“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
МАКЕДОНСКО-РУСКО ЦРКОВНО СОСЛУЖЕНИЕ ЗА СВЕТИ СЕРГИЈ ЧУДОТВОРЕЦ И ИГУМЕН РАДОНЕЖСКИ
8 октомври 2025 година, Москва, Русија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го поздравува сослужението на делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со патријархот и митрополити на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија и со делегации на Српската Православна Црква, Православната Црква на Чешките Земји и Словачка и Православната Црква во Америка.
СМК потсетува дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е одвоена од државата, а црковната дипломатија не е сервис на владините политики.
На 8 октомври годинава, на денот на смртта на Свети Сергиј чудотворец и игумен Радонежски, Неговата Светост г.г. Кирил Патријарх Московски и на цела Русија чиноначалствуваше на Божествена Литургија во Успенскиот собор на Лаврата Света Троица.
Со Патриајрхот Московски и на цела Русија на Божествената Литургија сослужуваа: Митрополитот г. Јувеналиј (Појарков); Митрополитот Воскресенски г. Григориј, администратор на Московската патријаршија и прв викар на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија за Москва; Митрополитот Волоколамски г. Антониј, претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија; Митрополитот Владимирско-Суздалски Никандар, претседател на Финансиско-економската администрација на Московската патријаршија; Митрополитот Липецки и Задонски г. Арсениј; Митрополитот Белгородски и Стари Осколски г. Јован; Митрополитот Иваново-Вознесенски и Вичугански г. Јосиф; Митрополитот Кашираски г. Феогност, претседател на Синодалниот оддел за манастири и монаштво; Митрополитот Нижни Новгородски и Арзамаски г. Георгиј; Митрополитот Лугански и Алчевски г. Пантелејмон; Митрополитот Донецки и Мариуполски г. Владимир; Митрополитот Самарски и Новокујбишевски г. Феодосиј; Митрополитот Краснојарски и Ачински г. Никита; Митрополитот Смоленски и Дорогобужски г. Исидор; Митрополитот Псковски и Порховски г. Матеј; Митрополитот Звенигородски г. Арсениј; Митрополитот Екатеринбургски и Верхотурски г. Евгениј, претседател на Синодалниот оддел за религиозно образование и катехеза; Архиепископот Одинцовски и Красногорски г.г. Тома, раководител на Административниот секретаријат на Московската патријаршија; Архиепископот Зеленоградски г.г. Сава, заменик-администратор на Московската патријаршија и претседател на Синодалниот мисионерски оддел; Епископот Павлово-Посадски г. Силуан, заменик-администратор на Московската патријаршија; Епископот Норилски и Турухански г. Агатангел; Епископот Истраски г. Серафим, претседател на

Синодалниот младински оддел; Епископ Џанкојски и Раздолненски г. Алексиј; Епископот Сергиев-Посадски и Дмитровски г. Кирил; Епископ Нојабрски г. Феодосиј; Епископот Троицкиски и Јужен Уралски г. Павел; Епископот Раменскојски г. Алексиј, личен секретар на Неговата Светост Патријархот Кирил; Епископот Броницки г. Јован; Архимандритот о. Макариј (Веретеников); Протоерејот о. Владимир Диваков; Протоерејот о. Николај Балашов, советник на Патријархот Московски и на цела Русија; ракоположени монаси од Тројната Лаврата на Свети Сергиј; и свештенство од Москва.
На Божествената литургија со Неговата Светост сослужуваа претставници на помесните православни цркви: Епископот г. Стефан од Ремесија, претставник на Патријархот Српски; Архимандритот о. Серафим (Шемјатовски), претставник на Православната Црква на Чешките Земји и Словачка; и Протоерејот о. Даниил Андрејук, претставник на Православната Црква во Америка.
На Неговата Светост во Божествената литургија му помагаа и членовите на делегацијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија: Неговото Високопреосвештенство г. Петар Митрополит Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиско-Новозеландски; Неговото Преосвештенство г. Николај Епископ Велички; и јеромонахот Атанасиј (Арсоски), раководител на Издавачкиот оддел на Скопската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.
Неговата Светост г.г. Кирил разговараше со делегацијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

































































