“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
На Павловден, 13 јули, на покана на епископот Новограчанички-среднозападноамерикански, г. Лонгин, од СПЦ,
На Павловден, 13 јули, на покана на епископот Новограчанички-среднозападноамерикански, г. Лонгин, од СПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба на Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, протоереј-ставрофор Синиша Ристовски, свештениците Георгиј Глигоров, Александар Митров, Даниел Јовановски и протоѓаконот Александар Димитријов, беше во посета на манастирот Нова Грачаница, близу Чикаго. Архиепископот и Митрополитот беа пречекани свечено од страна на епископот Лонгин, игуменот Сергиј со братството, како и децата кои во моментов беа дел од црковниот камп што се одржува секоја година.
Манастирот Нова Грачаница, посветен на Покровот на Мајката Божја, е изграден и осветен во 1984 година и претставува малку поголема копија на стариот косовски манастир Грачаница, изграден во 1321 година од страна на кралот Милутин. Освен прекрасната црква, на големата манастирска површина се наоѓаат гробишта, конаци за монасите, административна зграда и голема библиотека.
Потоа беше посетен и манастирот,,Св. Сава” во Либертивил, којшто се наоѓа недалеку. Таму почиваат моштите на првиот епископ на српската православна епархија во Америка, св. Мардариј Либертивилски, којшто и го основал овој манастир во 1923 година. Во манастирот, покрај Богословското училиште, се наоѓаат и гробишта, каде што се погребани владици, свештеници, поети, генерали и видни српски личности. Таму се наоѓа гробот на св. Николај Велимировиќ каде што првично бил погребан.
На крајот, Архиепископот и Митрополитот со придружбата беа примени во резиденцијата на епископот Лонгин којашто се наоѓа во Либертивил.
On Pavlovden, July 13, at the invitation of the Bishop of Novogracanica-Midwestern America, Mr. Longin, from the Serbian Orthodox Church, the Archbishop of Ohrid and Macedonia, Mr. Stefan, accompanied by the American-Canadian Metropolitan Mr. Metodi, protopresbyter Sinisa Ristovski, priests Georgij Gligorov, Aleksandar Mitrov, Daniel Jovanovski and protodeacon Aleksandar Dimitrijov, visited the Nova Grachanica monastery, near Chicago. The Archbishop and the Metropolitan were received solemnly by Bishop Longin, Abbot Sergije with the brotherhood, as well as the children who were currently part of the church camp held there every year.
The Nova Gracanica Monastery, dedicated to the Protection of the Mother of God, was built and consecrated in 1984 and is a slightly larger copy of the old Kosovo Gračanica Monastery, built in 1321 by King Milutin. Apart from the beautiful church, on the large monastery area there is a cemetery, lodgings for the monks, an administrative building and a large library.
Then the monastery “St. Sava” in Libertyville wa visited, which is located not far away. The relics of the first bishop of the Serbian Orthodox Diocese in America, St. Mardarius of Libertyville, who founded this monastery in 1923, rest there. In addition to the Theological School, the monastery also has a cemetery where bishops, priests, poets, generals and prominent Serbian personalities are buried.The grave of St. Nikolaj Velimirović is located there where he was originally buried.
Finally, the Archbishop and Metropolitan with the entourage were received at the residence of Bishop Longin located in Libertyville.