“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
Монаштво
ДЕНЕС АКТИВНИ МАНАСТИРИ НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
ВО МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ
Монаштвото во Божјата црква беше и останува низ вековите (од самиот почеток на христијанството до денес) најзрелиот и најдобриот плод на христијанскиот живот. Во монаштвото се достигнати највисоките врвови на христијанското совршенство. Монаштвото е со непроценливо значење за Црквата со векови. Јачината на црквата и светоста на еден народ зависеа од бројот и квалитетот на монасите. Црква без монаштво би била исто како неплодна смоква.
Потеклото на монашкото движење и видовите на нејзината организација Првите форми на монаштво потекнувале првично во рамките на египетското христијанство, во III и IV век од нашата ера. Ова подвижничко движење се прошири релативно брзо во Сирија и Палестина, но она што е сигурно е дека темелите на монашкото движење ги поставија првите египетски татковци. Монаштвото е високо ценето во православието и се смета за возвишено суштество. Еве што, меѓу другото, можеме да прочитаме за него во црковно списание: Православните веруваат дека „монашкиот живот како систем се формира спонтано во Црквата, телото на телото и коската на нејзините коски“.
Монашкиот живот официјално се појавува во 4 век, иако неговите корени датираат од апостолската епоха. Опишаниот начин на христијански живот во списите на Новиот Завет е првиот аскетски тип, како по намена, така и по методот. „Бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко“ (Мт 5:48); „Оној што сака татко или мајка, син или ќерка, повеќе од мене, не е достоен за мене“ (Мт 10:37); „Кој сака да ме следи, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и да ме следи“ (Мт 16:24). Самите апостоли ги исполнуваат своите монашки завети со својот живот, иако тие се формулирани како такви многу подоцна. Истото важи и за светиот Претеча на Господ Јован, како и за Пресвета Богородица, која беше и останува највозвишениот пример на покорност и невиност за кој светот знае.
Исто така, дури и за време на Светите апостоли, имало девојки посветени на Бога кои, иако живееле во домот на своите родители, ги претставуваат почетоците на монашкиот живот. (Види I Кор. 7, 36-38).
Македонија е со површина од 25.713 км. квадратни, и водена од 477 км квадрати, со безброј цркви и манастири позната е како Света Земја.
Особено само Охрид именуван како Втор Ерусалим, во кој навремето имало 365 цркви! Секоја населба во Охрид, имала своја црква (дом за молитва). На жалост, изминатиот комунистичко-атеистички систем и на Православието оставил голем неизбришлив белег, рушејќи многу цркви, како во Охрид така и низ цела Македонија.
Битола, покрај античкото име „Хераклеја“ позната по силната вера и густонаселеноста, а и со премногу изградени цркви и манстири, го преименувала своето античко име во Манастир. Но во времето на атеистичкиот систем биле многу срушени.
Покрај многуте активни цркви, ви ги прикажуваме денешните активни Манастири:
СКОПСКА ЕПАРХИЈА
1. Свети Спас, Скопје
2. Свети Димитриј, Маркова Сушица (женски)
3. Свети Пантелемон, с. Горно Нерези,
4. Свети Андреј Првовенчани, Матка
5. Свети Никола Шишевски, Матка
6. Успение на Пресвета Богородица, Матка
