




“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
Македонски јазик ѕвонеше во Витлеемската пештера!
Според присутните свештени лица, за првпат на литургија сослужуваше и наш македонски свештеник од Македонската православна црква ОА и за првпат верниците примија Света причест од македонски свештеник во Витлеем. Во литургијата сослужуваше отец Синиша Ристовски. Македонските верници со восхит и благост во душата за весникот ВЕЧЕР раскажуваат за радоста да присуствуваат на ваква литургија на мајчин, македонски јазик, во светиот храм и да ги причести македонски свештеник во Витлеемската пештера.
Литургија на македонски јазик се служеше во најстарата црква на светот, Рождество на Исус Христос во Витлеем изминатиот викенд, спроти верскиот празник Прочка. Според присутните свештени лица, за првпат на литургија сослужуваше и наш македонски свештеник од Македонската православна црква ОА и за првпат верниците примија Света Причест од македонски свештеник во Витлеем. Литургијата беше отслужена на повеќе јазици, меѓу кои и на македонски. На чинот присуствуваа верници од целиот свет, а беа кажани и молитви на македонски јазик, свештениците се помолија за својот народ на свој мајчин јазик. Во литургијата сослужуваше отец Синиша Ристовски.
-Свештеник на американско-канадската Македонска православна епархија сослужуваше Света литургија во храмот Рождество на нашиот Спасител Господ Исус Христос во Градот Витлеем. Со благослов на надлежниот митрополит американско-канадски на Македонска православна епархија г. Методиј, како и одобрување од Светата Ерусалимска патријаршија и надлежниот епархиски архиереј витлеемски г. Бенедикт, беше отслужена Света божествена литургија во храмот на Рождеството Христово во градот Витлеем во која сослужуваше архиерејскиот заменик на Американско-канадската Македонска православна епархија протоереј ставрофор, Синиша Ристовски, заедно со други православни свештеници од Палестина, Грција, Молдавија, Полска, и Украина, појаснуваат свештениците во изјава за весникот ВЕЧЕР.
Отец Синиша Ристовски, кој сослужуваше во литургијата, ја сподели радоста од овој чин.
ОГРОМНА БЕШЕ РАДОСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОКЛОНИЦИ ОД ДЕТРОИТ ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА ДА МОЖАТ ЕВХАРИСТИЧКИ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО БОГОСЛУЖБАТА ВО ПЕШТЕРАТА КАДЕ ШТО СЕ РОДИЛ НАШИОТ СПАСИТЕЛ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, ДА СЕ ПРИЧЕСТАТ И ЗА ПРВПАТ ДА СЛУШНАТ МОЛИТВИ И ПРОЗБИ НА НАШ МАЈЧИН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ВИТЛЕЕМСКАТА ПЕШТЕРА КАДЕ БОГОРОДИЦА, МАЈКАТА НА НАШИОТ БОГ И СПАСИТЕЛ ГО РОДИ ХРИСТА. БОГОМЛАДЕНЕЦОТ ЈА ПРЕУМНОЖИ БЛАГОДАТТА ВО СРЦАТА НА НАШИТЕ ПОКЛОНИЦИ ВСЕЛУВАЈЌИ СЕ ВО НИВНИТЕ ДУШИ КОИ ДОЈДОА ДА МУ СЕ ПОКЛОНАТ И ДА МУ ПОСЛУЖАТ, ИЗЈАВИ ЗА ВЕСНИКОТ ВЕЧЕР, ОТЕЦ СИНИША РИСТОВСКИ.
Македонските верници со восхит и благост во душата за весникот ВЕЧЕР раскажуваат за радоста да присуствуваат на ваква литургија на мајчин македонски јазик во светиот храм и да ги причести македонски свештеник во Витлеемската пештера.
СЛАВА МУ НА БОГА ШТО НИ ГО ОТВОРИ ПАТОТ ДА МОЖЕМЕ ДА ГИ ПОСЕТИМЕ СВЕТИЛИШТАТА ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА КОИ ИНСПИРИРААТ И БУДАТ ДЛАБОКИ МОЛИТВЕНИ ЕМОЦИИ, А ОСОБЕНА РАДОСТ БЕШЕ ШТО НЕ УДОСТОИ ДА СЕ ПРИЧЕСТИМЕ СО СВЕТИТЕ ТАЈНИ ВО ХРАМОТ НА НЕГОВОТО РОЖДЕСТВО, ВЕЛАТ ВО ИЗЈАВА ЗА ВЕСНИКОТ ВЕЧЕР, БИЛЈАНА ПЕЦОВ И СЛАВИЦА ШЕКРЕСКИ, ВЕРНИЧКИ КОИ ПРИСУСТВУВАА НА ЧИНОТ ВО ВИТЛЕЕМСКАТА ПЕШТЕРА.
Деспина Ѓоргевски им посакува на сите верници, кои не ја посетиле Светата Земја, во блиска иднина да го направат тоа и да почувствуваат како е да се оди по стапките на Исус Христос.
Како долгогодишен верник на Македонската православна црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ од Детроит и како аџика која ја посетила Светата Земја Израел неколку пати, овој денешен чин во најстарата црква во светот која што се наоѓа во Витлеем беше едно големо задоволство со кое што го надградивме нашето верничко искуство и патешествие. Литургијата беше отслужена на неколку јазици како што е обичај во Светата земја. За прв пат дел од молитвите беа прочитани и на наш македонски јазик. За првпат во пештерата, во која е роден Исус Христос, одѕвони нашиот македонски јазик. Исто така, имавме чест и задоволство првпат да ја примаме Светата причест со сета наша душа и тело од нашиот свештеник отец Синиша Ристовски. После овој свечен чин ги отворивме портите за нашите следбеници и идни генерации да продолжат да служат Света литургија на македонски јазик, заедно и рамноправно со другите наши христијански браќа. На многумина од нас конечно ни се исполни една од најголемите животни желби, да ја посетиме Светата земја и да го допреме местото коешто сведочи за историјата и религијата за последните повеќе од 2000 години, вели верничката Деспина Ѓоргиевски, во изјава за весникот ВЕЧЕР.
После овој свечен чин ги отворивме портите за нашите следбеници и идни генерации да продолжат да служат Света литургија на македонски јазик, заедно и рамноправно со другите наши христијански браќа, вели верничката Деспина Ѓоргиевски, во изјава за весникот ВЕЧЕР.
За да влезете во црквата која го означува местото на Христовото раѓање мора да се наведнете. Единствената врата во предниот ѕид, налик на тврдина е висока само 1,2 метри, поради што христијанските верници ниско се поклонуваат пред да влезат во местото каде што Бог се смирил да стане човек.
Сребрена ѕвезда со 14 краци, вградена во мермерниот под, го означува традиционалното место на раѓањето на Исус во Витлеемската црква на Рождество Христово. Денешната базилика, најстарата црква во христијанскиот свет, била изградена од императорот Јустинијан во 6 век. Црквата е главна централната карактеристика на градот и е опкружена со други важни места поврзани со Рождеството Христово. (В.С.Н.)