“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
БЛАГОДАРНОСТ ДО ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ВО АМЕРИКА ЗА КАНОНСКОТО ЕДИНСТВО И ЕВХАРИСТИСКА ЗАЕДНИЦА СО МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
16 јули 2025 година, Феникс, Аризона, САД – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја поздравува одлуката на Светиот синод на Православната црква во Америка од 21 мај 2025 година, објавена од Неговото Блаженство Тихон Архиепископ на Вашингтон и Митрополит на цела Америка и Канада во неговиот извештај од 15 јули 2025 година до 21-от Сеамерикански совет, со кој се признава каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија под нејзиното единствено канонско, историско и генеричко име, а по барање на Неговата Светост Патријархот Српски Порфириј, кој, во официјална кореспонденција со Неговото Блаженство Митрополитот Тихон, побара Православната црква во Америка, во согласност со Томосот доделен од Српската православна црква од 5 јуни 2022 година, да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
СМК го поздравува планираното сослужение меѓу претстојателите на Православната црква во Америка и Македонската православна црква – Охридска археипископија во катедралата “Свети Никола” во Вашингтон, како формално признавање на автокефалноста на Македонската православна црква која според Правосалвната црква во Америка ќе “го заземе своето место покрај Православната црква во Америка како целосно автокефална помесна православна црква!“
Канонското сослужение и евхаристиската заедница со Македонската православна црква – Охридска архиепископија под нејзиното историско и генеричко име веќе го сторија Српската Православна Црква, Руската Православна Црква, Романската Православна Црква, Полската Православна Црква и Православната Црква на Чешките земји и Словачка.
































































