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сè,
23. и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!
24. Верен е Оној, Кој ве повикува, Кој и ќе го направи тоа.
25. Браќа, молете се за нас!
26. Поздравете ги сите браќа со свет целив!
27. Ве заколнувам во Господа ова послание да го прочитате на сите свети браќа.
28. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!