www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,360,361
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Трето послание на апостол Јован

Вовед

Ове послание, исто така напишано од „старешината“, односно „свештеникот“ (ст.1:2 Јн.ст.1), е упатено до некој си Гај. Ние ништо не знаеме за овој човек, освен дека тој останал верен на вистината. Неговиот став е спротивен на Диотрефовиот, влијателен член на заедницата кој го клевети „старешината“ и му го откажува гостопримството.
Писателот го пофалува Гај поради неговата верност и неговите услуги што им ги направил на христијаните (ст.1-8).
Ќе се забележи, судејќи според ова послание, дека гостопримството, дочекот резервиран за браќата, е форма на љубов и на верност кон вистината.

1. Пофалби за добродетелството

1. Од старешината – до возљубениот Гај, кого вистински го сакам.
2. Возљубени, се молам да бидеш здрав и во сè да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.
3. Многу се зарадував, кога дојдоа браќата и се посведочија за твојата верност – оти ти живееш во вистината.
4. За мене нема поголема радост од тоа – да чујам дека моите чеда живеат во вистина.
5. Возљубени, ти постапуваш верно во сè, што го правиш за браќата и гостите,
6. кои ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш, ако ги приготвиш пред Бога како што треба.
7. Бидејќи поради Неговото име тргнаа, не земајќи ништо од незнабошците.
8. Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме помошници на вистината.
9. Јас напишав до Црквата. Но Диотреф, кој сака да биде најстар меѓу нив, не нè прими нас.
10. Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови, што ги прави, напаѓајќи нè со лоши зборови; и тоа не му е доволно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние, кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црквата.
11. Возљубени, не угледувајте се на злото, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бога.
12. За Димитрија посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.
13. Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо,
14. туку се надевам наскоро да те видам, и да позборуваме уста со уста.
15. Тебе мир! Те поздравуваат пријателите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!