“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
Црквата со јасна порака: Историската комисија да ги тргне рацете од Македонската Православна Црква Охридската Архиепископија
МАКЕДОНИЈА 26.11.2022
Црковните прашања не смеат да бидат тема на дискусија на мешовитата Македонско-бугарска историска комисија. Охридската Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, порача претседателот на комисијата за односи меѓу верските заедници Даријан Сотировски. Тој во изјава за „Сител“ порача дека сите прашања поврзани со црквата не смеат да бидат тема на дискусија на оваа мешовита комисија и им порача на македонските историчари да бидат многу внимателни и одговорни доколку вакво нешто се бара од нив.
Oхридската архиепископија и како историска категорија и денес како Македонска црковна реалност посебно е целосно заокружена, чиста и јасна и не гледам причина зошто тука треба да се отвораат проблеми, вели тој.
Црквата има свои правила и догми кои ги почитува целиот православен свет и државата ќе биде одговорна доколку не го отфрли обидот да се отвори било какво прашање за црквата. Владиката Петар потенцира, фактот дека Охридската архиепископија никогаш не била бугарска го признаваат и пишуваат најреноминираните професори од Бугарија за историски и црковни прашања.
Историската комисија нема право на тоа, таа треба категорички да отфрли секаков обид да се отпочнат било какви разговори за Охридската архиепископија, дури не требаше да водат разговори ни за Светите Кирил и Методиј, ни за Свети Климент, Свети Наум…Ако тоа се случи тогаш одговорноста и срамот за такво нешто ќе падне врз тие личности, комисии, кои биле соработници со нашите непријатели околу идентитетот и национален и црковен, вели владиката Петар.
Дека историчарите не смееле да дозволат да се разговара ниту за Св. Просветители Кирил и Методиј сметаат и аналитичарите. Атанасовски е скептичен дека се можни компромисни решенија бидејќи кај бугарската страна не гледа волја кај политичка и научноопштествена јавност. Прашање е кога повторно ќе го искористат правото на вето.
ДС: Да се преговара за тоа дали Охридската архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство
МАКЕДОНИЈА28.11.2022 / 12:00
Демократскиот сојуз смета дека Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна да разговара и преговара за историските аспекти на Охридската архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование.
Охридската архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство. Евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот, тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ. ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од Македонскиот дел), да биде разрешена и изберат во истата историчари, резистентни на политичко влијание, велат од партијата на Павле Трајанов.
Она што црквата го избори во православниот свет, СДСМ и ДУИ сакаат да го избришат преговарајќи за Охридската архиепископија
МАКЕДОНИЈА27.11.2022 / 21:02
ВМРО-ДПМНЕ бара избори поради националното понижување кое што се случува секој ден, вели Николоски, осврнувајќи на последниот случај од пред неколку дена на мешовитата Комисија во однос на Македонската православна црква, сега веќе доби Автокефален статус, односно тоа што е постигнато во црковната борба политичарите на СДСМ и ДУИ сакаат да го избришат
„Нема ден да нема национално понижување. Имавте за Македонската православна црква. Значи видете во каков парадокс е сега Македонија, конечно Македонската Православна Црква успеа да добие признание или Автокефалност од најбитните цркви во Православието. И од Вселенската патријаршија и од неколку помесни цркви, приклучувајќи ја и руската, и српската кои што долги години, особено српската правеше проблеми. Во такви услови кога православниот свет почнува да ја признава МПЦ како автокефална црква, историчари седнуваат на маса и велат, а не Охридската Архиепископија не е македонска Архиепископија. Имајќи предвид дека Охридската Архиепископија е дел од името на МПЦ, има јасен континуитет. Ако нешто има добра документација, тоа се средновековните цркви, затоа што тоа биле главни институции во средниот век и многу јасно се знае движењето на Охридската Архиепископија, која што е засебна црква и ако сакате од неа, на еден неканонски начин се одделува Трновската Патријаршија од која што веќе потоа се раѓа и Бугарската Православна Црква. Така што, она што го доби црквата во црковна битка, сега политичарите, пред се тука мислам на СДСМ и ДУИ, сакаат да го избришат“, истакна Николоски.