7. Свети Никита, с. Бањани, Скопска Црна Гора
8. Свети Спас, с. Кучевиште, Скопска Црна Гора
9. Свети Никола, с. Љубанци, Скопска Црна Гора
10. Свети Илија, с. Чардак, Скопска Црна Гора
11. Свети Ѓорѓи, с. Криви Дол, Скопје
БРЕГАЛНИЧКА ЕПАРХИЈА
1. Свети Архангел Михаил, Свети Гаврил Лесновски, с. Лесново
2. Свети Пантелемон, Кочанско
3. Свети Архангел Михаил, Берово
4. Свети Ѓорѓи Победоносец, Ораовица, Радовишко
5. Света Недела, Штип
6. Света Богородица, Ѓуриште, Свети Николско
7. Свети Илија Пробиштип
8. Свети Спириндон, Злетово
ПОВАРДАРСКА ЕПАРХИЈА
1. Свети Ѓорѓи Победоносец, Кавадаречко
2. Свети Ѓорѓи Победоносец, Неготинско
3. Свети Архангел Михаил, Теово, Велешко
4. Свети Ѓорѓи Победоносец, Валандово
5. Свети Илија, Серменин, Гевгелиско
6. Свети Илија, Давидово, Валандовско
7. Свети Атанасиј, Градец, Валандовско
8. Свети Петар и Павле, с. Грчиште, Гевгелиско
9. Свети Петар и Павле, Паљуеци, Богданци
10. Свети Трифун, Стојаково, Гевгелиско
ДЕБАРСКО – КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА
1. Свети Климент и Пантелемон, Плаошник, Охрид
2. Свети Наум Охридски
3. Свети архиѓакон Стефан, Охрид
4. Свети Јован Богослов, Канео, Охрид
5. Света Богородица Захумска – Заум, Охрид
6. Свети Еразмо Охридски, Охрид
7. Сите Светии и Свети Спас, с. Лешани, Охридско
8. Света Петка, с. Велгошти, Охридско
9. Вознесение Христово – Свети Спас, с. Горно Лакочереј, Охродско
10. Света Богородица, с. Калишта, Струшко
11. Свети Спас, Вевчани, Струшко
12. Свети Јован Крстител, Бигорски, (епископско седиште) еп. Партениј
13. Свети Ѓорѓи Победоносец, с. Рајчица, Дебарско (женски)
14. Света Богородица Пречиста, Кичевско
15. Свети Ѓорѓи, с. Кнежино, Кичевско
16. Успение на Пресвета Богородица, с. Горни Манастирец, Македонски Брод
ПРЕСПАНСКО – ПЕЛАГОНИСКА ЕПАРХИЈА
1. Рождество на Пресвета Богородица, с. Новаци, Битолско
2. Свети Спас, (св. Преображение), Зрзе, (епископско седиште) еп. Климент
3. Свети Ѓорѓи Победоносец, Курбиново, Преспа
4. Рождество на Пресвета Богородица, с. Сливница, Преспа
5. Свети Никола, Варош, Прилепско
6. Успение на Пресвета Богородица, с. Трескавец, Прилепско
7. Свети Јован Крстител, с. Слепче, Демир Хисар
8. Свети Атанасиј, с. Журче, Демир Хисар (женски манастир)
9. Успение на Пресвета Богородица, с. Суви Дол, Демир Хисар
10. Свети Петар и Павле, с. Црнец
СТРУМИЧКА ЕПАРХИЈА
1. Свети Петнаесет Тиверополски свештено-маченици, Струмица
2. Свети Илија, Струмица
3. Пресвета Богородица Елеуса, с. Вељуса, Струмичко
4. Свети Леонтиј, с. Водоча, Струмичко
5. Свети Партениј Зогравски, Стари Дојран (женски)
6. Свети (Лионтие) – Пречиста, с. Водоча, Струмичко
7. Свети 40 маченици, с. Банско, Струмичко
ТЕТОВСКО – ГОСТИВАРСКА ЕПАРХИЈА
1. Свети Атанасиј, с. Лешок
2.
КУМАНОВСКО – ОСОГОВСКА ЕПАРХИЈА
1. Свети Јоаким Осоговски (епископско седиште) еп. Јосиф
2. Свети Ѓорѓи Победоносец, с. Нагоричани, Кумановско
3. Света Богородица, Карпински манастир, с. Сув Ора, Кумановско
АМЕРИКАНСКО КАНАДСКА ЕПАРХИЈА
1.
2.
АВСТРАЛИСКО НОВОЗЕЛАНДСКА ЕПАРХИЈА
1. Свети Климент Охридски, Кинг Лејк, Мелбурн, (Викторија)
2.
АВСТРАЛИСКО – СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА
1. Свети Климент Охридски, Кинг Лејк, Мелбурн, (Викторија)
2.
ЗАПАДНО ЕВРОПСКА ЕПАРХИЈА
1.
2.