“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
Втор ден Духовден
Храм „Света Софија (Премудрост Божја”)
Заедничко богослужение на Поглаварите на МПЦ-ОА Јустинијана Прима и СПЦ Архиепископ Охридски и Македонски Г-дин Г-дин Стефан и
Српскиот Патријарх Г-дин Г-дин Порфириј.
Одбележана една година од воспоставување на единството помеѓу двете Цркви, т.е., од доделувањето Томос од СПЦ за МПЦ.
И враќање на одметнатата ПОА во Мајката Црква – МПЦ-ОА ЈП.
Многу, премногу свечен, возвишен момент. На Поглаварот на Српската православна црква г-дин, г-дин Порфириј, како на најзаслужен за ваквата духовна, возвишена радост, му беше врачена највисоката награда што може да ја издаде Црквата Македонска – ,,Свети Климент од Прв ред”. По тој повод беа изречени
говори на радост и веселие на двајцата Поглавари!
Нашата многувековна Црква – Охридската Архиепископија, денес со радост и веселие се именува: МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА, и е рамо до
рамо со сите Православни цркви во сиот свет.
Слава Ти, Господи, за оваа необична и несекојдневна радост!