




“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
Интервју на Митрополитот Агатангел
Агатангел: Лани не зaтворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, а за другите празници од другите вероисповести беше се слободно
Лани не затворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, а за другите празници од другите вероисповести беше се слободно, истакна вечерва на ТВ Алфа Митрополитот Повардарски Агатангел.
Тој вели дека се надева дека ќе биде добро и дека нема да има последици и здравствени за луѓето кои ќе сакат да ја посетат црквата за време на православните празници и постови.
-Луѓето се исплашени, се трудиме кога ќе дојдат во црква да се носат маски и да се заштитиме, затоа што не сакаме црквата да е причина никој да заболи, тешко е им и на свештениците затоа мислам дека не е помогнато особено не на епархиите од страна на државата, а се трудиме да ги почитуваме мерките, вели Владиката.
Во однос на вакцините Владиката порача дека граѓаните треба да се вакцинираат по сопствено убедување, пожелно е да се вакцинираат сите граѓани, а тоа е одлука која треба сами да ја проценат луѓето.
-Многу семејства останаа без своите блиски и луѓето се навистина исплашени од пандемијата, посочи Агатангел.